Отвори го главното мени

ДСУ „Св. Кирил и Методиј“ - Неготино

Формирање и развојУреди

Во рамките на СОУ “Св. Кирил и Методиј”- Неготино постои и билингвална паралелка од I до IV година. Иницијативата за отварање на оваа паралелка ја покрена Иницијативен одбор во состав Коста Ќупов - директор, Трајков Атанас - педагог, Ѓорѓиева Марика - професор по физика и Лазова Радица - професор по француски јазик. По изработениот елаборат, Министерството за образование донесе одлука за започнување на реализација на проектот.

Во октомври 1996 год. започна обуката на група професори со подготвителни курсеви по француски јазик од претставниците на француските универзитети. Посебно ги истакнуваме придонесите што ги даде Ана Малиплат-Миладинова во подготвување на професорите и воведување љубов кон францускиот јазик. Јазичното усовршување на професорите продолжува и во наредните години со нивни престои во разни лингвистички институции во Франција.

Во учебната 97-98 год. Започнува реализацијата на проектот. Професорите и првите ученици во паралелката (20) се пионери, први во оваа работа, која мораме да ја признаеме дека беше тешка, но со добрите услови и желбата за работа, тешкотиите беа надминати.

Електро-техничка СтрукаУреди

Во рамките на училишниот центар за средно образование во 1979 за потребите на Фабриката за кабли ,,9 мај” - Неготино започнува со работа електротехничка струка 3 – степен со следните занимања”

а) електроинсталатер;
б) кабловец

Во 1984 година се проширува во 4-ти степен од електротехничар и мернорегулациона техника. 1992 година продолжува со работа електромеханичка струка со нови занимања:

3-ти степен: електромаханичар за телекомуникации
4-ти степен: електромеханичар за автоматика и сметачка техникаВо 1994 година се менува занимањето од 3-ти степен електротехничка струка и се верифицира ново занимање за електротехничар за електронски уреди. Во 2000 година во ДСУ”Св.Кирил и Методиј” во електротехничка струка се верифицира специјалистичко образование од електротехничка струка за:
а) електротехничар специјалист за сервирање на мерни управувачки уреди
б)електромеханичар специјалис за мерни инструменти и уреди.

Денес во електротехничките струки постојат занимањата:

3-ти степен: електромеханичар за телекомуникации;
4-ти степен: електромеханичар за автоматика и сметачка техника;

Занимањата од 3-ти степен после неколку годишно егзистирање се менуваат зависно од потребите на индустријата и заситување на истата со стручен кадар. Во перидот од 25 години постоење на електротехничка струка се школувале повеќе од 2500 ученици.


Прехранбена струкаУреди

Во рамките на училишниот центар од 1972/73 год. е запишана првата генерација прехрамбени техничари во Средното хемиско техничко-технолошко-прехранбено училиште ,Луи Пастер".Во 1974 год. како резлутат на интеграцијата на прехранбеното училиште и гимназијата во Неготино запчнаа да функционират две струки: Гимназиска и Прехранбена. Во фокусот на вниманието таа далечна 1972 год. во него се школуваат ученици од многу градови во Републикава: Неготино, Кавадарци, Гевгелија, Куманово, Валандово,Кочани, Струмица и др.

Денес се подготвуваат кадри од следните профили: прехранбен техничар и преработувач на брашно жито и шеќер за потребите на стопанството.

Учество на натпревариУреди

Освоени наградиУреди

Познати личности кои учеле во ова училиштеУреди

Познати личности кои предавале во ова училиштеУреди

Надворешни врскиУреди