Хомологни хромозоми
Хомологните хромозоми се хромозоми во клетките на диплоидните организми кои се спаруваат за време на мејоза како биваленти, формирајќи притоа синаптонемален комплекс. Едниот хомологен хромозом е наследен од мајката, додека другиот е наследен од таткото. Кај овие хромозоми постојат исти гени кои се наоѓаат на исти генски локуси (места), но тие можат да носат иста или различна генетичка информација.
Оваа статија од областа на биологијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |