Глаголското писмо или глаголица (старословенски: , ⰽⱛⱃⰻⰾⰾⱁⰲⰻⱌⰰ) — најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827 — 869) и Св. Методиј (826 — 885) во 855 или околу 862/863 за преведување на Библијата и други книги на словенски јазик. Името доаѓа од старословенскиот збор , што значи „зборува“, „кажува“, „говори“, „вели“, „изрекува“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“ за оваа азбука.

Глаголица

ⰽⱛⱃⰻⰾⰾⱁⰲⰻⱌⰰ
Тип
ТворецСвети Кирил и Методиј
Период
862/863 до средниот век
Правец на пишувањеод лево кон десно Уреди на Википодатоците
Јазицистарословенски
Сродни писма
ISO 15924
ISO 15924Glag, 225 Уреди на Википодатоците, ​Glagolitic
Уникод
Уникоден назив
Glagolitic
 Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА).


Букви

уреди

Глаголицата има 38 букви, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во повеќето словенски јазици. Другите букви се со непознато потекло. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.

Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.

Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.

Историја

уреди

Глаголицата е првото словенско писмо составено од Св. Константин — Кирил Филозоф пред заминувањето на познатата Моравска мисија во 863 година.[1] Писмото е составено врз основа на гласовниот систем на македонскиот дијалектен говор од Солунскиот крај, врз чијашто основа Светите Кирил и Методиј формирале општословенски книжевен јазик.[1] Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните франкиски свештеници и затоа, во 862 побарал од византискиот цар да му прати дваjца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).

 
Зографско евангелие (крај на X/почеток на XI век)

Во 886, источнофранкискиот епископ на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот Борис I да ги образуваат свештениците на словенски јазик. По прифаќањето на христијанството во Бугарија во 864, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмо и и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Оттаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.

Некои од студентите на Охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10 и 11 век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.

При крајот на 9 век, во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа е создадена кирилицата од страна на Константин Брегалнички-Преславски. Мора да се потенцира дека кирилицата не е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.

Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.

Името „глаголица“ на чешки е hlaholice, на словачки hlaholika, на полски głagolica, на руски, македонски и бугарски глаголица, на хрватски glagoljica, на украински глаголиця, на белоруски глаголіца, на словенечки glagolica, на српски глагољица/glagoljica итн.

Особености

уреди
 
Зборот „Македонија“ на глаголица и старословенски, заоблена форма.

Азбуката има две варијанти: заоблена и аглеста. Кај заоблената варијанта доминираат кругови и криви линии, додека во аглестата прави агли и трапезоиди. Видете го приказот на двете варијанти или на следната врска за подетално. Кај аглестата варијанта се користат лигатури многу пообилно отколку кај кирилицата и латиницата.

Уникод Заоблена Аглеста Кирилица Изговор Назив Значење Потекло
    А /ɑ/ Аз јас Феникиската буква алеф 𐤀 или крст[2]
    Б /b/ Буки букви Непознато,[2] можно од хебрејската буква бет בּ[3] или арамејската bīt ܒ[4]
    В /ʋ/ Веди знам Можно од латинската буква V[2] или превртена буква добро [5]
    Г, Ґ /ɡ/ Глаголи говори Можно од грчката буква гама  [2]
    Д /d/ Добро добро Грчката буква делта Δ[2]
    Є, Е, Э, Ё /ɛ/ Ест е Можно од самаритската буква хе или грчката сампи ϡ[2]
    Ж /ʒ/ Живете живејте Непознато,[2] можно од коптската буква џанџа ϫ или астролошкиот симбол за риби ♓︎
    Ѕ /d͡z/ Ѕело многу Непознато,[2] можно од ерменската буква за Ձ[6]
    З /z/ Землја земја Можно е варијанта на грчката буква тета θ[2]
Ⰹ, Ⰺ  ,     Ι, Ї /i/, /j/ Иже којшто Можно од грчката буква ипсилон Y[7] или јота со диереза ϊ[2]
    И /i/, /j/ И и Можно од симболот за риба[7]
    , Ћ, Ђ /d͡ʑ/ Ѓерв дрво Непознато[2]
    К /k/ Како како Хебрејската буква коф ק[2]
  ,     Л, Љ /l/, /ʎ/ Људие луѓе Можно од грчката буква ламбда λ[2]
    М /m/ Мислите мислите Грчката буква му μ.[2] Кај аглестата варијанта била заменета со слична на латинична/кирилична форма, делумно поради нејзината комплексност[8]
  ,    Н, Њ /n/, /ɲ/ Наш наш Непознато[2]
    О /ɔ/ Он тој/оној Непознато[2]
    П /p/ Покои покој/спокој/спокојство/мир Можно од постарата варијанта на грчката буква пи  [2]
    Р /r/ Р'ци Речи!/ Кажи! Можно од грчката буква ро ρ[2]
    С /s/ Слово збор/слово
    Т /t/ Тврдо тврдо/цврсто Можно од грчката буква тау τ[2]
    У /u/ Ук ук/учен/просветен Лигатура на он и ижица [2]
    Ф /f/ Фрт Варијанта на грчката буква фи φ[2]
    Х /x/ Хер Непознато, слична на глаголи и латинската буква h[2]
    Ѡ /ɔ/ От од Лигатура на он и превртено он[2]
    Щ /tʲ/, /ʃ͡t/ Шта Лигатура на ша над тврдо [2]
    Ц /t͡s/ Ци Хебрејската буква цаде на крајот од зборотץ[2]
    Ч, Џ /t͡ʃ/ Чрв црв Непознато, слична на шта ;[2] можно од хебејската буква цаде која не е на крајот од зборот צ
    Ш /ʃ/ Ша тишина Хебрејската буква шин ש[2]
 ,     Ъ /ɯ/ Ер (голем) Можно е модификација на он [2]
ⰟⰊ   Ы /ɨ/ Ери Лигатура; диграф на ер () или ери (), со иже (Ⰹ, Ⰺ) или и (Ⰻ).[2]
 ,     Ь /ə/ Ер (мал) Можно е модификација на он [2]
    Ѣ, Я /æ/, /jɑ/ Јат Можно од епиграфската форма на грчката буква алфа Α[2]
  Ё /jo/ Непознато:[2] хипотетичка буква, не е сигурно дали постоела како посебна
  Ю /ju/ Ју Непознато[2]
  Ѧ /ɛ̃/ [Мал јус] Грчката буква епсилон ε, која исто така се користи за означување на назалност[2]
  Ѩ /jɛ̃/ [Мал јотиран јус] Лигатура на ест и мал јус за назалност[2]
  Ѫ /ɔ̃/ [Голем јус] Лигатура на он и мал јус за назалност[2]
  Ѭ /jɔ̃/ [Голем јотиран јус] Лигатура на непозната буква и мал јус за назалност[2]
  Ѳ /θ/ [Тита] Грчката буква тета θ[2]
  Ѵ /ʏ/, /i/ Ижица

Уникод

уреди

Глаголицата е додадена во Уникод-от во верзијата 4 јануари Кодпоинт-опсегот е U+2C00 – U+2C5E. Поврзано:

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Поп-Атанасов, Ѓорѓи (2015). Македонската Глаголица. Скопје: МАНУ. стр. 3–7.
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 2,11 2,12 2,13 2,14 2,15 2,16 2,17 2,18 2,19 2,20 2,21 2,22 2,23 2,24 2,25 2,26 2,27 2,28 2,29 2,30 2,31 2,32 2,33 2,34 2,35 2,36 2,37 Schenker, Alexander M. (1995). „Early Writing“. The dawn of Slavic: an introduction to Slavic philology. New Haven and London: Yale University Press. стр. 168–172. ISBN 978-0-300-05846-8.
  3. ILIEVSKI, PETAR HR. (2002). „GLAGOLICA: An Iconic Script for Visual Evangelic Preaching“. Illinois Classical Studies. 27/28: 153–164. ISSN 0363-1923. JSTOR 23065457.
  4. Jung, Hakyung. „On the Origin of the Glagolitic Alphabet“. Scripta (англиски). 5: 105–130.
  5. Uspenskij, Boris (2013). „Glagolitic Script as a Manifestation of Sacred Knowledge“ (англиски): 7–27, 358. ProQuest 1550519312. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Wiener slawistischer Almanach“. periodika.digitale-sammlungen.de. Посетено на 2020-08-26.
  7. 7,0 7,1 Kuznetsov, Anatoly Mikhailovich (2012). "Бывают странные сближенья…": греческий юпсилон и глаголица“. Slavistica Vilnensis (руски). 57: 7–14. ISSN 2351-6895.
  8. Čunčić, Marica (1999). „Duktus tipaua glagoljskoga pisma“ [Ductus of the types of Glagolitic script]. Filologija (хрватски). Zagreb: Staroslavenski institut (32): 33.

Користена литература

уреди
  • Fucic, Branko: Glagoljski natpisi. (In: Djela Jugoslavenske Akademije Znanosti i Umjetnosti, knjiga 57.) Zagreb, 1982. 420 p.
  • Fullerton, Sharon Golke: Paleographic Methods Used in Dating Cyrillic and Glagolitic Slavic Manuscripts. (In: Slavic Papers No јануари ) Ohio, 1975. 93 p.
  • Gosev, Ivan: Rilszki glagolicseszki lisztove. Szofia, 1956. 130 p.
  • Jachnow, Helmut: Eine neue Hypothese zur Provenienz der glagolitischen Schrift - Überlegungen zum 1100. Todesjahr des Methodios von Saloniki. In: R. RathMayr (Hrsg.): Slavistische Linguistik 1985, München 1986, 69-93.
  • Jagic, Vatroslav: Glagolitica. Würdigung neuentdeckter Fragmente, Wien, 1890.
  • Kiparsky, Valentin: Tschernochvostoffs Theorie über den Ursprung des glagolitischen Alphabets In: M. Hellmann u.a. (Hrsg.): Cyrillo-Methodiana. Zur Frühgeschichte des Christentums bei den Slaven, Köln 1964, 393-400.
  • Miklas, Heinz (Hrsg.): Glagolitica: zum Ursprung der slavischen Schriftkultur, Wien, 2000.
  • Steller, Lea-Katharina: A glagolita írás In: B.Virághalmy, Lea: Paleográfiai kalandozások. Szentendre, 1995. ISBN 963-450-922-3
  • Vais, Joseph: Abecedarivm Palaeoslovenicvm in usum glagolitarum. Veglae, [Krk], 1917. XXXVI, 74 p.
  • Vajs, Josef: Rukovet hlaholske paleografie. Uvedení do knizního písma hlaholskeho. V Praze, 1932. 178 p, LIV. tab.

Поврзано

уреди