Ромео и Јулија
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
„Ромео и Јулија“ (англ. Romeo and Juliet) е трагедија на Вилијам Шекспир во која се работи за двајца млади љубовници чија предвремена смрт засекогаш ги обединува нивните скарани семејства. „Ромео и Јулија“, заедно со „Хамлет“, се вбројува меѓу најпознатите Шекспирови дела, а двајцата главни ликови се сметаат за архетип на млади љубовници. „Ромео и Јулија“ спаѓа во родот на антички љубовни трагедии. Заплетот во трагедијата е заснован на италијанска приказна, препеана во стихови во делото „Трагичната историја на Ромео и Јулија“ на Артур Брук (Arthur Brook) во 1562 г., а потоа преработена во проза во делото „Палатата на задоволствата” на Вилијам Пејнтер во 1582 г. Шекспир, главно ја пишувал трагедијата врз основа на двете дела, но додал и споредни ликови, како Меркуцио и Париз, со цел да го прошири заплетот. Трагедијата е напишана меѓу 1591 и 1595 г.,а за првпат била објавена во кварто верзија во 1597 г. Оваа верзија била со лош квалитет, но подоцна со поновите верзии таа сè повеќе наликувала на Шекспировиот оригинален текст. Шекспировата драматична структура, особено ефектите со помош на кои преминувал од комедија во трагедија до зголемена тензија, поголемата застапеност на споредните ликови, и споредните заплети и дејствија со цел да ја разубави приказната, сето тоа претставувало ран знак за неговата неверојатна драматична вештина. Драмата содржи различни поетски форми за различните карактери, понекогаш и формите се менуваат како што се развиваат ликовите. Ромео и Јулија е изведувана повеќепати на сцена, и адаптирана за мјузикл и опера.

Ликови уреди
Дејствието во Ромео и Јулија се одвива во Верона, помеѓу три видни семејства.[1]
|
|
Кратка содржина уреди
Дејствието започнува со улична расправија меѓу Монтеките и Капулетите. Доаѓа принцот од Верона и им вели дека доколку продолжат да го кршат законот ќе бидат казнети со смртна казна. Подоцна, грофот Парис го прашува г-динот Капулети дали ќе му ја даде неговата ќерка за жена, но тој се двоуми бидејќи Јулија има само тринаесет години. Го моли грофот да почека уште две години и го поканува на бал „ под маски ” кој ќе се одржи во неговиот дом. Г-ѓата Капулети и дадилката ја убедуваат Јулија да го прифати додворувањето на грофот Парис. По завршувањето на уличната расправија, Бенволио разговара со неговиот роднина Ромео, синот на г-динот Монтеки, за неговата скорешна депресија. Причи Ромеовата депресија е невозвратената љубов од девојка по име Розалина, една од внуките на г-динот Капулети. Ромео, наговорен од Бенволио и Меркуцио, оди на балот во домот на Капулетите со надеж дека ќе ја види Розалина. Меѓутоа, на балот Ромео ја запознава Јулија и се вљубува во неа. По завршувањето на балот, настапува таканаречената „ сцена на балконот ”, при што Ромео се прикрадува во дворот на Капулетите и ја гледа Јулија на балконот од каде што му се колне на вечна љубов и покрај омразата која што постои меѓу нивните семејства. Откако ја вади маската Ромео и Јулија одлучуваат да се земат. Со помош на фратарот Лоренс, којшто се надева дека ќе ги помири двете семејства преку венчавката на нивните деца, Ромео и Јулија тајно се земаат наредниот ден. Роднината на Јулија, Тибалт, навреден од тајното влегување на Ромео во домот на Капулетите, го предизвикува на двобој. Ромео, којшто