A1 Арена (спонзорското име на Спортскиот центар „Борис Трајковски“) — втората најголема повеќенаменска спортска сала во Македонија.

А1 арена
Надворешен изглед на салата
Надворешен изглед на салата

Место Скопје, Македонија
Започнат 2003
Отворен 2008
Сопственик Град Скопје
Игра Кошаркарска репрезентација (мажи и жени), Ракометна репрезентација (мажи и жени), Одбојкарска репрезентација (мажи и жени)
Гледачи 6,200¹
¹4.360 фиксни и дополнителни 1840 мобилни седишта [1]

При нејзиното пуштање во употреба била именувана по покојниот македонски претседател Борис Трајковски. Нејзиното свечено отворање било на 22 мај кога настапиле кошаркарските егзибионисти Харлем Глоубтротерс. Салата има сместивост од 6,200 места. Салата била домаќин на Европското првенство во ракомет за жени одржано во 2008. Таа е исто така дом на повеќе македонски национални репрезентации.

Спортскиот центар го променил своето име со потпишувањето на договорот со компанија „А1 Македонија“, кој ќе траел две години со можност за продолжување на уште две години.[2]

Технички спецификации уреди

Повеќенаменската сала “Борис Трајковски” е и најкомплексниот спортски објект што некогаш се изградил во Македонија. Во неа постојат две сали, една поголема која е и главна со максимална сместивост од 7000 (за кошаркарски натпревари) и 10,000 за концерти и други културни манифестации, како и една помала со сместивост од 500 седишта која може да се користи за тренинзи и за помали натпревари. Комплексот располага со опрема и со реквизити за сите спортови што се играат во него, а е приспособен во него да се одржуваат и музички, културни и други манифестации. Мултифункционалноста на објектот се надополнува со изградбата на сауна, фитнес сала, кугларница, амбуланта и други. Во склоп на салата се наоѓаат и деловни простории во кои е сместено претпријатието што ја управува салата, а предвидени се и два ресторани и кафулиња, како и простори за продавници.[3]|[4]

Историја уреди

Салата започнала да се гради на почетокот на 2004, а инвеститор бил Град Скопје. Таа била најавувана како еден од капиталните проекти на поранешниот градоначалник Ристо Пенов. Првичниот рок што си го поставиле градските власти за завршување на изградбата бил една година, но тој бил повеќекратно пробиен поради проблемите кои се појавувалее при изградбата. Уште на почетокот, додека се копале темелите, избиле подземни води и целото градилиште се поплавило. Тоа донело дополнителни трошоци од околу еден милион евра На неколку наврати градската каса останувала без доволно средства, што довело неколкупати свечено да биде одбележувано продолжувањето на градежните работи по повторното изнаоѓање на материјални средства. По доаѓањето на Трифун Костовски на градоначалничката функција на Град Скопје, градот започнал преговори со Владата да го предаде објектот во нивна јурисдикција. Преговорите се воделе уште со претходната влада и завршиле безуспешно, по што во февруари 2007 градот и Владата потпишале договор за примопредавање. Било формирано заедничкото друштво „Борис Трајковски” кое раководи со објектот, и секој од инвеститорите добил соодветен број акции во него, според парите што ги вложил или што ќе треба да ги вложи во изградбата.

Дополнително се направени измени во вентилацискиот систем кој сега е способен да овозможува непречена вентилација за 10.000 посетители.

Во февруари 2016 година, салата го добила името ВИП Арена поради склучување на двегодишен договор со компанијата Оне.ВИП.[5][6][7] Денеска спортскиот центар го носи името А1 Арена поради склучување на договор со компанијата А1 Македонија.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. http://www.ehf-euro.com/Boris-Trajkovski.861.0.html
  2. „Салата „Борис Трајковски" стана „Вип арена". Утрински весник. Скопје: МПМ Македонија. 15 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2017-05-27. Посетено на 5 ноември 2016.
  3. http://www.ehf-euro.com/Boris-Trajkovski.861.0.html%7C "Податоци за салата од ЕХФ"
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-11-15. Посетено на 2010-09-22.
  5. „ВИП Арена“ за поголеми успеси на македонскиот спорт sportmedia.mk 15 февруари 2016
  6. Големата сала на СЦ „Борис Трајковски“ ребрендирана во „ВИП арена“ Архивирано на 16 февруари 2016 г. ekipa.mk 15 февруари 2016
  7. СЦ „Борис Трајковски“ станува „ВИП Арена“ Архивирано на 17 февруари 2016 г. sportclub.mk 15 февруари 2016

Белешки уреди

  • а Сместивоста на салата дополнително била зголемена во март 2009 година.На источната трибина беше изградена монтажна трибина од 250 седишта.