Локус (генетика)

(Пренасочено од Генски локус)

Локус (лат. locus - место) е специфичната местоположба на даден ген или ДНК-низа во хромозомот. Варијанта на ДНК-низата на даден локус се нарекува алел. Подредената листа со локуси за одреден геном се нарекува генетска карта. Генетско картирање е процесот на одредување на локусот за одреден биолошки белег.

Диплоидните и полиплоидните клетки чии хромозоми имаат ист алел за даден ген на некој локус се наречени хомозиготни во однос на тој ген, додека оние кои имаат различни алели за даден ген на некој локус се наречени хетерозиготни во однос на тој ген.

Поврзано

уреди