Токелау (токелајски: Tokelau) е територија која му припаѓа на Кралството Нов Зеланд. Се наоѓа во јужниот дел на Тихиот Океан. Островите Токелау се составени од 3 големи атоли. Овие острови имаат своја влада надвор од она на Нов Зеланд,а од 1976 година службеното име му е Острови Токелау, но денес се сретнува и името Сојузни острови кое е постаро.


Токелау
Знаме
Гесло"Tokelau mo te Atua" (јазик?)
(англиски: „Токелау за Семоќниот“)
Местоположба на Токелау
Карта на сите острови/ атоли на Токелау.
Карта на сите острови/ атоли на Токелау.
Карта на сите острови/ атоли на Токелау.
Главен граднема[б 1]
Најголем град Атафу
Службен јазик
Демоним Токелауанец
Уредување Деволуирана парламентарна зависна територија во рамките на уставна монархија
 •  Монарх Елизабета II
 •  Администратор Рос Ардерн
 •  Претседател на влада Керисијано Калоло
Законодавство Собрание
Површина
 •  Вкупна 10 км2 
 •  Вода (%) незначително
Население
 •  Попис 2016 1,499[2] (237-ма)
 •  Густина 115 жит/км2 (86th)
БДП (ПКМ) проценка за 2017 г.
 •  Вкупен US$10 милиони[3] 
 •  По жител US$6,275 (без ранг)
Валута Новозеландски долар (NZ$) (NZD)
Часовен појас (UTC+13:00)
Датумски формат дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .tk
Повик. бр. +690

Етимологија и последици од името

уреди

Зборот токелау на полинезиски значи северен ветер, а во примена е од 9 декември 1976 како офоицијално име на оваа островска територија.

Всушност денес многу често се употребува само Токелау наместо Острови Токелау што е и службеното име на територијата. Тоа е за да може полесно да се одреди географската структура на територијата, односно дека станува збор за острови.

Географски одлики

уреди

Островите Токелау се наоѓаат во јужниот дел обиколен од Тихиот Океан, помеѓу 171° и 173° ЗГД и од 8° до 10° ЈГШ. Најголеми се трите атоли Атафу, Нукунону и Факаофо. Овие острови зафаќаат површина од 10.8 км2, ана нив живеат околу 1.500 жители.

Поради големата близина до екваторот на овие острови владее топла екваторска клима, којашто поради приморската област е со нешто пониски температури.

За разлика од Нов Зеланд, во Токелау времето се смета 10 часа порано според Гринич, а тоа е цели 22 часа разлика во однос на Нов Зеланд.

Демографија

уреди

Во Токелау целото население од 1.500 жители го сочинуваат Полинезијци, а службени јазици се токелајскиот и англискиот. Земјата има многу слабо развиена економија, а не располага со некои ресурси, па поради тоа многу од нив се селат до островите со поголеми можности како Нов Зеланд и Самоа.

Населението главно се занимава со риболов, и тоа со лов на туна.

Населението главно е со христијанска вероисповед, и тоа најмногу од нив се методисти,по нив се католиците, а многу мал дел од населението се припадници на некоја од локалните религии. На островите Атафу и Факаофо има методистички цркви, а на Нукуну католичка црква.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. Секој атол има свој административен центар.

Наводи

уреди
  1. „Tokelau Info“. Tokelau-info.tk. Архивирано од изворникот на 26 October 2013. Посетено на 30 December 2011.
  2. Final population counts: 2016 Tokelau Census (PDF) (Report). Statistics New Zealand. November 2016. стр. 3.
  3. „Tokelau's Gross Domestic Product determined for first time this century“. www.tokelau.org.nz.

Литература

уреди
  • Huntsman, Judith; Hooper, Antony (1996). Tokelau A Historical Ethnography. ISBN 978-1-86940-153-5.
  • Huntsman, Judith; Kalolo, Kelihiano (2007). The Future of Tokelau Decolonising Agendas, 1975–2006. ISBN 978-1-86940-398-0.
  • McQuarrie, Peter (2007). Tokelau People, Atolls and History. ISBN 978-1-877449-41-3.
  • Heller, Maxwell H. (2005). Where on Earth Is Tokelau A Doctor's Experiences in the South Seas. ISBN 978-0-901100-58-0.