Сомнително лице
Сомнително лице е драма на српскиот писател Бранислав Нушиќ, напишана помеѓу 1887 и 1888 година. Била изведена за прв пат во Народниот театар (Белград)на 29 мај 1923 година. На комичен начин, драмата ја обработува корумпираната состојба на државните функционери во Србија и влијанието на династијата Обреновиќ. Оваа причина влијаела на одлуката на директорот на Народниот театар Милорад Поповиќ Шапчанин да не го вклучи делото на репертоарот.
Изведба и објавување
уредиПремиерата на Сомнително лице се одржала на 29 мај 1923 година. Бранислав Нушиќ во средината на 1920 г. напишал предговор во кој истакнал дека делото е создадено помеѓу 1887 и 1888 година, но дека тоа не било прифатено од тогашниот управител на Народниот театар, Милорад Поповиќ Шапчанин. И покрај фактот што Милорад позитивно го оценил делото, тоа не било вклучено на репертоарот. Причината за ова е спомнувањето на владејачката династија Обреновиќ во лош контекст. По политичкиот пресврт во земјата и промената на династијата, Бранислав му ги предал ракописите на тогашниот управител на театарот, Никола Петровиќ. Иако тој изјавил дека му се допаѓа и му честитал на Нушиќ за комедијата, Никола не ја прифатил драмата поради страв од политичка реакција.
Набргу Петровиќ бил сменет, а на негово место бил назначен Нушиќ за раководител на Народниот театар во Белград. За време на неговото двегодишно управување се соочил со искушението да ја прифати својата работа, но набрзо се откажал од тоа, сметајќи дека треба да ги слуша советите на Милорад Поповиќ Шапчанин.
Непосредно пред почетокот на Првата светска војна, Нушиќ бил во Македонија како раководител на театарот во Скопје. Тој се упатил кон Приштина, со цел да се евакуира преку Призрен и Албанија. Сите тетратки и повеќето недовршени дела ги оставил во Скопје. Бидејќи патот од Приштина до Призрен морал да го препешачи, Бранислав фрлил дел од своите ракописи за да го намали товарот. Меѓу фрлените работи бил и ракописот нз Сомнително лице. Во Призрен, преостанатите работи и ги доверил на Србинка, која ги сокрила хартиите под подот на таванот. Веднаш по завршувањето на војната во 1918 Нушиќ се вратил во Скопје и дознал дека бугарските војници ги пронашле неговите скриени дела во Призрен и ги запалиле. Набргу потоа ја испратил сопругата Даринка во Приштина да го најде гробот на татко му, кој починал за време на окупацијата. Поминувајќи низ старите улици, жената ја забележала поранешната станодавка. Таа ја известила дека ги зачувала сите фрлени документи, меѓу кои била и драмата Сомнително лице.
По реконструкцијата на уништениот театар, управникот Милан Грол, за време на неговиот трет мандат, на репертоарот го вклучил Сомнителното лице на Нушиќ. Претставата доживеала голема популарност и неколку репризи во повеќе театри.
Заплет
уредиПретставниците на тогашната власт се користољубиви и подмитливи верни следбеници кои околу себе собирале луѓе слични на нив. Тие биле подготвени на се за да ја зачуваат својата позиција. Капетанот Јеротије е „кариерист“, глупав и ограничен човек кој сака да чита туѓи писма. Фаќањето на сомнително лице е начин да обезбеди унапредување во службата, иако не го заслужил тоа, бидејќи е кукавица и лош државен службеник. Асистентите на капетенот не се разликуваа многу од него. Писателот Виќа е препотентен и груб човек кој се збогатил преку државната служба, додека Жика е необразован човек и озлогласен пијаница. Однесувањето на Јеротије и Виќа за време на истрагата, начинот на апсење и испрашување на невиниот млад човек најдобро покажуваат каква била тогашната власт во Србија. Откако дознава кој е сомнителниот и кои се неговите намери, Јеротије доживува личен пораз и голем срам, но тоа не го спречува да се заштити и да остане на власт. Доволно му е да измисли приказна и да обвини личност на пониска позиција од неговата.
Главни ликови
уреди- Јеротије Пантиќ
- Виќа
- Жика
- Марица и Ѓока
- Анѓа - сопругата на капетанот
- Газда Миладин
- Газда Спаса
- Алекса Жуниќ
- Таса и Милисав - писари
- Јоца - полицаец
Филмска адаптација
уреди- Сомнително лице (филм) - Предраг Динуловиќ и Софија Соја Јовановиќ во 1954 година го напишале сценариото и го режирале истоимениот филм според комедијата на Нушиќ.
- Сомнително лице (ТВ филм од 1979 година)
- Сомнително лице (ТВ филм од 1990 година)