Заедница на независни држави

Заедницата на независни држави (ЗНД) (руски: Содружество Независимых Государств — СНГ) е меѓународна организација, или алијанса, која се состои од 11 поранешни советски републики: Ерменија, Азербејџан, Белорусија, Грузија, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Русија, Таџикистан и Узбекистан. Туркменистан го прекинал трајното членство од 26 август 2005 и сега е земја соработничка.

Заедница на независни држави (ЗНД)
Содружество Независимых Государств (СНГ)
Sodruzhestvo Nezavisimykh Gosudarstv (SNG)
Знаме Emblem
Админ. центарМинск
Најголем град Москва
Работен јазик руски
Членство
Лидери
 •  Извршен секретар Русија Сергеј Лебедев
Основана 21 декември 1991
Површина
 •  Вкупна 22.100.843 км2 
Население
 •  проценка за 2008 г. 276,917,629 
 •  Густина 12.53 жит/км2 
БДП (ПКМ) проценка за 2007 г.
 •  Вкупен $2,906.944 милијарди 
 •  По жител $10,498 
БДП (номинален) проценка за 2007 г.
 •  Вкупно $1,691.861 милијарди 
 •  По жител $6,110 
Часовен појас (UTC+2 to +12)
Страница
http://www.cis.minsk.by/
Средба на водачите на ЗНД во Бишкек во 2008 година

Создавањето на ЗНД било сигнал за распадот на Советскиот Сојуз и, според водачите на Русија, неговата намера била да „овозможи цивилизиран развод“ на советските републики. Но, многу набљудувачи го гледаат ЗНД како алатка со која Русија би можела да го задржи своето влијание врз пост-советските држави. Од неговото формирање, земјите членки на ЗНД потпишале голем број на документи поврзани со интеграција и соработка во полињата на економијата, одбраната и надворешната политика.

ЗНД не е конфедерација.

Две од пост-советските држави во 1997 го формирале сојузот на Русија и Белорусија, сега конфедерален, со намера да стане федерален (како СССР) во некое идно време.

Членки

уреди

Наводи

уреди