Мекиот знак, мал ер или Ь (кирилица: ь; глаголица: ) — симбол на кирилицата. Во старословенскиот јазик го претставувал краткиот глас [i], но во денешните словенски јазици не претставува посебен глас, туку само се користи за омекнување на претходната согласка или останало во употреба како традиционално пишување. Знакот се користи во бугарскиот, рускиот, белорускиот, украинскиот и во сите останати јазици што користат кирилица со исклучок на македонскиот и српскиот јазик.

Кирилична буква Ь
Кирилица
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ Ђ
Е Ѐ Ё Є Ж З Ѕ И
Ѝ І Ї Й Ј К Л Љ
М Н Њ О П Р С Т
Ќ Ћ У Ў Ф Х Ц Ч
Џ Ш Щ Ъ Ы Ь Э Ю
Я
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ Ӻ
Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ Җ Ӝ
Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ Ԇ Ӣ Ҋ
Ӥ Қ Ӄ Ҡ Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ
Ӆ Ԓ Ԡ Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң
Ӈ Ҥ Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ
Ԥ Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ Ӿ
Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ Ҹ
Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ Ԙ Ԝ Ӏ
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ Ѥ
Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ Ѳ Ѵ
Ѷ

Од самите почетоци на формирањето на македонската азбука, а тоа е од времето на Крсте Петков Мисирков, оваа буква не се сметала како дел на македонскиот фонетски систем. При транскрипција, буквата се пишува како апостроф или најчесто се изостава.

Малиот ер во старословенскиот јазик уреди

Во периодот на доселувањето на Словените редуцираните вокали се чувале во сите позиции, со тоа што во изговорот на ь се чувствувала нијанса на и.[1] Кон таков заклучок водат податоците од најстариот слој на словенски топоними во Грција; Γαρδίκι (градьць), Σκλιβινιτσα (сливьница). Албанската варијанта на имета на градот Дебар (Dibra од дьбрь) исто така сведочи дека ь за несловенското население звучело како глас близок до и, штом тоа го заменувало на таков начин.[1]

Меѓутоа, веќе при крајот на 10 век, откога потекнуваат најстарите зачувани словенски текстови, таа состојба била изменета. Во тие текстови e одразено губењето на еровите во т.н. слаба позиција и нивното заменување со полни вокали во т.н. силна позиција, т.е. ь преминал во е. Во македонските ракописи од 13 и 14 век ерот се губи во сите категории: во префиксите, суфиксите, коренот на зборот, во заменките вьсь и вьсѣкъ и на крајот од зборот.[2]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Конески, Блаже (1986). Историја на македонскиот јазик. Култура. стр. 35–36.
  2. Десподова, Вангелија (1981). „Јазичните особености на спомениците за речникот на македонските црковнословенски ракописи“. Slovo (31): 85.