Џејмс Вотсон
Џејмс Дјуи Вотсон е американски молекуларен биолог, генетичар и зоолог, познат како еден од откривачите на структурата на ДНК во 1953 година, заедно со Франсис Крик. Вотсон, Крик, и Морис Вилкинс во 1962 година биле наградени со Нобелова награда за физиологија или медицина „за нивните откритија во врска со молекуларната структура на нуклеинските киселини и нивното значење трансферот на информации во живиот материјал“.
Џејмс Вотсон | |
---|---|
Џејмс Вотсон | |
Роден(а) | Џејмс Дјуи Вотсон 6 април 1928 Чикаго, Илиноис, САД |
Полиња | Генетика |
Теза | „The Biological Properties of X-Ray Inactivated Bacteriophage“ (1951) |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (1962) |
Потпис | |
Страница | |
cshl.edu/gradschool/Non-Research-Faculty/james-d-watson |
Вотсон напишал многу научни книги, меѓу кои книгата „Молекуларна Биологија на Генот“ (Molecular Biology of the Gene,[1] 1965) и неговата најпродавана книга „Двојната завојница“ (The Double Helix,[2] 1968) за откривањето на структурата на ДНК.