Лет во место
Лет во место е драмско дело напишано 1981 година од македонскиот драматург Горан Стефановски[1].
Автор | Горан Стефановски |
---|---|
Земја | Македонија |
Јазик | македонски |
Жанр | драма |
Издадена | 1981 |
Медиум | Печатена |
Страници | 66 |
Ликови и сцени
уреди„Лет во место“ е драмски текст составен од два делови и 15 сцени
Ликови:
•Михајло
•Евто
•Султана
•Рајна
•Кир Панајотис
•Елена
•Киро
•Гаврил
•Ангеле
•Кајмакамот
•Господинот Остоиќ
•Господин Велков
•Арамијата
•Востаник I
•Востаник II
•Зограф I
•Зограф II
Дејствието се случува во град во Македонија, лето 1878 година. „Лет во место“ (1981), праизведена во независна продукција, во режија на Слободан Унковски. Награда за најдобар драмски текст на МТФ Војдан Чернодрински, 1982. Осум пати продуцирана во различни продукции[2]
„Лет во место“ (напишана 1981, праизведена 1982) нашироко го дефинира контекстот, но и поттекстот. Со посветата „Овој текст го посветувам на моите познати и непознати предци“, самиот Стефановски прави контекстуална одредница. Таа драма е актуелна и денес исто како и во времето кога е напишана.
Во духот на модерната, насловот е изваден од реплика на текстот. Исто како и „Диво месо“ реферира на нашиот идентитет и семеен и општествен. Во „Лет во место“ тоа е поизразено, посебно преку лајтмотивот на драмата – може да ги премачкате фреските, ама пак ќе се појават на површина. Сместена во некој град во Македонија во историски релевантната 1878 година, дејството го создаваат двајцата браќа Михајло и Евто (не случајно насловени така, ако се има предвид дека [[Михаил и [[Ефтихиј се првите фрескописци од [[Македонија, чие фрескосликарство е познато од 14 век) и проблемот со соседите (од микро на макро ниво се проблематизира до денес актуелната тематика – македонскиот идентитет и вмешаноста на соседните земји) Кир Панајотис – грчкиот трговец, Господин Остоиќ, [[Србин и Господин Велков, бугарски поп. Конструирана во 15 сцени поделени во 2 дела, Горан Стефановски оваа драма ја развива слично како и „Диво месо“, вметнувајќи ги основниот конфликт и личните, интимните конфликти на сите протагонисти. Мајката на двајцата браќа, Султана, на сличен начин како и Марија во „Диво месо“, но и како скоро сите мајки во неговите драми (за ова би требало да се направи комплетно нова театролошка/ драматолошка студија) функционира на еден месечев, сомнабулен начин, мешајќи ги сонот и јавето, реалноста и фантастиката, задоена меѓу верувањето и вистината. Кратките реченици што небаре го сечат згуснатиот емотивен профил се препознатливи за оваа драма. Колку и да зборуваат многу ликовите и колку да е меѓу разумот и сонот, кај некои од нив, вистината што ја кажуваат, меѓучовечките односи, речиси боли како исекотина од најостар нож. Големината на драмскиот автор Горан Стефановски се следи токму во нив.
„Лет во место“ (напишана 1981, праизведена 1982) нашироко го дефинира контекстот, но и поттекстот. Со посветата „Овој текст го посветувам на моите познати и непознати предци“, самиот Стефановски прави контекстуална одредница. Таа драма е актуелна и денес исто како и во времето кога е напишана. Во духот на модерната, насловот е изваден од реплика на текстот. Исто како и „Диво месо“ реферира на нашиот идентитет и семеен и општествен. Во „Лет во место“ тоа е поизразено, посебно преку лајтмотивот на драмата – може да ги премачкате фреските, ама пак ќе се појават на површина. Сместена во некој град во Македонија во историски релевантната 1878 година, дејството го создаваат двајцата браќа Михајло и Евто (не случајно насловени така, ако се има предвид дека Михаил и Ефтихиј се првите фрескописци од Македонија, чие фрескосликарство е познато од 14 век) и проблемот со соседите (од микро на макро ниво се проблематизира до денес актуелната тематика – македонскиотидентитет и вмешаноста на соседните земји) Кир Панајотис – грчкиот трговец,Господин Остоиќ, Србин и Господин Велков, бугарски поп. Конструирана во 15 сцени поделени во 2 дела, Горан Стефановски оваа драма ја развива слично како и „Диво месо“, вметнувајќи ги основниот конфликт и личните, интимните конфликти на сите протагонисти. Мајката на двајцата браќа, Султана, на сличен начин како и Марија во „Диво месо“, но и како скоро сите мајки во неговите драми (за ова би требало да се направи комплетно нова театролошка/ драматолошка студија) функционира на еден месечев, сомнабулен начин, мешајќи ги сонот и јавето, реалноста и фантастиката, задоена меѓу верувањето и вистината. Кратките реченици што небаре го сечат згуснатиот емотивен профил се препознатливи за оваа драма. Колку и да зборуваат многу ликовите и колку да е меѓу разумот и сонот, кај некои од нив, вистината што ја кажуваат, меѓучовечките односи, речиси боли како исекотина од најостар нож. Големинатана драмскиот автор Горан Стефановски се следи токму во нив.