го смета Тибалта за свој сонародник, одбива да се бори со него. Меркуцио му се лути на Тибалта за неговата дрскост, како и на Ромео за неговото толку лесно предавање,[2] и тој самиот во име на Ромео го прифаќа двобојот на Тибалт. Меркуцио е тешко ранет и Ромео, потресен од пријателовата смрт, и бесен на самиот себеси, го убива Тибалта. Принцот го протерува Ромео од Верона поради убиство. Исто така додава дека доколку се врати истиот тој час ќе биде убиен. г-динот Капулети, не земајќи ја предвид болката на Јулија, му дава дозвола на грофот Парис да ја земе за жена, и и се заканува дека доколку одбие ќе се откаже од неа. Јулија ја моли мајка и да го одложи бракот, но таа ја одбива. Ромео тајно влегува во собата на Јулија и таму заедно ја поминуваат ноќта. Наредниот ден таа го посетува фратарот Лоренс и бара помош од него, тој и дава напивка што ќе предизвика лажна смрт односно Јулија ќе биде во кома наредните два часа и четириесет минути.[3] Фратарот и ветува дека ќе испрати писмо преку кое ќе го извести Ромео за планот, односно тој да биде до неа кога таа ќе се разбуди. Ноќта пред венчавката, Јулија ја испива напивката, и кога ја пронаоѓаат „ мртва ”, ја погребуваат во семејната гробница. Писмото, како и да е, не стигнало до Ромео, и тој дознава за „ смртта ” на Јулија од неговиот слуга Балтазар. Скршен од болка, Ромео купува отров од аптекарот и се упатува накај гробницата на Капулетите. Тука го здогледува Парис кој дошол да ја оплакува Јулија. Воден од мислата дека Ромео е вандал Парис го напаѓа, но сепак на крајот Ромео го убива. Ромео мислејќи дека Јулија е мртва го испива отровот. Тогаш Јулија се буди и здогледувајќи го мртвото тело на Ромео, самата се прободува со неговиот нож. Скараните семејства заедно со принцот се сретнуваат во гробницата, откривајќи дека сите тројца се мртви. Фратарот Лоренс ја прераскажува приказната за двајцата млади љубовници. Смртта на Ромео и Јулија ги помирува двете скарани семејства со што се става и крај на нивната долгогодишна омраза. Трагедијата завршува со принцовата елегија за двајцата љубовници׃ „Не постои потажна приказна од оваа за Ромео и неговата Јулија.”[4]
Извори уреди
Ромео и Јулија е античка љубовна приказна која завршува трагично. Меѓу првите љубовни приказни била онаа на Пирам и Тизба ( Метаморфози, Овидиј ) којашто е слична со приказната на Шекспир. родителите на љубовниците се мразат, а Пирам исто така верува дека неговата љубов Тизба е мртва.[5] Приказната за Антија и Хавроком од Ксенофонт од Ефес, напишана во третиот век, исто така содржи слични елементи со драмата Ромео и Јулија, како што е разделбата на љубовниците и напивката која предизвикува лажна смрт.[6] Првата верзија на приказната за Ромео и Јулија е приказната за Mariotto and Gianozza од Мазучо Салернитано ( Masuccio Salernitano ) 33 приказна од неговата книга раскази Il Novellino објавена во 1476г.[7] Salernitano sets the story in Siena and insists its events took place in his own lifetime. His version of the story includes the secret marriage, the colluding friar, the fray where a prominent citizen is killed, Mariotto's exile, Gianozza's forced marriage, the potion plot, and the crucial message that goes astray. In this version, Mariotto is caught and beheaded and Gianozza dies of grief.