Епилепсија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Епилепсија (доаѓа од старогрчкиот збор epilepsia, што значи "напад") или падавица[1] е често хронично невролошко пореметување кое се одликува со напади. Тие напади се краткотрајни знаци и/или сипмтоми на абнормална, претерана или хиперсинхрона невронска активност во мозокот. Околу 50 милиони луѓе ширум светот страдаат од епилепсија и скоро секој втор од три нови случаи се откриваат во развиените земји. Како што се навлегува се подлабоко во староста, така епилепсијата станува се почеста болест. Голем дел од новите случаи се јавуваат најчесто кај малите деца и кај постарите. Како последица на операција на мозокот, нападите на епилепсија може да се појават и кај луѓето кои се на интензивна нега.
Епилепсија | |
---|---|
Специјалност | Неврологија, epileptology |
Честота | Грешка во Lua во Модул:PrevalenceData, ред 28: attempt to perform arithmetic on field 'lowerBound' (a nil value) |
Епилепсијата може да се контролира со таблети, но не и целосно да се излечи. Сепак, преку 30% од луѓето со епилепсија не можат да ги контролираат нападите дури и со помош на најјаките таблети. При најлошите случаи, може да се примени и операција. Не сите синдроми на епилепсија траат цел живот и некои видови на напади се карактеристични само за одредени фази од детството. Епилепсијата не треба да се смета само како единечно пореметување туку како синдромско со многу различни симптоми, но сите синдроми се одликуваат со епизодични абнормални електрични активности во мозокот.
Класификација
уредиЕпилепсијата е поделена на 5 групи: 1. според првичната причина (или етиологија) 2. според видливите манифестации на нападите, познато како семиологија 3. според местото во мозокот од каде потектуваат нападите 4. како дел од дискретни медицински синдроми кои може да се идентификуваат 5. според настаните кои ги предизвикуваат нападите, како читање или пак некоја повреда
Во 1981 г., Меѓународната лига против епилепсија (МЛПЕ) предложила табела за класифицирање на поединечни напади кои се појавуваат се почесто. Таквиот вид на класификација е направено врз основа на испитување (клиничко и електроенцефалографско - ЕЕГ), а не врз основа на основната патофизиологија или анатомија. Во 1989 г., МЛПЕ предложила табела за класификација на епилепсијата според епилептичките синдроми. Тоа може да се опише и како график со две оски – на едната се претставува причината за појава на епилепсијата а на другата степенот на заразеност во мозокот. Од 1997 г., МЛПЕ работи на нова табела која има пет оски: иктален феномен, видови на напади, синдром, етиологија и нарушување.
Видови напади
уредиНајпрво, видовите на напади се класифицираат според тоа дали изворот на нападот во мозокот е локализиран т.е. познат (делумен или фокален напад) или пренесен (генерализиран). Делумните напади се поделени според тоа која свест е заразена. Ако не е заразена, тогаш тоа претставува едноставен делумен напад; во спротивно, се работи за сложен делумен напад (психомоторен). Овде спаѓаат: расеаност, миоклонични, клонични, тонични, тоник-клонични и атонични напади.
Децата може да доживеат симптоми за кои многу често се мисли дека се епилептични напади, но не се предизвикани од епилепсија. Тоа се:
- невнимателно љубопитство
- доброќудно тресење (кај деца помали од 2 години, особено кога се уморни или возбудени)
- самозадоволување (климање, лулање, трескање со главата)
- конверзивно нарушување (мавање или тресење на главата, што најчесто претставува знак на сериозен стрес како физичка злоупотреба)
Конверзивното нарушување се разликува од епилепсијата бидејќи нападите не се појавуваат при спиење и не вклучуваат инконтиненција (невоздржаност) или самоповредување.
Синдроми на епилепсија
уредиКако што постојат многу видови на напади, така постојат и многу видови на синдроми. Класификацијата се прави врз основа на повеќе информации за личноста и нападите а не само за видот на нападите, како што се клиничките состави делови на нападот (пр. однесување за време на нападот) и можните причинители.
Постојат четири основни групи на епилептички синдроми, кои можат да се поделат на: доброќудна Роландична епилепсија, епилепсија на предниот дел од мозокот, детски спазам, миоклонична епилесија кај малолетници, епилепсија на отсутност кај малолетници, епилепсија – топла вода, Ленокс-Гасто синдром, Ландау-Клефнер синдром, митохондриско нарушување, прогресивна миоклонична епилепсија, рефлексна епилепсија, Расмусен синдром, епилепсија на слепоочниот дел од мозокот, лимбичка епилепсија, статус епилептикус, абдоминална епилепсија, масивна билатерална миоклонија, менструална епилепсија, Џексоново нарушување на нападите, Лафора болест, фотосензитивна епилепсија итн.
Секој вид на епилепсија се манифестира преку своја уникатна комбинација од неколку видови на напади, одредена година на започнување на нападите, електроенцефалографски резултати, лечење и прогноза. Најопштоприфатената класификација на епилепсија ги дели синдромите според локацијата или според распределбата на нападите и според причината. Синдромите се поделени на епилепсии со позната локација (локализирана епилепсија), генерализирани епилепсии или епилепсии со непозната локација.
Локализираната епилепсија, која понекогаш се нарекува делумна или фокална епилепсија, се развива од епилептичен центар, мал дел од мозокот кој има улога на раздразнувач кој го носи епилептичниот одговор. За разлика од оваа, генерализираната епилепсија се развива преку многу независни точки или епилептични кругови кои го вклучуваат целиот мозок. Епилепсиите со непозната локација пак, не се знае дали се појавуваат во дел од мозокот или во повеќе различни делови.
Понатаму, синдромите на епилепсија се делат и според можните причинители: идиопатски, симптоматски и криптогени. Општо земено, идиопатската епилепсија се претпоставува дека потекнува од генетски аномалии кои водат до промена на основната невронска контрола. Симптоматската епилепсија пак потекнува од последиците на една епилептична повреда, независно дали тоа е фокална како тумор или дефект во метаболизмот кој предизвикува голема повреда на мозокот. Криптогената епилепсија настанува од повреда која е тешко или невозможно да се открие за време на испитувањата.
Некои епилептични синдроми е тешко да се вклопат во оваа група па се сместуваат во категоријата на епилепсија со непозната локација/етиологија. Луѓето со напади кои се појавуваат само после одредено избрзано дејство ("предизвикани напади"), боледуваат од "епилепсија" која спаѓа во оваа категорија. Фебрилните грчеви се пример за напади поврзани со одредени избрзани дејствија. Уште позбунувачко претставува тоа што одредени симптоми, како што е Вест синдромот, кој се појавува заедно со напади како детскиот спазам, може да се класифицира како идиопатска, синдромска или криптогена епилепсија во зависност од причината и може да потекнува и од фокални и од генерализирани епилептички рани.
Подолу следат некои почести синдроми на напади: Автосомна епилепсија на предниот дел од мозокот (со напади во текот на ноќта) е идиопатска локализирана епилепсија и претставува наследно епилептично нарушување што предизвикува напади при спиење. Нападите најчесто се појавуваат во детството. Истите се појавуваат во предниот дел од мозокот и се состојат од сложени моторни движења, како стегање со рацете, дигање/спуштање на рака и виткање на коленото. Честа е појавата и на викање, офкање или плачење. Овој вид на епилепсија, многу често се дијагностицира како вид на кошмар. Се смета дека се појавува како разултат на некоја генетска болест. Тие гени ги кодираат никотинските ацетилоклони рецептори.
Доброќудна епилепсија на центрослепоочната лобула или Роландична епилепсија која се појавува во детството е идиопатска локализирана епилепсија и се појавува кај деца од 3 до 13 годишна возраст, а го достигнува својот врв пред да започне пубертетскиот период. Покрај нарушувањето на нападите, овие пациенти се нормални. Овој синдром се состои од едноставни делумни напади во кои се вклучени мускулите на лицето и често предизвикуваат лигавење. Иако повеќето од нападите се краткотрајни, тие понекогаш може да траат подолго и да се генерализираат. Нападите најчесто се појавуваат во текот на ноќта, при спиење. ЕЕГ може да покаже ампилтуди за напади кои се појавуваат над центрослепоочната лобула и тоа при спиење или дремење. Нападите престануваат пред да започне пубертетот. Понекогаш, пациентот мора да конзумира антиконвулзивни лекови за да се подобри состојбата на болеста.
Доброќудната оксипатилна епилепсија која се појавува во текот на детството е идиопатска локализирана епилепсија и се состои од група на синдроми кои постојано се развиваат. Се состојат од две подгрупи, рана подгрупа со напади карактеристични за деца помеѓу 3 и 5 годишна возраст и подоцнежна која се појавува кај деца помеѓу 7 и 10 години. Нападите се одликуваат со видливи симптоми како скотома или фортификации (светли линии или точки) или слепило (нарушување на видот). Честа е појавата на грчеви во една половина од телото – полугрчеви, присилна девијација или вртење со главата. Кај помладите пациенти најчесто се појавуваат симптоми кои се слични на мигрената, кои се пропратени со повраќање или вртоглавица. ЕЕГ покажува амплитуди на оксипеталните делови (тилот). ЕЕГ и генетската структура наведуваат на автосомно доминантно пренесување кое најдобро го претставил Рубен Кузњецки. Во последно време, се појави група на епилепсии наречени Панајотопулос синдром кој има слични одлики со доброќудната оксипатална епилепсија, но со различни ЕЕГ резултати.
Менструалната епилепсија е вид на епилепсија во која нападите на епилепсија се појавуваат во одредени фази од менструалниот циклус.
Детската отсутна епилепсија е идиопатска, генерализирана епилепсија која се појавува кај деца помеѓу 4 и 12 годишна возраст, а својот врв, болеста го достигнува некаде помеѓу 5тата и 6тата година. Пациентите имаат постојани напади на отсутност, кратки епизоди на зјапање без никаква реакција, понекогаш со мали моторни движења како трепкање со очите или дискретно џвакање. ЕЕГ резултатите во овој вид епилепсија покажуваат генерализирани амплитуди и бранови празнења од 3 Hz. Некои напади целат кон развивање на тоник-клонични напади.
Драве синдромот или првично познат како сериозна миоклона детска епилепсија е нарушување на нервниот систем коe започнува во детството и се одликува со сериозна епилепсија која во целост, не реагира на лекувањето. Манифестациите на овој синдром најдобро ги претставила Шарлот Драве, француски психијатар и епилептологист (роденa на 14 јули 1936 г.). Драве го открилa овој синдром додека работела во центарот Сен Пол, при Универзитетот во Марсеј. Таму, еден од нејзините надгледувачи бил Анри Гасто, според кој е наречен Ленокс-Гасто синдромот. Таа ја појаснила оваа состојба во 1978 година. Распространетоста на ова ретко нарушување е 1:20.000 до 1:40.000 при раѓање, но може и да зачести. Се вели дека се појавува со иста зачестеност кај двата пола и не познава никакви географски или етнички граници.
