Риби (хороскопски знак)
Риби (латински: Pisces, грчки: Ιχθύες) - хороскопски знак кого го носат оние коишто се родени помеѓу 19 февруари и 20 март. Со овој знак владеат планетите Нептун и Јупитер. Симболот претставува две риби кои пливаат во спротивен правец.
На пат низ зодијакот
уредиНа последниот степен од патувањето, човекот е подготвен да се растопи со вселената. Се појавува надеж за милост. Со спојување на негативна променлива вода, рибите се најспособни за впечатоци, и се едни од најтешките за определување. Владетелот Нептун им дава моќна вообразба.
Мотивација
уредиРибите ги чувствуваат туѓите радости и таги како свои. Она што водолиите го проповедаат, рибите го спроведуваат. Често се привлечени од мистичното, а бидејќи се со променливо расположение, лесно можат да станат плен на измама. Омилена боја им е зелената, а честопати и морско сината бидејќи тие се риби во хороскоп ги привлекува бојата на водата. Тие многу ги сакаат песните, веселбите т.е. музиката. Полни се со добрина, благородност и преданост. Некои од нивните пријатели ги искористуваат затоа тие многу патат, но тоа тие не го заслужуваат. Ги сметаат и за скржавци поради нивната педантност, но тие не се скржавци.
Во работа и интереси
уредиРибите работат најдобро кога работат со емоции, или кога се грижат за другите. Затоа често ги наоѓаме во добротворни институции или места кои пружаат лекување и помош. Не се добри организатори, и не сакаат рутински обврски. Ги има меѓу свештениците, спиритуалистите, трговците со чевли и производи поврзани со вода, во компании за наркотици. Родени глумци се, и природно надарени танчари. Многумина од нив имаат посебна дарба. Рибите исто така имаат долга и голема меморија која им служи многу во нивната работа. И најмалата грешка во нивната работа ги мачи, но такви се по природа. Работата нив ги исполнува и најмногу посветуваат време на неа, но и на семејството. Многу се тивки и скромни, но понекогаш се борат за тоа што сакаат и да се борат за хуманоста, слободата и правдата. Исто и некои нивни емоции ги искажуваат јавно. Рибите ја сакаат науката, астрономијата, физиката, географијата, спортот, уметноста итн.
Во односи
уредиРибите лесно создаваат пријателства без дискриминации. Сакаат да им бидат сè на сите луѓе, секогаш се љубезни, знаат да простуваат и да се приспособат на туѓите потреби. Во љубовта, партнерот го гледаат низ „розови очила“, па затоа ги следат разочарувања. Им треба стабилен партнер кој може да им биде котва и кој може да излезе на крај со нивното променливо расположение или прекумерните реакции.
Домашен живот
уредиДомот на Рибите може да биде скромен, но вратата обично не е заклучена, па пријателите може да влезат во кое било време. Може и да се послужите сами, ако дома нема никој. Бањата и кујната се секогаш преполни со алишта и садови, а ситните предмети се расфрлени насекаде. Рибите родители се другари во игрите на своите деца, и секогаш наоѓаат време за нив.
Зборови кои ги опишуваат Рибите
уредиВажи за двата рода: променливи, емотивни, гостољубиви, дружељубиви, пожртвувани, идеалистични. Понекогаш: хаотични, лажливи, зависни, лесноверни, неуредни, со две лица, плачливи, нестабилни.
Користена литература
уреди- Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
- Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
- Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.