Алелна честота — поим од популационата генетика, ја означува пропорцијата од сите копии на еден ген кој пак се состои од одредена генска варијанта — алел. Со други зборови, тоа е бројот на копии на одреден алел поделен со бројот на копии од сите алели кои се наоѓаат на генетското место (локус) во популацијата. Алелната честота може да се изрази во проценти[1]. Во популационата генетика, алелните честоти се користат за да го отсликаат генетскиот диверзитет на поединечно, популационо и видово ниво.

Доколку имаме:

  1. даден локус на хромозом и ген кој го зафаќа тој локус
  2. популација од N единки кои носат n локуси во секоја од нивните соматски клетки (на пример, два локуси во клетките на диплоидните видови, кои содржат два сета на хромозоми)
  3. постоење на различни алели на генот
  4. постоење на еден алел во a копии

тогаш алелната честота е делчето (фракцијата) или процентот од сите појавувања на тој локус кој е заземен од даден алел, а честотата на еден од алелите е a/(n*N).

На пример, доколку честотата на еден алел е 20% во дадена популација, тогаш еден од пет хромозоми ќе го носи тој алел меѓу членовите на популацијата. Четири од вкупно пет ќе бидат заземени од страна на други варијанти на генот. Треба да се забележи дека за диплоидните гени, фракцијата на единки кои го носат овој алел може да биде близу два од пет.

Наводи

уреди
  1. Gillespie, John H. (2004). Population genetics : a concise guide (2.. изд.). Baltimore, Md.: The Johns Hopkins University Press. ISBN 978-0801880087.