Драве синдромот различно се манифестира кај различни луѓе. Нападите започнуваат уште во првата година од животот и личноста се развива нормално пред нападите. Во повеќето случаи, првите напади се пропратени со висока температура и се генерализирани тоник-клонични или унилатерални грчеви. Ваквите напади многу често траат подолго време и можат да доведат до статус епилептикус – медицински итен случај. Со тек на време, нападите сè повеќе зачестуваат и се појавуваат без висока температура. Се појавуваат и други видови на напади, кои многу често се миоклони, како напади на нетипична отсутност или делумно-сложени напади.
Други придружни состојби кои се среќаваат кај голем број на пациенти со Драве синдромот се нарушување на спојувањето на сетилниот систем и некои видови на аутизам, ортопедски или нарушување при движење, чести или хронични респираторни и ушни инфекции, нарушување на процесот на спиење и проблеми со растот и исхраната.
Епилепсијата на предниот дел од мозокот многу често е симптоматска или криптогена локализирана епилепсија, се развива од повреди кои предизвикуваат напади што се појавуваат во предниот дел на мозокот. Овој вид епилепсија е тежок за дијагностицирање бидејќи симптомите на нападите може да се помешаат со неепилептични напади.
Епилепсија на отустност кај малолетници е идиопатска генерализирана епилепсија со напади кои се појавуваат малку подоцна од оние кај детската отсутна епилепсија, особено во предпубертетскиот период, а најчести се нападите на отсутност. Може да се појават и генерализирани тоник-клонични напади. Кај некои пациенти се манифестираат синдроми кои речиси и не можат да се разликуваат од малолетничката миоклона епилепсија.
Малолетничката миоклона епилепсија е идиопатска генерализирана епилеписја која се појавува кај пациенти помеѓу 8 и 20 години. Пациентите имаат нормална когнитивност и се невролошки сосема здрави. Најчести напади се миоклониските тресења, а можат да се појават и тоник-клоничните напади и нападите на отсутност. Миоклонските напади се појавуваат наутро, после будење. ЕЕГ покажува генерализирани напади со амплитуди на бранови празнења од 4 до 6 Hz или повеќекратни бранови празнења. Она што е интересно, е тоа дека овој вид епилепсија за првпат е дијагностицирана кога пациентите ги доживуваат првите генерализирани тоник-клонични напади во подоцнежниот период од животот, кога се соочуваат со недостаток на сон (пример прва година на факултет кога остануваат будни до доцна во ноќта за да учат). Исто така откажување од алкохол може да биде главен придонесувачки фактор за продорните напади. Ризикот од склоноста кон напади е голем, сепак повеќето доживуваат напади со кои лесно се справуваат со помош на антиконвулзанти и со одбегнување на избрзани напади.
Ленокс-Гасто синдром е генерализирана епилепсија која се состои од торјство развојни задоцнувања на детската деменција, измешани генерализирани напади и ЕЕГ резултати кои покажуваат амплитуди на барнови празнења од приближно 2 Hz. Нападите се појавуваат помеѓу 2 и 18 години. Докторите истакнуваат повеќе видови на напади кои се важни во овој синдром, но повеќето имаат нестабилни напади, тонични напади, тоник-клонични напади, нетипични напади на отсутност, а понекогаш дури и сложени делумни напади. Антиконвулзантите само делумно помагаат при лекување.
Охатхара синдром е редок, сериозен синдром на епилепсија која најчесто започнува во првите денови или недели од животот. Овие напади многу често се во форма на спазми на вкочанување, но може да се забелажат и други унилатерални напади. Овој вид на болест не може да се предвиде најдобро бидејќи скоро половина од децата умираат во првата година од животот; повеќето од преживеаните деца се интелекнуално онеспособени а некои боледуваат од церебрална парализа. Не постои ефикасен начин на лекување. Голем број деца имаат структурни абнормалности на мозокот.
Примарана епилепсија при читање е рефлективна епилепсија класифицирана како идиопатска локализизрана епилепсија. Читањето кај чувствителни личности предизивкува карактеристични напади.
Прогресивна миоклонска епилепсија опфаќа симптоматски генерализирани епилепсии кои се одликуваат со прогресивна деменција и миоклонски напади. Но исто така може да се појават и тоник-клонични напади. Болестите кои се класифицираат во оваа група се миоклонска епилепсија со искинати црвени влакна, Лафора болеста, невронска цероидна липофуциноза и сиалдоза.
Расмусенов енцефалитис е симптоматска локализирана епилепсија и претставува прогресивна, инфламирана рана која ги напаѓа децата чии напади се појавуваат пред 10 годишна возраст. Нападите започнуваат како одделни прости делумни или сложени делумни напади и може да напредат и да се претворат во Кожевникова епилепсија. Невроскенирањата покажуваат инфламиран енцефалитис на едната страна од мозокот што може да се прошири ако не се лекува. Може да се појават и деменција и хемипареза. Се претпоставува дека причинителот предизвикува имунолошки напад на глутаматските рецептори кој претставува чест невротрансмитер во мозокот.
Симптоматските локализирани епилепсии се поделени според локацијата на епилептичката повреда во мозокот, бидејќи симптомите на нападите се поврзани со локацијата во мозокот а не со причината за појава на повредата. Причини за појава на епилептички фокуси во различни делови од мозокот може да бидат тумори, деформација на срцето, деформација на белите дробови, повреди и церебрални напади.
