Крст
Крст — геометриска фигура што се состои од две отсечки под прав агол (90°). Крстот е еден од најдревните симболи на човештвото, користен од мноштво религии, но најмногу од христијанството. Според христијанството, вертикалната линија го симболизира божеството, а хоризонталната човештвото. Крстот е директно поврзан и со мачењето и распнувањето на Исус Христос. Распнувањето на крст било средство за казнување и измачување во древниот Рим. И покрај тоа што тогаш крстот бил симбол на смртта, во христијанството го претставува симболот на животот.
Крстот како тема во уметноста и во популарната култура
уреди- „Посветеност на Крстот“ (La devocion de la Cruz) - драма на шпанскиот писател Педро Калдерон де ла Барка од 1625 година.[1]
- „Крст“ - кус расказ на македонскиот писател Пандалф Вулкански.[2]
- „Синиот крст“ (полски: Błękitny krzyż) — полски филм од 1955 година, во режија на Анджеј Мунк (Andrzej Munk).[3]
- „Крст“ (англиски: The Cross) — песна на американскиот поп-музичар Принс (Prince) од 1987 година.[4]
- „Бел крст“ (англиски: White Cross) — песна на американската рок-група Соник Јут (Sonic Youth) од 1987 година.[5]
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Nikola Milićević, „Između sna i jave“, во: Pedro Kalderon de la Barka, Život je san. Beograd: Rad, 1977, стр. 121.
- ↑ Летаат приказни. Скопје: Темплум, 2019, стр. 16-17.
- ↑ IMDb, Blekitny krzyz (1955) Awards (пристапено на 14.4.2019)
- ↑ Prince – Sign "O" The Times (пристапено на 3.10.2023)
- ↑ Discogs, The Sonic-Youth – Sister (пристапено на 18.7.2019)
Оваа статија за христијанството е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |