Втора македонска кошаркарска лига
Втората Македонска Кошаркарска Лига позната и како Втора лига мажи - кошаркарско натпреварување од втор највисок ранг во Република Македонија.
Моментална сезона или издание: Втора македонска кошаркарска лига 2019/20 | |
Спорт | Кошарка |
---|---|
Основана | 1992 |
Држава | Македонија |
Тековен првак | МЗТ Аеродром (II) (1. титула) |
Поврзани натпреварувања | |
Основач | МКФ |
Портал | mkf.mk |
Формат
уредиВо сезоната 2019/20, во лигата настапуваат 18 кошаркарски екипи, со по 9 екипи во Исток и Запад. Секоја екипа игра двапати против останатите единаесет екипи (дома и гости). Првите четири екипи од двете лиги напредуваат во разигрувањата. Освојувачот на разигрувањата напредува во Првата лига мажи. Вицепрвакот потоа игра бараж за унапредување против претпоследната екипа од Првата лига.
Сезона 2019/2020
уредиЗапад
уредиЕкипа | Град | Сала |
---|---|---|
Албес | Скопје | |
Ангели | Скопје | Училишна сала Независна Македонија |
Мега Баскет | Прилеп | Училишна сала Добре Јовановски |
Партизан Мулти Шпед | Скопје | А1 Арена (мала сала) |
Спорт Тим | Неготино | Училишна сала Св. Кирил и Методиј |
Тетекс ТТК | Тетово | Училишна сала 8ми Септември |
Хераклеја | Битола | Боро Чурлевски |
Црн Дрим | Струга | Училишна сала Нико Нестор |
Чаир 2030 | Скопје | Училишна сала 7 март |
Исток
уредиЕкипа | Град | Сала |
---|---|---|
Баскет Кам | Македонска Каменица | Училишна сала Кирил и Методиј1 |
Борец Баскет | Велес | Гемиџии |
Куманово (II) | Куманово | Училишна сала Перо Наков |
Риниа | Куманово | Спортска сала Куманово |
Спарта | Скопје | СРЦ Кале |
Струмица | Струмица | Училишна сала Никола Карев |
ТФТ | Скопје | А1 Арена (мала сала) |
Феникс 2010 | Скопје | Училишна сала Методија А. Ченто |
Шкупи | Скопје | Училишна сала Шабан Трстена |
Претходни прваци
уредиЕкипи унапредени во Првата лига |
1 Вардар добил вајлд карта[1] 2 Работнички 2000 го откажал учеството во Првата лига за следната сезона[4] 3 Работнички 2000 го откажал учеството во Првата лига за следната сезона[5] 4 Фени Индустри добил вајлд карта[6] |
5 Т-Баскет го откажал учеството во Првата лига за следната сезона поради технички проблеми[9] 6 Вардар добил вајлд карта[10] 7 Радовиш по пат на договор му го отстапил местото на Блокотехна.[11][12] 8 Водњански Лисици го откажал учеството во Првата лига поради финансиски причини.[13][14] 9 МЗТ Аеродром (II) победил во разигрувањето помеѓу најдобрите осум екипи од лигите Исток и Запад.[15] |
Поврзано
уредиБелешки
уреди- 1. a : Поради ширењето на заразата COVID-19 од вирусот SARS-CoV-2, Кошаркарската федерација на Македонија на 12 март 2020 (после 13 одиграни кола) одлучила, поради безбедноста на кошаркарските работници, привремено да ја суспендира Втората лига и останатите натпреварувања организирани од Федерацијата.[16] Подоцна, Федерацијата одлучила во скратен турнир, двете најдобри екипи да бидат унапредени во Првата лига.[17][18] Но на 25 јуни, Управниот одбор заклучил дека поради пандемијата, сепак натпреварување нема да има и првите пласирани екипи од Западот и Истокот (Црн Дрим и ТФТ) биле унапредени во Првата лига.[7][8]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Орка Спорт спонзор на Николферт Г“. dnevnik.com.mk. 2000. Посетено на 22 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Работнички 2000 и Вардар Линеа - нови прволигаши“. dnevnik.com.mk. 2004. Посетено на 13 февруари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Велешката кошарка се враќа во елитата“. dnevnik.mk. 2005. Посетено на 19 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ „Никол Ферт и Соколи ја отвораат сезоната“. vest.com.mk. 4 октомври 2002. Посетено на 23 јануари 2017.[мртва врска]
- ↑ Беспотресно прелевање и едно прволигашко откажување[мртва врска] vest.com.mk 2 јули 2004
- ↑ „Фени Индустри ќе се пријави за во Првата лига“. dnevnik.mk. 21 мај 2006. Посетено на 19 јануари 2017.
- ↑ 7,0 7,1 „Тафталиџе ќе гледа прволигашка кошарка, ТФТ и Црн Дрим се во елитата!“. gol.mk преку web.archive.org. 25 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 8,0 8,1 „ТФТ и Црн Дрим нови прволигаши“. basketball.mk преку web.archive.org. 23 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-26. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ Т-баскет: Не се откажуваме, кога-тогаш ќе донесеме прволигашка кошарка во Тетово! sportmedia.mk 24 јули 2015
- ↑ КК Вардар се враќа во елитата и продолжува со младите играчи Архивирано на 2 септември 2016 г. ekipa.mk 1 септември 2016
- ↑ „Блокотехна – нов кошаркарски прволигаш“. ekipa.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ „Блокотехна би играла во втората АБА лига“. sportmedia.mk. 3 јули 2017. Посетено на 4 јули 2017.
- ↑ „Нема Прва лига за Шкупи и за Водњански лисици“. sportmedia.mk. 5 септември 2018. Посетено на 8 септември 2018.
- ↑ „МКФ потврди: Првата лига ќе брои десет екипи“. ekipa.mk. 5 септември 2018. Посетено на 8 септември 2018.
- ↑ „Втор тим на МЗТ Аеродром обезбеди пласман во ПЛМ!“. Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org. 25 мај 2019. Архивирано од изворникот на 2019-05-27. Посетено на 27 мај 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Соопштение до јавноста“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 12 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-13. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Антиќ пресече: Нема шампион, нема испаѓање од кошаркарската Прва лига“. ekipa.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-16. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „КФМ донесе конечна одлука: Сезоната е завршена, шампион нема да има!“. gol.mk преку web.archive.org. 14 мај 2020. Архивирано од изворникот на 2020-05-16. Посетено на 26 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)