Escherichia coli (обично E. coli; се изговора „ешерихиа коли“ и е именувана по Теодор Ешерих, нејзиниот откривач) е Грам негативна бактерија која најчесто се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт на топлокрвните животни. Повеќето генетички варијации на E. coli се безопасни, но некои можат да предизвикат сериозно труење со храна кај луѓето и се честа причина за повлекувањето на определени продукти од пазарот.[1][2] Безопасните подвидови се дел од човековата флора во гастроинтестиналниот тракт и можат да придонесат за нивните домаќини преку помош при создавањето на витамин К2,[3] или преку спречувањето на создавање на патогени бактерии во дигестивниот систем.[4][5]

E. coli не се секогаш ограничени на дигестивниот систем и нивната способност за преживување низ кратки периоди надвор од телото ги прави идеални индикаторски организми за тестирање на загаденоста на околината преку примероци од фецес.[6][7] Бактеријата исто така може да биде лесно одгледана и нејзиниот генетски материјал е споредбено прост и лесен за манипулација, правејќи ја оваа бактерија еден од најпроучуваните прокариотски организми и се многу важни во полињата на биотехнологијата и микробиологијата. E. coli била откриена од германскиот педијатар и бактериолог Теодор Ешерих во 1885,[6] и е сега класифицирана како дел од Enterobacteriaceae фалимијата од гама-протеобактериите.[8]

НаводиУреди

  1. "Escherichia coli O157:H7". CDC Division of Bacterial and Mycotic Diseases. Посетено на 2007-01-25.
  2. Vogt, R.L.; L. Dippold (2005). "Escherichia coli O157:H7 outbreak associated with consumption of ground beef, June-July 2002". Public Health Reports. 2: 174–178. Unknown parameter |month= ignored (help) PMID 15842119.
  3. Bentley, R, Meganathan, R., Biosynthesis of Vitamin K (menaquinone) in Bacteria, Bacteriological Reviews, 1982, 46(3):241-280. Review.
  4. Hudault, S.; J. Guignot and A.L. Servin (July 2001). "Escherichia coli strains colonizing the gastrointestinal tract protect germfree mice against Salmonella typhimurium infection." Gut 49:47-55. PMID 11413110.
  5. Reid, G.; J. Howard and B.S. Gan (September 2001). "Can bacterial interference prevent infection?" Trends in Microbiology 9(9):424-428. PMID 11553454.
  6. 6,0 6,1 Feng P, Weagant S, Grant, M (2002-09-01). "Enumeration of Escherichia coli and the Coliform Bacteria". Bacteriological Analytical Manual (8th ed.). FDA/Center for Food Safety & Applied Nutrition. Посетено на 2007-01-25.CS1 maint: multiple names: authors list (link)
  7. Thompson, Andrea (2007-06-04). "E. coli Thrives in Beach Sands". Live Science. Посетено на 2007-12-03.
  8. "Escherichia". Taxonomy Browser. NCBI. Посетено на 2007-11-30.

Надворешни врскиУреди