Кајмак (филм)
Кајмак — македонски филм снимен во 2021 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. Главните улоги ги играат: Ратка Радмановиќ, Камка Тоциновски, Благоја Чоревски, Сара Климоска, Петар Мирчевски, Александар Микиќ, Борис Чоревски, Симона Спировска.[1] Филмот ја имал својата премиера за време на Токискиот кинофестивал одржан на 26 октомври 2022 година во Јапонија.
„Кајмак“ | |
---|---|
![]() Плакатот за филмот | |
Режисер | Милчо Манчевски |
Продуцент | Милчо Манчевски |
Сценарист | Милчо Манчевски |
Главни улоги | Камка Тоциновски Петар Мирчевски Ратка Радмановиќ Благоја Чоревски Сара Климоска Борис Чоревски Александар Микиќ Ана Стојановска Лазе Манасковски Дејан Лилиќ Младен Крстевски Соња Михајлова Ѓорѓи Јолевски |
Дистрибутер | МТВ |
Премиера | 26 октомври 2022 Токио |
Држава | ![]() |
Јазик | македонски |
Заднина и издавањеУреди
Работата на филмот „Кајмак“ траела неколку години, а издавањето на филмот било најавено во 2021 година. „Кајмак“ ја доживеал својата светска премиера на Токискиот фестивал, каде што бил добро примен од страна на јапонската публика. По прикажувањето на филмот, Манчевски одржал предавање кое исто така било добро прифатено. Наредната премиера филмот ја доживеал во Тајван, каде што бил прикажан на кинофестивaлот „Златен коњ“ во Тајпеј. И во таа држава, Манчевски заедно со глумечката екипа имале контакт со публиката во кои раскажувале за работата зад филмот. Третата премиера на филмот се одржала на 16 ноември во Македонската филхармонија. Освен тоа, филмот бил прикажан и низ речиси 30 града низ Македонија, односно на сите оние места каде што има техничка можност за прикажување.[2]
СодржинаУреди
Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да се смести во кој било жанр.[3] Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства.[2]
ПродукцијаУреди
Како директор на фотографија служел Улрик Боел Бенцен од Данска, а за монтажата бил задолжен Емил Нунинга од Холандија. Музиката во филмот е на „Дејниш стринг квартет“ и на Игор Василев-Новоградска.[3]
Критички приемУреди
Приемот на филмот „Кајмак“ при неговото издавање бил главно добар. Во рецензија за весникот Слободен печат, новинарката Миланка Рашиќ вели дека филмот е „сценаристички силен и издржан филм, со вдахновена режија на Манчевски и многу посветено внимание на детали“. Таа исто така го пофалила талентот на глумечката екипа и за крај го обопштила филмот на следниот начин: „Оваа урбана приказна, провокативна и полна со изненадувања, ни дава да размислуваме за слободата да избереме живот по свои правила, за храброста да се направи првиот чекор и да се тргне кон среќата“.[3]
УлогиУреди
Глумец | Улога |
---|---|
Камка Тоциновски | Ева |
Сара Климоска | Доста |
Александар Микиќ | Карамба |
Симона Спировска | Данче |
Ана Стојановска | Виолетка |
Филип Трајковиќ | Методи |
Петар Мирчевски | Богдан |
Матеа Јанковска | Саманта |
Ратка Радмановиќ | Натка |
Благоја Чоревски | Мишко |
Соња Михајлова | Благица |
Филип Мирчевски | Горан |
Никола Ристески | Владо |
Емилија Мицевска | Репортер Бенита |
Лазе Манасковски | Кумот |
Борис Чоревски | Манчо |
Жаклина Петровска | Сузе |
Ѓорѓи Јолевски | д-р Ангелковски |
Шенка Колозова | Бабата |
Ангела Димитрова | Уна |
Дејан Лилиќ | Јоаким |
Александра Пешевска | Мирка |
Крсте Јовановски | Судија |
Горан Трифуновски | Слободан |
Марко Трајковиќ | Горазд |
Јасмина Василева | Кумата |
Ана Димитрова | Габриела |
Крсте Родзевски | Наќе |
Младен Крстевски | |
Владимир Ендровски | Трајче |
Гордана Ендровска | |
Нино Леви | |
Борче Начев | |
Диме Илиев |
НаводиУреди
- ↑ „„Кајмак" е безобразна комедија — Милчо Манчевски на 6 јули почнува со снимање на својот седми филм“. Сакам да кажам. 17 јуни 2021. Посетено на 15 ноември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „По Токио и Тајпеј, „Кајмак" на Манчевски дома“. Нова Македонија. 16 ноември 2022. Посетено на 17 ноември 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Рашиќ, Миланка (16 ноември 2020). „Рецензија за „Кајмак": Поглед во огледало“. Слободен печат. Посетено на 17 ноември 2022.