[8] Дејството на приказната на Салернитано се случува во Сиена во 13 век, при што инсистирал настаните да се одвиваат токму во овој век во кој и самиот тој живеел и творел. Неговата верзија на приказната ја опфаќа тајната венчавка, фратарот којшто им помага на љубовниците, сцената во која угледен граѓанин умира, прогонството на Mariotto, присилниот брак на Gianozza, сцената со отровот и круцијалното загубено писмо. Во оваа верзија Mariotto е пронајден и смртно казнет ( со отсекување на глава ) а Gianozza умира од тага. Лујџи да Порто ( Luigi da Porto ) ја адаптира приказната како Giulietta e Romeo и ја сврстува во неговата книга насловена како Historia novellamente ritrovata di due Nobili Amanti објавена во 1530г.[9] Да Порто при пишувањето на приказната искористил и делови од Пирам и Тизба и Декамерон од Бокачо. На самата љубовна приказна и дал модерна форма, почнувајќи од имињата на семејствата Монтеки и Капулети како и на самата локација- Верона.[7] Исто така вовел и ликови кои ќе соодвестуваат на оние на Шекспир: Меркуцио, Тибалт и Париз. Приказната на Да Порто се потпира на историски факти односно се смета дека дејството се одвивало за време на владеењето на кралот на Верона Бартоломео дела Скала ( Bartolomeo II della Scala ), еден век пред Салернитано. Монтеките и Капулетите биле всушност две различни политички фракции во 13 век, коишто делумно се спомнуваат во Дантеовото Чистилиште како пример за несогласувањата меѓу луѓето.[10] Според верзијата на Да Порто Ромео го испива отровот а Јулија се прободува со неговиот нож.[11] Во 1554г. Матео Бандело ( Matteo Bandello ) објави своја сопствена верзија на Ромео и Јулија.[9] Bandello emphasises Romeo's initial depression and the feud between the families, and introduces the Nurse and Benvolio. Bandello's story was translated into French by Pierre Boaistuau in 1559 in the first volume of his Histories Tragiques. Boaistuau adds much moralising and sentiment, and the characters indulge in rhetorical outbursts.[12] Бандело става акцент на првичната Ромеова депресија и омразата меѓу семејствата, и ги воведува ликовите на Дадилката и Бенволио. Приказната на Бандело е преведена на француски јазик од страна на Пјер Боестуо ( Pierre Boaistuau ) во 1559г. во неговата книга под наслов „ Трагични приказни ” ( Histories Tragiques ). Во тоа време постоел тренд на објавување на дела врз основа на италијанските приказни ( novelles ), тие биле многу популарни и интересни за редовните посетители на театарот, па затоа се смета дека Шекспир се идентификувал со збирката приказни насловена како Палатата на задоволствата од Вилијам Пејнтер ( William Painter ) од 1567г. Оваа збирка содржи и верзија на Ромео и Јулија во проза, под наслов „ Убавата приказна за вистинската и вечна љубов на Ромео и Јулија ” (" The goodly History of the true and constant love of Rhomeo and Julietta " ). Шекспир ја искористи популарноста на следниве дела: „ Трговецот од Венеција ” ( The Merchant of Venice ), „ Многу врева за ништо ” ( Much Ado About Nothing ), „ Се е добро штом добро ќе заврши ” ( All's Well That Ends Well ), „ Мерка за мерка ” ( Measure for Measure ) и „ Ромео и Јулија ”, сите тие се италијански приказни. Ромео и Јулија е драматизација на преводот на Брук, и Шекспир строго се придржува до поемата, но додава детали и за главните и за споредните ликови ( особено за Дадилката и Меркуцио ).
