СРЦ Кале

спортска сала во Скопје

Спортско рекреативниот центар Кале или само СРЦ Кале — повеќефункционална спортска сала во Македонија. Салата се наоѓа на левата страна на Вардар во близина на Националната Арена „Филип II Македонски“ во Скопје.

Спортско рекреативен
центар Кале
FortressArena.jpg
Место Скопје, Македонија
Отворен
Сопственик Кошаркарска федерација на Македонија (голема сала)[1]
КК Вардар (мала сала)
Игра КК Вардар (мала сала)
Гледачи 2,000 (голема сала)
250 (мала сала)

ИсторијаУреди

Големата сала била домашен терен на ракометниот клуб Вардар,[2] додека малата сала припаѓа под концесија на кошаркарскиот клуб Вардар.

Салата во минатото била позната и како "Македонска ракометна тврдина". Главно салата се користи за ракометни натпревари, но покрај ракометот во салата се одржуваат и други спортски настани како: бокс, борење, кошарка, одбојка, футсал како и музички концерти.[3]

Поважни натпревари одиграни во СРЦ КалеУреди

НаводиУреди

  1. „Во КФМ се пакуваат!“. sportmedia.mk преку web.archive.org. 27 август 2020. Архивирано од изворникот на 2020-08-27. Посетено на 27 август 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Сала СРЦ КАЛЕ-СКОПЈЕ
  3. "Фејтлес" во СРЦ "Кале". Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2012-06-20.