Епилепсија на слепоочната лобула е симптоматска локализирана епилепсија и е најчест вид на епилепсија која се појавува кај возрасните кои се соочуваат со напади кои речиси и не реагираат на антиконвулзантите. Во повеќето случаи, центарот на епилепсијата се наоѓа во средната линија од слепоочната структура (пр. хипокампусот, амигдалата и парахипокампусен гирус). Нападите започнуваат во подоцнежниот период од детството и адолесценцијата. Поголем дел од пациентите доживуваат сложени делумни напади кои понекогаш им претходат предепилептични симптоми а некои пак страдаат од секундарни генерализирани тоник-клонични напади. Ако пациентот не реагира на лекувањето може да полегне на операција.
Туберозна склероза е генетско нарушување кое предизвикува тумори во повеќе различни органи, особено во мозокот, очите, срцето, црниот дроб, кожата и белите дробови. Неколку видови на повреди во мозокот се појавуваат кај поединци со туберозна склероза и 60-90% од луѓето заболени со туберозна склероза се развива епилепсија.
Вест синдром е тријада од напади наречени детски спазми. Нападите започнуваат помеѓу 3 месеци и 2 години, а врвот го достигнуваат помеѓу 8 и 9 месеци. Најчеста причина за појава на овој синдром е туберозна склероза. Пациентите кои ќе успеат да преживеат, се соочуваат со значајно когнитивно нарушување и со напади кои многу често се јавуваат и може да се развие до степен на друг епидемичен синдром – Ленокс-Гасто синдромот.
Причини
уредиЗа да се дијагностицира епилепсија, потребно е нападите да се случуваат спонтано. Меѓутоа, кај некои видови епилепсија, потребно е нешто да ги предизивка нападите т.е. катализатори. Тие се наречени рефлексна епилепсија. На пример, пациентите со епилепсија која се јавува при читање, доживуваат напади кои ги предизвикува процесот на читање. Фотосензитивната епилепсија може да има ограничен број напади предизвикани од страна на светлото од светилки. Други забрзувачи можат да се предизвикаат епилептичен напад кај пациенти кои се чувствителни на спонтани напади. На пример, деца со детска епилепсија на отсутност, може да бидат чувствителни на пребрзо дишење. Всушност, светилките и пребрзото дишење се процеси кои се користат од страна на ЕЕГ за да се предизвика напади и да се даде соодвтена дијагноза. Други забрзувачи пак може да ги потпомогнат наместо да ги предизвикаат нападите кај чувствителни личности. Луѓето со епилепсија изјавиле дека емоционалниот стрес, недостатокот на сон, самиот процес на спиење, жештината, алкохолот и високата телесна температура претставуваат забрзувачи за појава на епилепсија. Влијанието на различни забрзувачи варира во однос на синдромот. Исто така, менструалниот циклус кај жените со епилепсија може да влијае на видот на нападите. Менструална епилепсија е поимот што ги означува нападите поврзани со менструалниот циклус.
Постојат различни причини за појава на епилесија кои најчесто се карактеристични во одредна старосна група.
- За време на прордилниот период и раното детство најчести причини се хипоксично-исхемична енцефалопатија, инфекции на централниот нервен систем, повреди, вродени абормалности на централниот нервен систем и метаболитичките нарушувања.
- За време на детството, нападите на треска се многу честа појава. Можат да се појават како последица на повеќе различни нешта, како инфекции и повреди.
- Во детството, можат да се воочат добро оформени синдроми на епилепсија.
- Во адолесценцијата и полнолетството, причните се секундарни кај секоја повреда на централниот нервен систем. Подоцна, ретка е појавата на идиопатска епилепсија. Други причини поврзани со овие старосни групи се стрес, повреди, инфекции на централниот нервен систем, тумори на мозокот, употреба на недозволени дроги и откажување од алкохол.
- Кај повозрасните, цереброваскуларната болест е многу чест причинител. Други причинители се тумори на централниот нервен систем, повреди на главата и други дегенеративни болести карактеристични за појава кај повозрасните луѓе, како што е деменцијата.
Патофизиологија
уредиМутациите на некои гени се поврзуваат со некои видови епилепсија. Еден вид на механизам за некои видови на наследна епилепсија се мутации на гени кои се поврзуваат со канали за натриумски белковини. Овие неисправни натриумски канали се отворени предолго и го прават невронот хипер-раздразлив. Глутаминатот кој претставува раздразлив невротрансмитер, може да се отпушти од овие неврони во големи количини, кои се врзуваат со најблиските глутаминатски неврони и предизвикува да се ослободи огромни количини калциум по пост-синаптичките ќелии. Ваквите огромни количини на калциум може да бидат невротоксични за заразената ќелија. Хипокампусот кој содржи големи количини на глутаматски неврони, е многу ранлив на епилептични напади, кои се шират преку возбудување и можно е да настане невронска смрт. Друг вид на механизам се одликува со мутации кои водат до неефикасни активности на гама-аминобутерната киселина (најчест инхибиторен невротрансмитер во мозокот). Исто така се идентификувани и мутации поврзани со епилепсијата во некои нејонски канални гени.
