Мала носовка (старосл. юсъ малъıи, кирилица: Ѧ, ѧ, глаголица: ) и Голема носовка (стсл. юсъ большии, кирилица: Ѫ, ѫ, глаголица: ) — букви кои означуваат две општословенски носни самогласки, во прасловенскиот и старословенскиот јазик. Секоја од нив се наоѓа и во јотуван облик (кирилица: ѩ и ѭ; глаголица: и ), како лигатура со буквата I.

Кирилични букви Јус



Кирилица
Словенски букви
А Б В Г Ґ Д Ѓ Ђ
Е Ѐ Ё Є Ж З Ѕ И
Ѝ І Ї Й Ј К Л Љ
М Н Њ О П Р С Т
Ќ Ћ У Ў Ф Х Ц Ч
Џ Ш Щ Ъ Ы Ь Э Ю
Я
Несловенски букви
Ӑ Ӓ Ә Ӛ Ӕ Ғ Ҕ Ӻ
Ӷ Ԁ Ԃ Ӗ Ӂ Җ Ӝ
Ԅ Ҙ Ӟ Ԑ Ӡ Ԇ Ӣ Ҋ
Ӥ Қ Ӄ Ҡ Ҟ Ҝ Ԟ Ԛ
Ӆ Ԓ Ԡ Ԉ Ԕ Ӎ Ӊ Ң
Ӈ Ҥ Ԣ Ԋ Ӧ Ө Ӫ Ҩ
Ԥ Ҧ Ҏ Ԗ Ҫ Ԍ Ҭ Ԏ
Ӯ Ӱ Ӳ Ү Ұ Ҳ Ӽ Ӿ
Һ Ԧ Ҵ Ҷ Ӵ Ӌ Ҹ
Ҽ Ҿ Ӹ Ҍ Ӭ Ԙ Ԝ Ӏ
Словенски букви
вон употреба
Ҁ Ѻ Ѹ Ѡ Ѿ Ѣ Ѥ
Ѧ Ѫ Ѩ Ѭ Ѯ Ѱ Ѳ Ѵ
Ѷ

Фонетски, мала носовка означува {{МФА|[ɛ̃]}, а голема носовка — [ɔ̃]. Би можеле да се претстават како ен / ем за малата и он / ом за големата носовка.

Имињата на буквите не се поврзани со капитализација: двете букви постојат и во големи и во мали варијанти.

Губење на јусовите уреди

 
Пишување на малиот јус

Сите современи словенски јазици кои користат кирилица ја имаат изгубено оваа буква, со тоа што кај секој од нив носовката станала непотребна поради гласовните промени низ времето.

Големата носовка била составен дел од бугарската азбука и руската азбука сѐ до 1945 г. Меѓутоа, дотогаш засната носовка исчезнала од јазикот. Како резултат на тоа, постоеле несоодветности помеѓу буквата и фактичкиот јазик и луѓето морале напамет да учат каде да ја ставаат буквата без некоја логика. Постојат некои македонски дијелекти околу Лерин и Костур и во Пиринска Македонија кои сѐ уште имаат носен изговор: К’нде грендеш, мило чендо? („Кѫдє грѧдєшъ, мило чѧдо?“)

Во Русија, Малата носовка било преземено за да ја означува јотираната буква я на средината или на крајот од зборот; современата буква ја я е прилагодување на оваа курзивен облик од XVII век променета со типографската реформа од 1708 г.

Во полскиот јазик, кој користи латиница, буквата Ę, ę ја има фонетската вредност на малата носовка, додека буквата Ą, ą на големата носовка. Јотизираните облици пак, на полски се пишуваат со ię, ią. Меѓутоа, фонемите ę и ą не водат историско потекло од оние кои малата и големата носовка ги означувало, но се создадени потоа на полско тло.

Поврзано уреди