Ратка Чоревска
Ратка Чоревска (Штип, 25 февруари 1925 - Битола, 7 јануари 2016)[1] — македонска глумица, доајен на македонската глума.
Ратка Чоревска | ||
Роден | 25 февруари 1925 Штип, ![]() | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 2016 Битола, ![]() | |
Занимање | глумица | |
Сопружник | Трајко Чоревски | |
Деца | Благоја Чоревски Борис Чоревски |
ЖивотописУреди
Чоревска е родена во Штип во 1925 година. Била дел од многу театарски ансамби во Македонија, но и во играни филмови. Таа од 1950 година била дел од Народниот театар во Битола каде што настапувала до 1994 година. Нејзиниот ангажман во Битолскиот народен театар останал запаметен по многу улоги. Добитник е на многу награди и признанија, а во 2010 година ја добила наградата за животно дело на фестивалот Војдан Чернодрински во Прилеп. Таа е сопруга на глумецот Трајко Чоревски и мајка на глумците Благоја и Борис Чоревски. Починала во Битола на 7 јануари 2016 година.
ТворештвоУреди
Театрографија[2]Уреди
- Саветка (Антица, 1950);
- Мартирија (Домот на Бернарда Алба, 1958);
- Лучила (Дубровнички ѓаволштилак - Пјерин, 1960);
- Цонка (Чорбаџи Теодос, 1962); Ана (Покојник, 1964);
- Велика (Бегалка, 1964); Даниела (Разбојници, 1967);
- Евгенија (Окрвавен камен, 1968);
- Стоја (Нечиста крв, 1971);
- Тештата (Крвави свадби, 1971);
- Меги Скат (Нашето бебе, 1972);
- Велика (Бегалка, 1972);
- Антоанета (Бубачки в глава, 1973);
- Раиса Филиповна (Самоубиец, 1973);
- Втора жена (Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко, 1973);
- Соја (Госпоѓа министерка, 1973);
- Леди Фицбатрес (Младите се прекрасни, 1974);
- Клеона (Андромаха, 1975); Ката (Млади синови, 1977);
- Петрија (Чорбаџи Теодос, 1979);
- Јованка (Лице в лице, 1979);
- Стојна (Свадба, 1979);
- Баба Трпана (Џинот фалбаџија, 1981);
- Кнез (Трите волшебни кучиња, 1982);
- Бабата (Пубертетлии и фосили, 1985);
- Савка (Госпоѓа министерка, 1990);
- Војводата Солин (Мајстори на забуни, 1994)
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1955 | Волчја ноќ ТВ-филм | |
1967 | Македонска крвава свадба ТВ-филм | |
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | / |
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | / |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | |
1979 | Курирот на Гоце ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | / |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | |
1981 | Булки крај шините ТВ-серија | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1987 | Ѕвездите на 42-та ТВ-филм | / |
1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | Баба Стана |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | |
1998 | Збогум на 20-тиот век ТВ-филм | |
2006 | Нави ТВ-филм |
НаводиУреди
- ↑ Ратка Чоревска на мрежното место на ИМДб
- ↑ „Личности, Македонски автори: Годишнини“. Архивирано од изворникот на 2016-04-09. Посетено на 2016-01-23.
Надворешни врскиУреди
- Ратка Чоревска на Семрежната филмска база на податоци (англиски)