Датум и текст уреди
Не е познато кога Шекспир точно ја напишал „ Ромео и Јулија ”. Дадилката на Јулија се осврнува на еден земјотрес кој таа вели дека се случил пред 11 години. Земјотрес се случил во Англија во 1580г., при што се смета дека авторот ги издал првите изданија во 1591г иако други земјотреси – и во Англија и во Верона се случиле и на други датуми, различни од 1591г. Но, стилските сличности со драмата „ Сон на една летна ноќ ” ( A Midsummer Night's Dream ) и други драми напишани во периодот меѓу 1594-95г, само ја потврдуваат претпоставката дека можеби Ромео и Јулија била напишана во истиот тој период. Една од претпоставките е дека Шекспир ја започнал драмата во 1591г. при што подоцна ја завршил во 1595г.[13] But the play's stylistic similarities with A Midsummer Night's Dream and other plays conventionally dated around 1594–95, place its composition sometime between 1591 and 1595.[14] One conjecture is that Shakespeare may have begun a draft in 1591, which he completed in 1595.[15] Шекспировата Ромео и Јулија била издадена во две кварто изданија исто како и збирката под наслов „ Прво фолио ” ( First folio ) од истиот автор во 1623г. Двете изданија исто така се познати и како Q1 и Q2. Првото издание- Q1 се појавило во раната 1597г. испечатено од Џон Дантер ( John Danter ). Но бидејќи текстот доста се разликувал од подоцнежните изданија, означен е како „ лош кварто ”, и самиот Т. Џ. Б Спенсер ( T. J.B. Spencer ) – издавач од 20 век го опишал како одвратен текст, дека најверојатно претставува реконструкција на драма врз основа на лошата меморија на еден или двајца глумци, а воедно и дека текстот бил нелегално испечатен. Дополнително објаснување за недостатоците на Q1 е тоа дека драмата ( како и многу други од тоа време ) веќе била издадена пред јавно да биде изведена на сцена од страна на драмската компанија. Како и да е, текстот се појавува во раната 1597г, па затоа се смета дека драмата можеби е напишана во 1596 година.[16] An alternative explanation for Q1's shortcomings is that the play (like many others of the time) may have been heavily edited before performance by the playing company.[17] In any event, its appearance in early 1597 makes 1596 the latest possible date for the play's composition.[13]
Супериорното Q2 издание беше насловено како „ Прекрасната и жална трагедија на Ромео и Јулија ” ( The Most Excellent and Lamentable Tragedie of Romeo and Juliet ). Изданието е печатено во 1599г, од Томас Крид ( Thomas Creede ), а објавено од Катберт Бурби ( Cuthbert Burby ). Изданието Q2 има 800 редови повеќе за разлика од изданието Q1. На неговата насловна страна пишува „ преправено, додадено и прегледано ”. Всушност, сите подоцнежни кварто и фолио изданија на Ромео и Јулија се засновани на второто Q2 издание, и сите тие се модерни изданија и кои било отстапувања од Q2 во наредните изданија ( без разлика дали се добри или лоши ) им се препишуваат на издавачите и комозиторите, а не на Шекспир.[17]
Теми и мотиви уреди
Делото „ Ромео и Јулија ” нема некоја специфична тема. Според некои предлози главната тема би можела да го опфаќа откритието на ликовите дека луѓето не се ни лоши ни добри, но се на некој начин слични,[18] кои се будат од сонот и се наоѓаат во реалноста, каде што постои опасност од непромислена постапка, или доживување на трагична судбина. Никој од овие предлози не бил целосно поддржан во светот. Како и да е, иако не постои главна тема јасно е дека драмата содржи неколку мали тематски елементи коишто се испреплетуваат на различни начини. За некои од тие елементи разговараат академиците и се објаснети подолу:[19]
Љубов уреди
