Проект за човечкиот геном
Проектот за човечки геном (англиски: Human Genome Project, HGP) е меѓународен истражувачки проект чија главна цел е определување на низата на базните парови кои ја сочинуваат ДНК и идентификување на приближно 20,000–25,000 гени на човечкиот геном од физичка и функционална гледна точка.[1] Проектот започнал во октомври 1990 година,[2] а целосниот геном е комплетиран во април 2003 година. Најголем дел од секвенционирањето е извршен на универзитетите и истражувачките центри во САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Германија.
Наводи
уреди- ↑ Robert Krulwich. (2001-04-17). Cracking the Code of Life. [Television Show]. PBS. ISBN 1-5375-16-9 Параметарска грешка во {{ISBN}}: Неважечки ISBN.. http://www.pbs.org/wgbh/nova/genome/.
- ↑ „About the Human Genome Project: What is the Human Genome Project“. The Human Genome Management Information System (HGMIS). 2011-07-18. Посетено на 2011-09-02.