Епилептогенеза е процес преку кој еден нормален мозок развива епилепсија после повреда, како што е повреда на мозокот. Еден интересен наод кај животните е што повторливи електрични стимулации на ниско ниво во некои делови во мозокот може да доведат до трајно зголемување на чувствителноста на нападите: со други зборови, трајно намалување на стапката на нападите. Овој феномен, познат како дрвце (за потпалување) (по аналогија со употребата на гранки за потпалување на голем оган) беше откриен од страна на д-р Греам Годард во 1967 година. Важно е да се напомене дека овие "потпалувачки" животни не се соочуваат со спонтани напади. Исто така, хемиските стимулации може да ги поттикнат нападите; повторливи изложувања на некои пестициди покажало дека ги поттикнуваат нападите и кај луѓето и кај животните. Еден механизам се нарекува ексцитотоксичност. Улогите на "потпалување" и ексцитотоксичност во епилепсијата, е многу честа тема на дебатирање.
Друга причина за појава на епиелпсија е повреда на мозокот, каде што постојат траги од ткиво или друга абнормална маса на ткиво во некој дел од мозокот.
Сложеноста да се разбере што нападите всушност претставуваат доведе до употреба на кватнитативни модели на епилепсија за објаснување на експерименталните и клиничките податоци, како и создавање на водечки стратегии за терапија.
Контролирање
уредиЕпилепсијата најчесто се лекува со таблети кои се препишани од лекари, негуватели, невролози и неврохирурзи – сите оние кои најчесто водат грижа за луѓето со епилепсија. Сепак, беше нагласено дека точна диференцијација помеѓу генерализирани и делумни напади е од особена важност за да се препише соодветното лекување. Во некои случаи, всадувањето на стимулатор во вагусниот нерв може да биде од голема помош, а исто така помага и посебниот режим на исхрана. Неврохируршките операции за епилепсија може привремено да ја ублажат болката или да ја намалат зачестеноста или сериозноста на нападите; или пак кај некои пациенти операцијата може сосема да ја излечи епилепсијата.
Правилниот, првичен одговор на генерализиран тоник-клоничен епилептичен напад е да се заштити личноста од самоповредување и да се оддалечуваат од предмети со остри краеви, да им се стави нешто меко под главата и да се поместат во позиција погодна за заздравување. Потоа личноста ќе ја поврати храната од устата. Ако нападот трае повеќе од 5 минути или ако се повторат повеќе напади без да се освести личноста, треба да се повика брза помош.
Лекување
уредиПроцесот на лечење на епилепсија главно се врши со антиконвулзивни таблети. Многу често, лекувањето со антиконвулзивни може да биде долговечно и да влијае врз квалитетот на животот. Изборот помеѓу антиковулзантите и нивната делотворност се разликува од синдромот на епилепсија. Механизмите, делотворноста за одреден вид синдром на епилепсија и придружните ефекти се разликуваат помеѓу различни антиконвулзивни таблети. Некои општи наоди за користењето на антиконвулзанти се наведени подолу.
Достапноста – во мометнов постојат 20 таблети кои се одобрени од Управта за храна и лекови за процесот примена на лекување на епилептични напади во САД: Карбамазепин (или уште попознат како Тегретол), Клоразепат (Транксен), Клоназепан (Клонопин), Заронтин, Фелбамат (Фелбатол), Габапентин, Вимпат, Ламиктал, Трилептал, Фенобарбитал (Луминал), Дилантин, Лирика, Мисолин, Тиагабин (Габитрил), Топамакс, Депакен, и Зонегран. Повеќето од нив се појавија по 1990 година.
Лекарствата кои се достапни вон САД но "етикетирани" како "под испитување" во САД се Клобазам (Фризиум) и Вигабатрин (Сабрил). Лекарствата кои во моментов се под клиничко испитување под надзор на Управата за храна и лекови се Ретигабин, Бриварасетам и Селетрасетам. Други лекови многу често се користат за да спречат активни напади или да прекинат излив на напади; тоа се диазепам (Валиум, Диастат) и лоразепам (Ативан).
Делотворност – дефиницијата за делотворност е различна. Потврдата од управата за делотворност бара 50% од групата на пациенти кои се лечат да имаат барем 50% подорбрување во епилептичните напади. Околу 20% од пациентите со епилепсија имаат напредни епилептични напади и покрај најдоброто лекување со најдобрите антиконулзанти.
Сигурност и придружни ефекти – 88% од пациентите со епилепсија, според едно европско истражување имаат барем еден вид на пропратен ефект поврзан со антиконвулзанти. Повеќето придружни ефекти се благи и могу често се избегнуваат или се минимизираат со потреба и на најмалите количини на ефикасност. Некои пример вклучуваат промена на расположение, несоница или нестабилност при одење. Некои антиконвулзатни имаат "идиосинкратски" придружни ефекти кои лесно се предвидуваат. Други пак вклучуваат исфрлање на кожата од лекови, хепатит или апластична анемија.
Правила за употреба на антиконвилзанти и менаџмент – целта на поединечни пациенти е да немаат напади и минимални придружни ефекти и работата на лекарите е да им помогнат на пациентите да изнајдат најдобар баланс помеѓу нападите и ефектите за време на препишување на антиконвулзантите. Повеќето пациенти можат да го постигнат овој баланс со монотерапија, употреба на само еден антиконвулзант. Сепак, повеќето пациенти конзумираат два и повеќе антиконвулзанти.
Нивото на серум во АЕД (автоматизиран надворешен дефибирлатор - пренослив електронски уред кој автоматски ја дијагностицира потенцијаланата закана од срцев удар на вентрикуларната фибрилација и вентрикуларната тахикардија кај еден пациент; неговиот процес на лекување е наречен дефибрилација, тоа е електрична терапија која ја спречува аритмијата и му дозволува на срцето повторно да бие со правилен ритам) може да се провери за да се утврди усогласеноста на лековите, да се воочи ефектот од употребата на нови лекови или да се помогне при подобрувањето на одредени симптоми како нестабилност или несоница кои се сметаат како пропратен ефект од лековите или се кои се должат на различни причинители.
