Стакло или џам — хомоген, аморфен и цврст материјал, што обично се произведува кога соодветно вискозен стопен материјал се лади многу брзо, така што не се дава доволно време за да се формира нормална кристална структура. Едноставен пример е кога шеќерот се топи и брзо се лади преку контакт со студена површина. Поимот стакло во секојдневна употреба се однесува на специфичен тип на стакло, засновано на силициум диоксид и се користи како материјал за различни објекти, контејнери и декорации.

Римска стаклена чаша

Стаклото како тема во уметноста и во популарната култура

уреди
  • „Срце од стакло“ (англиски: Heart of glass) — песна на американската рок-група Блонди од 1978 година.[1]
  • „Кршење стакло“ (Breaking Glass) — песна на британскиот рок-музичар Дејвид Боуви од 1977 година.[2]
  • „Стакло“ (англиски: англиски: Glass) — песна на британската рок-група Gang Of Four од 1979 година.[3]
  • „Во стаклена куќа“ (англиски: In A Glass House) — песна од истоимениот музички албум на британската рок-група Gentle Giant од 1973 година.[4]
  • „Музеј на стаклото“ (англиски: Glass Museum) — песна на американската рок-група Tortoise од 1996 година.[5]

Наводи

уреди