Вечната љубов меѓу двајвата љубовници е една од главните елементи во Ромео и Јулија. Ромео и Јулија претставуваат симбол за млада и забранета љубов. Голем број академици го проучувале јазикот и историскиот контекст на трагичната љубов. На првата средба, Ромео и Јулија употребуваат вид на комуникација- метафора, којашто ја употребувале голем број на автори за време периодот во кој живеел Шекспир. Употребувајќи метафори за зборовите „ светец ” и „ грев ”, Ромео сакал да знае што всушност Јулија чувствува за него. Оваа метода, на употреба на метафори е воведена од Балдасар Кастиглион ( Baldassare Castglione )- чии дела биле преведени на англиски јазик. Тој истакнува дека ако момчето употрби метафора со што ја поканува девојката, таа може да се преправа дека не го разбрала, а тој да се обиде уште еднаш и притоа да не го изгуби своето достоинство. Во овој случај, Јулија учествува во овој вид на комуникација, употребувајќи метафори. Религиозните метафори како што се „ свето место ”, „ поклоник ” и „ светец ” често се употребувале во поезијата во тоа време со значење на љубов, а не на безбожност- термин кој го поврзувале со католицизмот неколку години пред делото да биде напишано. Во сцената на балконот, според Шекспир, Ромео случајно го слуша монологот на Јулија, но според верзијата на приказната на Брук, монологот на Јулија никој не го слуша. По правило, девојката треб ада биде скромна и срамежлива за да провери дали нејзиниот додворувач е искрен, но со кршење на ова правило се забрзува заплетот во драмата. Љубовниците го прескокнуваат долгиот процес на додворување, и веднаш разговараат за врска и брак иако се познаваат само една ноќ. Последната сцена со самоубиството, всушност е контрадикторна- според Католичката религија, самоубиствата претставуваат грев кој се казнува во пеколот, додека пак во драмата оној којшто се самоубива за да биде со својата љубов на некој начин се искупува за својот грев и оди во рајот за да биде заедно со својот сакан. Од друга страна пак, иако љубовта на Ромео и Јулија е страсна тие одлучуваат да ја консумираат во својот брак со што не ја губат наклонетоста на публиката. Во драмата љубовта и сексот се споредуваат со смртта. Низ целото дејство во драмата, Ромео и Јулија заедно со останатите ликови, фантазираат за „ образот на смртта ”, којшто е синоним за „ љубовник ”.Јулија еротски го споредува Ромео со смртта. Веднаш пред нејзиното самоубиство го грабнува ножот на Ромео и вели: „О среќен ножу! Еве ти ја канијата. Овде рѓосувај и пушти ме да умрам”.[20][21]
Судбина и шанса уреди
„О, јас сум шутот на судбината!” - Ромео[22]
Мислењата на критичарите се поделени во однос на улогата на судбината во драмата. Не постои консензус во врска со тоа, дали судбината на ликовите им била да умрат заедно, или пак тоа се случило поради серија несреќни околности.
Светлина и темнина уреди
Во целата драма на Шекспир, „ Ромео и Јулија ” доаѓа до израз контрастот светло-темно. Caroline Spurgeon ја споредува светлината со природната убавина на младата љубов. На пример, Ромео и Јулија се светлите ликови во темната позадина. Ромео ја споредува Јулија со сонцето, што повеќе свети и од факелот, со дијамант кој светка во ноќта, и светол ангел меѓу темните, црни облаци. И додека лежи навидум мртва во гробницата Ромео вели: „ убавината нејзина, го осветлува нејзиниот гроб ”. Јулија го опишува Ромео како „ ден во ноќ ” и „ побел од снег качен на грбот на гавранот црн ”.Овој контраст на светло- темно претставува и симбол на љубовта и омразата, младоста и староста на метафоричен начин. понекогаш овие вкрстени метафори создаваат драмска иронија. На пример, љубовта на Ромео и Јулија е светлина во среде темната омраза околу нив, но сите нивни дејствија се случуваат во ноќ и темнина, а расправиите на сред „ бел ден ”. Овој парадокс наметнува атмосфера на морална дилема за љубовниците: дали да му бидат лојални на семејството или лојални на љубовта. На крајот се си доаѓа на своето место, благодарение на љубовта меѓу Ромео и Јулија.
Критика и толкување уреди
„Ромео и Јулија“ е едно од најдобрите дела на Шекспир, и покрај многубројните недостатоци забележани од критичарите. Првиот критичар на делото бил Семјуел Пипс (Samuel Pepys) кој во 1662 година напишал дека „ова е најлошото дело до сега”.[23] Во XVIII и XIX век, критиката се однесувала на моралната порака во драмата. Глумецот и драмскиот автор Дејвид Гарик (David Garrick) во неговата адаптација на драмата од 1748 година го исклучува ликот на Розалина велејќи: „Ромео е превртлив и безобѕирен, заменувајќи ја Розалина со Јулија“. Критичарите како Чарлс Дибдин (Charles Dibdin) сметаат дека исклучувањето на ликот на Розалина од драмата е намерно направено за да се покаже безобѕирноста на главниот лик, и дека тоа е причината за неговиот трагичен крај.
