Островот Вејк или Атолот Вејк е корален атол (со должина на брег од 19,3 километара[1]) во Северниот Тихи Океан, кој се наоѓа на отприликa на две третини пат од Хонолулу (3.700 км западно) и Гуам (2.430 км источно). Таа е неорганизирана, неинкорпориpана територија на САД со која управува Бирото за островски работи при Секретаријатот за надворешни работи на САД. Вејк се наоѓа западно од Меѓународната датумска граница и со тоа е за еден ден понапред од 50-те американски држави. Пристапот на островот е ограничен и сите активности се управувани од страна на Военото воздухопловство на САД, американската војска и цивилната фабрика која управува и одржува воени бази.

Карта на Вејк
Карта на Вејк
Оштетени дрвја и остатоци што ги оставил Ураганот Ајок во 2006 година во Меморијалната капела на островот Вејк

Наводи

уреди
  1. „Wake Island, Pacific Ocean“. earthobservatory.nasa.gov (англиски). October 15, 2012. Архивирано од изворникот October 26, 2023. Посетено на October 26, 2023.

Надворешни врски

уреди