Ако епилепсијата кај една личност не може да се контролира со соодветно конзумирање на два или три различни лекови, таквиот вид епилепсија се вели дека е медицински рефракторна или "тврдоглава". Испитување врз пациенти со епилепсија кои воопшто не конзумирале никакви лекови, покажало дека кај 47% се постигнала контрола на нападите при конзумирање на само една таблета. Кај 14% воопшто не се појавиле напади за време на лекувањето при конзумирањето на втората или третата таблета. Кај 3%, престанале нападите со употреба на само уште две дополнителни таблети. Антиконвулзанти може да конзумираат и луѓе кои постојано се изложени на напади како додаток или замена на некоја друга таблета.
Операција
уредиОперација може да се врши кај луѓе со фокални напади кои не реагираат на лекување. Целта на ваквите операции е да извршат целосна контрола врз епилептичките напади, но сепак можно е пациентите да имаат повторна потреба да конзумираат антиконвулзивни лекарства.
Проценката за операција се прави за да се лоцира фокусот на епилепсијата (местото на епилептичката абнормалност) и да се одлучи дали ресективна операција ќе има влијание врз нормалното функционирање на мозокот. Во испитувањето најчесто влегуваат и невролошко испробување, рутинско ЕЕГ, видео мониторинг, невропсихолошко испробување и невроскенирање како МРИ, фотонска емисија со компјутерска томографија, томографија со емисија на позитрони. Некои центри за епилепсија прават тест со интракаротиден натриум (или т.н. Вада тест) и магнетна енцефалографија како дополнителни тестови.
За некои видови на епилепсија потребно е подолго време да се врши скенирање со ЕЕГ со користење на интракранијални електроди доколку неинвазивното испробување било неадекватно (без вментување на инструменти во организмот) за да се определи епилептичкиот фокус или да се оддели местото кое ќе биде подложно на операција од нормалното мозочно ткиво и неговото функционирање. Мозочното пресликување со техниката на картикална електросимулација или електрокарпикографија е процес кој се користи при инвазивните испробувања кај некои пациенти.
Најчести видови на операција се ресекции на болести како тумор или артериовенозни неправилности кои за време на лекувањето на главните заболени места резултираат со контрола не епилептичките напади предизвикани од овие болести.
Другите болести се поделикатни, посуптилни и се пропратени со епилепсија како главен или единствен симптом. Најчест вид на неизлечлива епилепсија кај овие нарушувања кај возрасните е епилепсијата на слепоочната лобула со склероза на хипокампусот и најчест вид на операција е лобектолија на слепоочниот дел од мозокот или остсранување на предниот дел од слепоочната лобула, како и отстранување на амигдалата и хипокампусот. Некои неврохирурзи препорачуваат селективна амигдало-хипокампектомија поради можните придобивки од постоператвна меморија или зборување. Операцијата на слепоочниот дел е делотворно трајна и се намалуваат трошоците за лекови. И покрај ефикасноста од операцијата, некои пациенти одлучуваат да не подлегнат на операција за отстрнување на амигдалата или хипокампусот бидејќи се плашат или не се сигурни во ваквиот вид операцијата на мозокот.
Привремената операција која само ги ублажува болките се врши со намера да се намали честотата или траењето на нападите. Примери за тоа се калосотомијата или комисаротомијата кои ги спречуваат нападите од генерализирање (проширување и опфаќање на целиот мозок), што предизвикува губење на свеста. Оваа операција спречува повреда на личноста при паѓање. Истата се изведува кога нападите не може да се контролираат на друг начин. Повеќекратни пресечувања на меката мозочна обвивка може да се изведат за да се намалат нападите во пределот на кората на мозкот кога центарот на епилептичкиот напад се наоѓа во близина на некои важни функционални предели на кората. Ресективната операција може да се смета за палиатвина ако се изведе со очекување дека ќе се намалат но не и целосно елиминираат нападите.
Хемисферектомијата вклучува отстранување на сите функционалните неправилности или пак само на оние во една половина на мозокот. Се изведува кај луѓе кои страдаат од најлошите видови епилепсија, како што е Расмусен синдромот. Ако операцијата се изведува кај многу млади пациенти (од 2 до 5 години) останатиот дел од полутопката може да стекне некои основни моторни контроли на истата страна од тело; кај повозрасните пациенти, можно е да се парализира една страна од телото спротивно од онаа страна што била парализирана. Токму поради овие но и други придружни ефекти, хемисферектомијата се врши врз пациенти кои веќе не им преостанува ништо друго што би можело да ги излечи.
Друго
уредиКетогената диета (високомасна, со малку јаглехидрати) најпрво била испробана во 1920 година но почнала се помалку да се употребува откако антиконвулзантите почнале позитивно да дејствуваат. Во 1990 година, повторно почнала да се употребува како посебен начин на исхрана за подобрување на состојбата. Се применува при лечење на деца со сериозна, медицински "тврдоглава" епилепсија и New York Times објави дека примената на диетата се врши врз основа на внимателно извршени испитувања кои откриле дека истата ги намалува нападите помеѓу епилептичарите отпорни на лекови од 50% на 38% и од 90% на 7% кај пациентите. Методите на антиконвулзивно лекување со електрични стимулации се одобрени и за лекување и за истражувачки потреби. Нов начин на лекување кој е одобрено во моментов е вагусна нервна стимулација.
