Моделен организам
Моделен организам е нечовечки видови кои се опширно изучувани и врз кои се прават експерименти со цел да се разберат поедини биолошки феномени, со очекување дека откритијата кои се добиле од тој моделен организам ќе обезбедат увид во функционирањето на други организми.[1] Моделните организми се живи модели и широко се употребуваат за истражување на човечки болести кога експериментирањето врз луѓе е неизводливо или неетички.[2]
Некои најзастапени моделни организми се:
- квасно стапче (Escherichia coli) - моделна бактерија
- лебен квасец (Saccharomyces cerevisiae) - моделен еукариот и габа
- тенкоѕиден урочник (Arabidopsis thaliana) - моделно растение
- Caenorhabditis elegans - моделен цевчест црв
- винска мушичка (Drosophila melanogaster) - моделен инсект
- куќен глушец (Mus musculus) - моделен цицач
Наводи
уреди- ↑ Fields S, Johnston M (2005). „Cell biology. Whither model organism research?“. Science. 307 (5717): 1885–6. doi:10.1126/science.1108872. PMID 15790833.
- ↑ Griffiths, E. C. (2010) What is a model? Архивирано на 12 март 2012 г.