Нуклеотид
Нуклеотидот е основната структурна единица на молекулата од нуклеинските киселини, кој е составен од три хемиски соединенија што се ковалентно сврзани:
- Пентозен шеќер - рибоза и деоксирибоза (по кој и се разликуваат РНК и ДНК)
- Азотна база - пуринска или пиримидинска
- Фосфорна група (фосфорна киселина).
Нуклеотидите се мономери за синтеза на нуклеинските киселини, а, исто така, се и производи на хемиската и ензимската хидролиза на нуклеинските киселини.
Номенклатура
уредиИмињата на нуклеотидите обично се скратуваат во четирибуквени кодови. Првата буква е мала и покажува дали нуклеотидот е рибонуклеотид (r) или деоксирибонуклеотид (d). Втората буква ја означува нуклеобазата:
G: Гванин
А: Аденин
Т: Тимин
C: Цитозин
U: Урацил, кој не се среќава во ДНК, а во РНК е хемиски аналог на тиминот.
Третата и четвртата буква ја индицираат должината на сврзаната фосфатна врска (моно-, ди-, три-) и присуството на фосфат (P).
На пример, деокси-цитозин-трифосфат се пишува како dCTP (или на македонски: дЦТФ).