Вагусна нервна стимулација (американски производител Cyberonics) се состои од компјутеризирана електрична направа која според големината, формата и местото на имплантирање е слично со срцевиот пејсмејкер кој се поврзува со вагусниот нерв во вратот. Направата го стимулира вагусниот нерв да функционира. Беше постигната ефикасност кај пациенти со епилепсија чија локација е позната, постигнувајки 50% од пациентите да почувствуваат 50% подобрување на стапката на напади. Во некои сличаи се покажале слични ефекти кај некои генерализирани епилепсии, како што е синдромот Ленкос-Гасто. Иако не се постигнува истиот резултат како со операција сепак претставува разумна алтернатива кога пациентот одбива да продолжи со препорачаното инвазивно надгледување, кога со предоперационото испитување нема да може да се открие локацијата на епилептичниот фокус или истото нема да може да се постигне поради повеќебројни фокуси.
Чувствителниот невростимулирачки систем (американски производител Neurospace) се состои од компјутеризирана електрична направа вградена во мозокот со електроди ипмланирани во претпоставениот центар на епилепсијата во мозокот. Мозочните електроди испраќаат ЕЕГ до направата која содржи софтвер за откривање на нападите. Кога ќе се постигнат одредени критериуми за напад на ЕЕГ, направата испушта мали елетрични напојувања до останатите електроди кои се наоѓаат во близина на епилептичниот центар и го прекинуваат нападот. Сепак, чувствителниот невростилулирачки систем сè уште треба да помине неколку тестови за да се одобри.
Длабоката мозочна стимулација (американски производител Medtronic) е составена од компјутерска електричната направа која се вградува во градите на сличен начин како и кај вагусната нервна стимулација но се пренесува електрична стимулација до длабоките мозочни структури преку електроди вградени длабоко во мозокот. При епилептични напади, целта на електродата е надворешното јадро на таламусот. Ефикасноста на длабоката мозочна стимулација уште се истражува.
При операција која не вклучува вметнување на инструменти во организмот се користи гама нож или други направи кои се користат при радиотерапија. Овој вид на операција се истражува дали би можела да стане замена на традиционалната отворена операција кај пациенти кои инаку би се одлчиле за надворешна лобектомија на слепоочниот дел.
Терапија на воздржаност се состои од минимизирање или отстранување на предизвикувачите на епилепсија кај пациенти чии напади се особено чувствителни на избрзани напади.
Систем за предупредување со помош на кучиња – нападот реагира на куче, кој е трениран да повика помош или да овозможи лична безбедност кога некој доживува напад. Кај некои луѓе едноставно не може да се примени овој начин на лекување и не сите кучиња може да се тренираат на тој начин. Многу ретко, кај едно куче може да развие можност за насетување на напад пред тој да се случи.
Алтернативната или комплементарната медицина во која спаѓаат акупунктура, психолошки интервенции, витамини или јога се проверени при голем број на систематски прегледи од страна на Cochrane Collaboration при лечење на епилепсија, но не постои достоен доказ за да се поддржи користењето на вакви третмани. Вежбањето или друга физичка активност се препорачува како ефикасна стратегија за спречување или лекување на епилепсијата. Слоан-Кетеринг центарот за рак вели дека додатокот во исхраната – диметилглицин ќе ја подобри употребата на кислород за време на хипоксија, ќе го намали зголемувањето на млечна киселина во крвта за време на некој стресен настан и ќе го намали бројот на напади кои се доживуваат при епилепсија.
Епидемиологија
уредиЕпилепсијата е една од најчестите сериозни невролошки нарушувања. Генетски, когнитивни и развојни состојби се поврзани со помлади пациенти; тумори се покарактеристични за 40 годишните; повреда на главата и инфекции на централниот нервен систем може да се појави на која било возраст. Распространетоста на активната епилепсија варира од 5 до 10 луѓе на 1.000. До 5% од луѓето доживуваат напади кои не се пропратени со висока температура во некои делови од животот; Распространетоста кај пациенти кои доживотно боледуваат од епилепсија е релативно висока бидејќи повеќето пациенти или престануваат да доживуваат напади или (многу ретко) умираат како нивен резултат. Годишната стапка на зачестеност на заболени од епилепсија е 40-70 на 100.000 луѓе во индустријализираните земји и 100-190 на 100.000 во посиромашните земји; луѓето кои имаат поголеми социо-економски проблеми се најмногу изложени на ризик. Во индустријализираните земји стапката на зачестеност се намалила кај децата но се покачила кај повозрасните за време од 3 декади пред 2003 година, од причини кои не можат да се разберат.
Некои одредени болести се појавуваат во повисоки од очекуваните стапки кај епилептичарите и ризикот од овие појави многу често варираат со синдромот на епилеписја. Во овие болести спаѓаат депресија и вознемиреност, мигрена и друг вид на главоболка, стерилност и ниско сексулано либидо. Недостиг на внимание/хиперактивно нарушување влијаат 3 до 5 пати повеќе кај деца со епилепсија отколку деца без никакви заболувања. Епилепсијата е распространета како придружна болест во аутизмот.
