КК Т-Баскет е поранешен кошаркарски клуб од Тетово, Македонија.

КК Т-Баскет
Лига/
Основан2010; пред 14 години (2010)
Распаднат30 септември 2015; пред 8 години (2015-09-30)
МестоТетово
Бои на клуботсина и бела
         
Тренер/
Позиција 2014/15
Втора лига мажи (последна сезона)
1ви (унапредени)
Прваци1 Втора Лига Мажи
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја уреди

Клубот бил основан во 2010 година како кошаркарска школа. Т-Баскет своето деби го започнал во сезоната 2011/12 во Третата лига каде завршил на петтото место.[1] Во сезоната 2012/13, Т-Баскет завршил на второто место каде обезбедил место во Втората лига за следната сезона.[2] Во сезоната 2013/14 завршил на третото место во Втората лига, што било недоволно за влез во Првата лига.[3] Но меѓутоа Лирија го откажала своето учество во Првата лига, со што Т-Баскет влегол во лигата на нивното место.[4] Но поради ненаоѓање соодветна сала, Т-Баскет бил исфрлен од Првата лига,[5][6][7] и се вратил во Втората лига.[8] Следната 2014/15 сезона, клубот ја освоил Втората лига и бил унапреден во Првата лига. Повторно поради ненаоѓање на соoдветна сала, на Т-Баскет му било одбиено да учествува во Првата лига.[9] Клубот одново се вратил во Втората лига но подоцна му го предал неговото учество на Гостивар 2015 по пат на договор.[10]

Последен состав уреди

Тренер на екипата бил Милан Сотировски.

број име висина см позиција години националност претходен клуб
Војче Левковски 23   Македонија Вардар Апаве
Ренато Димитриевски 196 Бек
Крилен центар
23   Македонија Колибри
Александар Стефановски 193 Бек 33   Македонија Тетекс ТТК
Роберт Димитриевски 196 Бек
Крилен центар
23   Македонија Колибри
Бранко Јаневски 203 Крилен центар 27   Македонија Струмица
Ацко Рафајловски 22   Македонија младински тим
Ивица Пејовски 17   Македонија младински тим
Александар Горчевски 26   Македонија младински тим
Дејан Милисављевиќ 16   Македонија младински тим
Мевлан Јонузи 16   Македонија младински тим
Никола Ристовски 24   Македонија младински тим
Борче Угриновски 15   Македонија младински тим
Крсте Ваоски 21   Македонија младински тим
Ненад Апостоловски 27   Македонија младински тим
Слободан Михајловски 32   Македонија младински тим
Даријан Сотировски 22   Македонија младински тим
Славиша Јанески 24   Македонија младински тим

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-25. Посетено на 2014-09-18.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-03-25. Посетено на 2014-09-18.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-03-20. Посетено на 2014-10-04.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-09-19. Посетено на 2014-09-17.
  5. Т-БАСКЕТ: ИСПОЛНЕТИ СИТЕ ТЕХНИЧКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ БАРАЊА, НО САЛА НЕ МОЖЕМЕ ДА ИЗГРАДИМЕ[мртва врска] tip.com.mk 9 октомври 2014
  6. ПРВАТА ЛИГА ОСТАНУВА СО ДЕВЕТ ЕКИПИ, Т-БАСКЕТ ГО ОТКАЖА УЧЕСТВОТО[мртва врска] tip.com.mk 9 октомври 2014
  7. Тетовци се откажаа во „5 до 12“, Првата лига со девет клуба Архивирано на 10 октомври 2014 г. ekipa.mk 9 октомври 2014
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2014-05-27. Посетено на 2014-10-20.
  9. Т-баскет: Не се откажуваме, кога-тогаш ќе донесеме прволигашка кошарка во Тетово! sportmedia.mk 24 јули 2015
  10. Изјава на КК Т-Баскет КК Т-Баскет на Facebook 30 септември 2015

Надворешни врски уреди