Драмска структура уреди
Во драмата „Ромео и Јулија“, Шекспир употребува неколку драмски техники (ненадејната промена од комедија во трагедија) за кои добил пофалба од критичарите. Така, до смртта на Меркуцио во третиот чин, делото е комедија. По неговата смрт, драмата одеднаш станува сериозна и добива трагичен тон. Откако Ромео е прогонет, а не погубен, и фратарот Лоренс ѝ нуди план на Јулија за да повторно се соедини со својот сакан, публиката може сè уште да се надева на среќен крај. Неизвесноста трае до отворањето на завесата и до последната сцена во гробницата. Ако Ромео го дочекаше писмото, можеби и ќе имаше надеж тој и Јулија да бидат спасени. Овие промени од надеж во очај, спас и повторно надевање, ја потенцираат трагедијата кога и последната надеж умира и двајцата љубовници умираат на крајот. Шекспир, исто така, употребува и споредни дејствија со цел да се добие појасна слика за дејството на главните ликови.
Ромео и Јулија како мотив во книжевноста уреди
Драмата „Ромео и Јулија“ извршила големо влијание врз подоцнежната литература, а мотивот на забранетата љубов меѓу момче и девојка од две непријателски семејства се среќава во поголем број книжевни дела. Така, во расказот „Ромео и Јулија в село“ на швајцарскиот писател Готфрид Келер се опишува љубовта на синот и ќерката на двајца селани во Швајцарија, кои се мразат меѓусебно поради една нива.[24] Исто така, во расказот „Ромео и Јулија од нашата улица“ на македонската писателка Христина Аслимоска се опишува љубовта на две деца.[25]
Ромео и Јулија во филмот и телевизијата уреди
„Ромео и Јулија“ е можеби една од најприкажуваните драми на сите времиња.[26] Најзначајните филмски изданија се оние на Џорџ Цукор, чија верзија од 1936 година била номинирана за наградата „Оскар“, верзијата на Франко Зафирели од 1968 година и верзијата на Баз Лурман во 1996 година. „Ромео и Јулија“ за првпат била пренесена на филмското платно во ерата на немите филмови од Џорџ Мелис, но денес филмот се смета за изгубен. Драмата за првпат беше видена на филм во 1929 година, кога Џон Гилберт ја повторил сцената на балконот заедно со Норма Сирер. Сирер и Лесли Хауард, со заедничка возраст од над 75 години, ги играле двајцата млади љубовници во верзијата на Џорџ Цукор, која ниту критиката ниту публиката не ја прифатиле со воодушевување. Кинематографите сметале дека филмот е премногу кичест. Ренато Кастелани ја освоил главната награда на Венецијанскиот филмски фестивал за неговиот филм „Ромео и Јулија“ од 1954 година. Неговиот Ромео веќе бил искусен филмски глумец, а спротивно на него, Сузан Сентал, која ја играла Јулија била секретарка, откриена од режисерот во едне лондонски бар и била изберена поради нејзината „слатка бледа кожа и медена руса коса”. Во 1960 година била снимена сценската пародија за студената војна „Романоф и Јулија“ (Romanoff and Juliet). Во 2006 година, во Дизниевиот филм „Средношколски мјузикл” било употребено дејството на „Ромео и Јулија“, сместувајќи ги двајцата млади љубовници во соперничко средно училиште наместо во скарани семејства.
Ромео и Јулија како тема во музиката уреди
- „Ромео и Јулија“ — опера на францускиот композитор Шарл Гуно од 1867 година.[27]
- „Ромео и Јулија“ — балет на рускиот композитор Сергеј Прокофјев од 1935 (1940) година.
- „Ромео и Јулија“ (англиски: Romeo & Juliet) — песна на американската рок-група Мајкл анд д Месинџерс (Michael & The Messengers).[28]
- „Ромео ја имаше Јулија“ (англиски: Romeo Had Juliette) — песна на американсиот рок-музичар Лу Рид (Lou Reed) од 1989 година.[29]
Наводи уреди
- ↑ Gibbons (1980: 80); Levenson (2000: 139-140); Spencer (1967: 51-52). This section lists only the major and supporting characters. The play also has numerous supernumaries: further servants of Capulet (two of them named Antony and Potpan), musicians (three of them named Simon Catling, Hugh Rebeck and James Soundpost), watchmen, citizens of Verona, masquers, torchbearers and pages. Paris' page is a minor speaking role, as is Capulet's cousin, an old man. Levenson renders Abram as "Abraham". Rosaline is an important unseen character, and as such does not appear in any cast list.
- ↑ Romeo and Juliet, III.i.72.
- ↑ Romeo and Juliet, IV.i.105.
- ↑ Romeo and Juliet, V.iii.308–9.
- ↑ Halio (1998: 93).
- ↑ Gibbons (1980: 33).
- ↑ 7,0 7,1 Hosley (1965: 168).
- ↑ Gibbons (1980: 33–34); Levenson (2000: 4).
- ↑ 9,0 9,1 Moore (1937: 38–44).
- ↑ Moore (1930: 264–277)
- ↑ Gibbons (1980: 34–35).
- ↑ Gibbons (1980: 35–36).
- ↑ 13,0 13,1 Gibbons (1980: 26–27).
- ↑ Gibbons (1980: 29–31). As well as A Midsummer Night's Dream, Gibbons draws parallels with Love's Labour's Lost and Richard II.
- ↑ Gibbons (1980: 29).
- ↑ Spencer (1967: 284).
- ↑ 17,0 17,1 Halio (1998: 1–2).
- ↑ Bowling (1949: 208–220).
- ↑ Halio (1998: 65).
- ↑ Romeo and Juliet, V.iii.169–170.
- ↑ MacKenzie (2007: 22–42).
- ↑ Romeo and Juliet, III.i.138.
- ↑ Scott (1987: 415).
- ↑ Gotfrid Keler, Ljudi iz Sledvile. Beograd: Rad, 1964, стр. 3-66.
- ↑ Христина Аслимоска, Разделба со детството. Скопје: Детска радост, 2005, стр. 34-35.
- ↑ Brode (2001: 42).
- ↑ Romeo i Julija - Opera Charlesa Gounoda (пристапено на 24.9.2023)
- ↑ YouTube, Nuggets: Original Artyfacts from the First Psychedelic Era, 1965-1968 CD 1 ALBUM COMPLETO (пристапено на 8.12.2018)
- ↑ Discogs, Lou Reed – New York (пристапено на 26.3.2021)
Надворешни врски уреди
Повеќе за Romeo and Juliet на збратимените проекти на Википедија | |
Дефиниции и преводи на Викиречник ? | |
Податотеки на Ризницата ? | |
Образовни ресурси на Викиуниверзитет ? | |
Новинарски известувања на Викивести ? | |
Мисли на Викицитат ? | |
Изворни текстови на Викиизвор ? | |
Прирачници на Викикниги ? | |
? | Информации за патување во Википатување ? ? |
- Romeo and Juliet Архивирано на 18 септември 2009 г. Text with notes, line numbers, and search function
- Romeo and Juliet - Проект Гутенберг
- Romeo and Juliet Архивирано на 22 април 2021 г. HTML version at MIT
- Romeo and Juliet Архивирано на 7 септември 2008 г. Full text with audio.
- Romeo and Juliet Scene-indexed and searchable version of the play.
- Arthur Brooke's Romeus and Juliet Архивирано на 1 октомври 2009 г.
- Essay: How Romeus Became Romeo Comparing Brooke's work with Shakespeare's