Историја
уредиЗборот епилепсија доаѓа од грчкиот збор epilepsia кој доаѓа пак од epilombanien – зграпчува/презема контрола врз нешто, збор кој пак што бил комбиниран од epi – да презема и lombanien – да преземе. Во минатото, епилепсијата се поврзувала со религиозните доживувања, па дури и како опседнатост од ѓаволот. Во антички времиња, епилеписијата била позната како "света болест" (како што обајснува Хипокрит во својата студија напишана во 5 век пред нашата ера), бидејќи луѓето мислеле дека епилептичните напади биле некаков вид на напад од демони или дека визиите кои ги добиваат луѓето со епилептични напади биле пратени од боговите. Аниматичните семејства ја сметале епилепсијата како напад на лоши духови но нападнатата личност можело да се почитува како шаман.
Една глава од Вавилонска книга по медицина која датира од пред 2000 г.п.н.е. и која се состои од 40 плочи, зборува за различи видови на напади кои се познати денес и ја нагласува натприродната сила на епилепсијата.
Во повеќето култури, епилептичарите се жигосувале/јавно осудувале, биле одбегнувани и дури затворани; во Салпетриер, родното место на модерната неврологија, Жан-Мартин Шарко, ги споредувал епилептичарите со ментално ретардираните, тие со хроничен сифилис и со криминално-лудите. Во Танзанија, до ден денес, како и во други делови на Африка, епилепсијата е поврзана со поседувања од зли духови, вештерство или труење и се верува дека тие луѓе може да бидат заразни. Во Стар Рим, епилепсијата била позната под името morbus comitialis (болест на салата од парламентот) и се верувало дека е клетва од боговите.
Луѓето епилептичари и ден денес се срамуваат од таквите болести и во јавните и во приватните сектори, но анкетите покажуваат дека таквото чувство се намалува со тек на време барем во развиениот свет; Хипокрит забележал дека епилепсијата, еден ден, кога ќе се разбере, ќе престане да се смета за прекрасна болест.
Општество и култура
уредиВиолетов ден
уредиВиолетов ден е настан организиран за да се подигне свеста за епилепсијата. Оваа традиција започнала во 2008 година, кога сите луѓе облекуваат виолетова облека на 26 март.
Законска инволвираност
уредиМногу надлежности забрануваат одредени активности за епилептичарите. Активности кои најчесто се забрануваат се управување на возила и машини или други активности за кои е потребно многу внимание. Сепак постојат исклучоци за оние кои можат да докажат дека може да ја контролираат болеста. Оние малку чии напади не предизвикуваат губење на свеста, имаат долготрајни предепилиптични напади на кои им претходи губење на свеста или чии напади се појавуваат само за време на спиење може да бидат ослободени од ограничувањата во зависност од локалните закони. Постои дебата во биоетиката за тоа кој треба да го носи товарот за тоа дека епилептичарите да не возат автомобили или да управуваат авион.
Автомобили
уредиВо САД, епилептичарите може да возат ако ги контролираат нападите со посебен третман и ги задоволуваат потребите за управување на моторно возило во нивната држава. Потребно е помеѓу три месеци до една година, една личност да не доживува напади. Поголемиот дел од 50те држави во САД ги обврзуваат пациентите да ја пријавуваат здравствена состојба до надлежните за да им се одземат привилегиите каде што е потребно. Помал дел од државите бараат извештај од матичниот лекар на пациентот. Откако ќе се направи извештај, бирото кое издало возачка дозвола на пациентот, одговара дали ќе ја одземе или ограничи возачката дозвола.
Во Велика Британија, пациентите се одговорни да ја известат агенцијата за издавање возачки дозволи дали се епилептични. Правилата на агенцијата се доста сложени, но во целост, оние кои продолжуваат да доживуваат напади или кои 6 месеци го менуваат начинот на лекување може да им ја одземат возачката. Една личност мора да не доживее напад 1 година (или да доживува напад при спиење 3 години или повеќе) пред да аплицира за возачка дозвола. Лекар кој е свесен дека пациентот со епилпсија која не се контролира, продолжува да вози, има должност да го прекрши правото на доверливост помеѓу пациентот и докторот и да ја извести агенцијата. Лекарот треба да го советува пациентот за тоа дека ја известил агенцијата и причината зошто пациентот не го направил тоа, го обврзало да реагира.
Воздухопловство
уредиВо многу земји, луѓето со каква било историја на епилепсија не се квалификуваат за медицински сертификати кои се потребни за сите типови на пилотски дозволи. Во САД, според правилата на Федералната управа за авијација, се дисквалификуваат апликантите за медицински сертификат со историја на епилепсија, иако последната одлука ја имаат главниот штаб на федералната управа за авијација и понекогаш се прават ретки исклучоци за луѓето кои имале изолиран напад или два во детството и повеќе не се појавиле поради земање на лекови.
Во Велика Британија пониска класа на пилотски дозволи ги има истите барања како и агенцијата за управувања на моторни возила, па епилетичарите кои 1 година не доживеале напад, со одредени исклучоци, може да летаат само во границите на земјата.
Познати случаи
уредиНа многу важни личности од минатото и денес, им било дијагностицирано епилепсија. Во многу случаи, епилепсијата игра улога во нивните достигнувања; за некои има одиграно целосна улога во нивата слава. Дијагнози на епилепсија од минатото не секогаш се точни; постои контроверзност за она што се смета за прифатлив доказ што ги поткрепува овие дијагнози.
Кај други животни
уредиЕпилепсијата се појавува кај голем број животни, вклучувајќи ги и кучињата и мачките и претставува најголемо мозочно нарушување кај кучињата.
Извор
уредиКласификација | |
---|---|
Надворешни извори |
„Епилепсија“ на Ризницата ? |
Портал за мозокот Архивирано на 5 декември 2020 г.