Ослободување на Скопје (филм)

Ослободување на Скопје — македонски филм, во режија на Раде Шербеџија.

„Ослободување на Скопје“
РежисерРаде Шербеџија
ПродуцентРоберт Насков
Горјан Тозија
Владимир Анастасов
Игор Нола
СценаристДарко Митревски
Главни улогиЛуција Шербеџија
Силвија Стојановска
Раде Шербеџија
Ратка Радмановиќ
Петар Мирчевски
Владо Јовановски
Борис Чоревски
Петре Арсовски
Ненад Милосављевиќ
Игор Џамбазов
Јана Стојановска
Небојша Глоговац
Аксел Мехмед
Дениз Абдула
КинематографијаДејан Димевски
Јазикмакедонски
германски
бугарски

Екипа

уреди

Глумечка екипа

Техничка екипа

  • Раде Шербеџија - Режија и Сценарио
  • Душан Јовановиќ - Сценарио
  • Директор на фотографија - Дејан Димевски
  • Продуценти: Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов, Игор Нола
  • Ко-продуценти: Данило Шербеџија, Арто Халонен
  • Костимографија - Жељка Франуловиќ
  • Шминка - Ана Булајиќ Чрчек
  • Композитори - Влатко Стефановски, Томас Кантелинен
  • Дизајнер на продукција - Иван Бартлиг

За филмот

уреди

Филмот започнал да се снима на 1 октомври 2014 година во Велес, а продолжил да се снима во Битола и во Скопје. Филмот го продуцирале „Партизанс“ од Македонија, „Лијени филм“ од Хрватска и „АРТ Филмс“ од Финска. Филмот бил поддржан од Агенцијата за филм на Македонија со 1.250.000 евра, а европскиот фонд „Еуримаж“ доделил 15 отсто од буџетот, односно околу 316.000 евра.

Во септември 2016 година, Друштвото на филмските работници на Македонија го кандидирало филмот за наградата „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Во текот на истиот месец, филмот започнал да се прикажува во кино-салите, а официјалната премиера ја имал на 1 октомври, во киното „Милениум“ во Скопје.[1]

Награди

уреди
  • 2016: Наградата за најдобар дебитант на Давид Тодосовски од Мостар Филм Фестивал.[2]
  • 2016: Специјално признание на Раде Шербеџија од Мостар Филм Фестивал.[3]
  • 2017: Специјална награда од жирито на филмскиот фестивал „Банеф“ (BaNeFF – Balkan New Festival).[4]
  • 2017: Награда за најдобра продукција од Интернационален филмски фестивал на филмска режија во Лесковац, Србија.[5]
  • 2017: Награда за најдобро сценарио од Арпа Филм Фестивал, Холивуд, САД.[6]
  • 2017: Најдобар долгометражен филм од Фестивал на македонски филм, Торонто, Канада.[7]

Наводи

уреди
  1. „Ослободувањето на Скопје македонски кандидат за Оскар“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 21.
  2. Макфакс (1 декември 2016). „Награда на Мостар Филм Фестивал за главниот актер во филмот „Ослободувањето на Скопје". Макфакс.мк.
  3. Макфакс (2016-12-01). „Награда на Мостар Филм Фестивал за главниот актер во филмот „Ослободувањето на Скопје". МАКФАКС. Посетено на 2024-11-28.
  4. http://vesti.mk/read/news/12129649/4230796/osloboduvanje-na-skopje-nagraden-na-festival-vo-shvedska[мртва врска]
  5. „„Ослободување на Скопје" со награда за најдобра продукција“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.
  6. „„Ослободување на Скопје" со награда за најдобро сценарио на Арпа Филм Фестивал“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.
  7. „Објавени наградите на 12. Издание на Фестивалот на македонски филм во Торонто, Канада“. Агенција за филм на Македонија. Архивирано од изворникот на 2017-11-24. Посетено на 12 ноември 2017.

Надворешни врски

уреди