Непјидо (бурмански: နေပြည်တော်) — главен град на Мјанмар (Бурма). На 6 ноември 2005 година, административниот центар на Мјанмар бил официјално префрлен западно од Пјинмана или околу 320 километри од стариот главен град Јангон. Офцијално новиот град бил прогласен на 27 март 2006 година за време на денот на воените сили на Мјанмар. Голем дел од градот е сè уште во изградба и се верува дека целосно ќе биде завршен во 2012 година[5] Во 2009 година имал население од 925.000 жители. Непјидо е трет најголем град во државата, веднаш зад Јангон и Мандалеј.

Непјидо
главен град
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Мјанмар" does not existМестоположба во Мјанмар.
Координати: 19°45′N 96°6′E / 19.750° СГШ; 96.100° ИГД / 19.750; 96.100
ДржаваМјанмар
Поделбасојузна територија[1]
поделба8 градски населби
Населен2005
Инкорпориран2008
Управа[2]
 • ГрадоначалникТеин Нјунт
Површина[3]
 • Вкупна7.054,37 км2 (272,371 ми2)
Население (2009)[4]
 • Вкупно925,000
Час. појасMST (UTC+6:30)
Повик. бр.067
Монтажи од 2020 година во Непјидо

Потекло на поимот

уреди

Непјидо или Nay Pyi Daw често се преведува како „кралски главен град“,[6] „седиште на кралот“ или „дом на кралевите“.[3] Традиционално, целиот збор се ставал како суфик на поранешните главни градови на Мјанмар, како што е Мандалај кој се викал Мандалај Непјидо. Зборот буквално се преведува како „кралски град на сонцето“.

Географија

уреди

Непјидо се наоѓа меѓу планинските венци Пегу и Шан. Градот зафаќа површина од 7,054.37 километри квардатни и има население од 924,608 жители. Северно од градот се наоѓа браната Чаунгмаѓи, а јужно се наоѓа браната Нгалаик.

Наводи

уреди
  1. „တိုင်းခုနစ်တိုင်းကို တိုင်းဒေသကြီးများအဖြစ် လည်းကောင်း၊ ကိုယ်ပိုင်အုပ်ချုပ်ခွင့်ရ တိုင်းနှင့် ကိုယ်ပိုင်အုပ်ချုပ်ခွင့်ရ ဒေသများ ရုံးစိုက်ရာ မြို့များကို လည်းကောင်း ပြည်ထောင်စုနယ်မြေတွင် ခရိုင်နှင့်မြို့နယ်များကို လည်းကောင်း သတ်မှတ်ကြေညာ“. Weekly Eleven News (бурмански). 2010-08-20. Посетено на 2010-08-23.
  2. „News Briefs“. The Myanmar Times. Myanmar Consolidated Media. 20 March 2006. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 1 April 2006.
  3. 3,0 3,1 Pedrosa, Veronica (20 November 2006). „Burma's 'seat of the kings'. Al Jazeera. Посетено на 21 November 2006.
  4. „World Urbanization Prospects 2007“. 2008. Архивирано од изворникот на 2007-03-10. Посетено на 24 September 2008.
  5. Marshall Cavendish Corporation (2007). World and Its Peoples: Eastern and Southern Asia. Marshall Cavendish. p. 650.
  6. "An Introduction to the Toponymy of Burma (October 2007) - Annex A" Архивирано на 31 октомври 2008 г. p. 8, The Permanent Committee on Geographic Names (PCGN), United Kingdom

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди