Не го поистоветувајте со клубот Струмица 2005.

КК Струмица — кошаркарски клуб од Струмица, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата македонска лига.

КК Струмица
ЛигаПрва Лига
Основанмај 2012; пред 12 години (2012-05)
МестоСтрумица
Бои на клуботсина и бела
         
ТренерЗлатко Зетов
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја

уреди

Клубот бил создаден во 2012 година кога се споиле екипите на КК Милениум, АБА Струмица, КК Феликс и КК Горани Баскет. Правен наследник на новооформениот клуб е КК Милениум.[1]

Во сезоната 2018/19 од Втората лига, Струмица била исфрлена од натпреварувањето поради два службено загубени натпревари.[2][3] За сезоната 2019/20, КК Струмица повторно пријавила екипа во Втората лига.[4]

Во сезоната 2021/22, клубот се вратил во Првата македонска лига.

Состав 2022/23

уреди
Број Име Висина
(см)
Позиција Години Националност Пристигнал
во (година)
Претходен клуб
3 Ранко Мамузиќ 202 см Крило 26   Македонија 2022 Работнички
4 Исак Асрат 188 см плејмејкер 27   САД 2022 ЛС Легендс
5 Димитар Зетов 187 см плејмејкер 18   Македонија 2022 Младински состав
7 Иван Волкановски 209 см центар 24   Македонија 2022 Работнички
10 Душан Ахтаров 194 см бек 19   Македонија 2022 Младински состав
11 Александар Шајкаров 198 см Крило 29   Македонија 2022 Младински состав
12 Светозар Стаменковиќ 206 см центар 33   Србија 2022 КК Лесковац
14 Васил Томов 200 см Крилен центар 20   Македонија 2022 Младински состав
17 Ефе Бешок 209 см Крилен центар 27   Турција 2022 Акхисар
20 Андреја Атанасов 188 см бек 26   Македонија 2022 Ангели
25 Никола Мицев 183 см бек 22   Македонија 2022 Младински состав
77 Стефан Крстајиќ 190 см бек 29   Србија 2022 Пелистер

Извор:eurobasket.com

Наводи

уреди
  1. Струмичките кошаркари се обединија во КК Струмица Архивирано на 25 јули 2012 г. strumicanet.com 23 мај 2012
  2. „Билтен (број 4) на сениорските лиги на Македонија“ (PDF). Македонска кошаркарска федерација преку web.archive.org. 2 ноември 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-05-04. Посетено на 9 ноември 2019.
  3. „КЛУБОТ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Од Струмица, на улица!“. sportmedia.mk. 31 октомври 2018. Посетено на 3 ноември 2018.
  4. „Почнува натпреварувањето во Втората машка лига“. Кошаркарска федерација на Македонија преку web.archive.org. 8 ноември 2019. Архивирано од изворникот на 2019-11-09. Посетено на 9 ноември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)

Надворешни врски

уреди