Втора македонска кошаркарска лига 2015/16

кошаркарско натпреварување

Втората македонска кошаркарска лига 2015/16 било 24. издание на Втората македонска кошаркарска лига. Сезоната започнала на 24 октомври 2015 година, а завршила на 9 април 2016 година. Во оваа сезона првак бил АВ Охрид.

Втора македонска кошаркарска лига 2015/16
Лига Втора македонска кошаркарска лига
Спорт кошарка
Временски период 24 октомври 2015 - 9 април 2016
Број на екипи 10
2015/16
Сезонски прваци АВ Охрид
  вицепрваци Вардар
Сезони на Втора македонска кошаркарска лига

← 2014/15

2016/17 →

Екипи уреди

Местоположба на екипите кои учествувале во сезоната 2015/16
Екипа Град Сала
АВ Охрид1 Охрид Билјанини Извори
Академија ФМП Скопје Универзитетска сала Македонски Херои
Ангели2 Скопје Училишна сала Независна Македонија
Вардар Скопје СРЦ Кале (мала сала)
Водњански Лисици Скопје Градски Парк
Гостивар 20153 Гостивар Младост
Пелистер Битола Младост
Радовиш Радовиш 25 Мај
Тетекс ТТК Тетово Училишна сала Никола Штејн
Шкупи Скопје Училишна сала Шабан Трстена

1 Црн Дрим и АВ Охрид си ги замениле местата во Втората односно Третата лига.[1]

2 Вардар Апаве му го отстапил местото на Ангели.[1]

3 Т-Баскет му го отстапил местото на Гостивар 2015.[2]

4 Гоце Делчев и Борец Баскет го откажале своето учество.[3]

Табела уреди

     Екипи кои напреднале во Првата лига мажи
     Екипи кои отпаднале во Третата лига мажи
Место Екипа Победи Порази Постигнати
Кошеви
Примени
Кошеви
Кош
Разлика
Бодови
1. АВ Охрид 17 1 1579 1320 + 259 35
2. ВардарВК 15 3 1366 1143 + 223 33
3. Гостивар 2015 12 6 1366 1179 + 187 30
4. ПелистерВК 9 9 1271 1262 + 9 27
5. Ангели 8 10 1337 1447 - 110 26
6. Водњански Лисици 8 10 1202 1233 - 31 251
7. Тетекс ТТК 6 12 1255 1431 - 176 24
8. Радовиш 5 13 1288 1401 - 113 23
9. Шкупи 5 13 1463 1597 - 134 23
10. Академија ФМП 5 13 1308 1422 - 114 23

ВК Вардар и Пелистер добиле вајлд карта заради пополнување на Првата лига[4]

1 Водњански Лисици бил казнет со одземање на 1 бод поради неодигрување натпревар против Вардар

Извор: Македонска Кошаркарска Федерација преку web.archive.org

Поврзано уреди

Наводи уреди

Надворешни врски уреди