Азија-Тихоокеанија
Азија-Тихоокеанија или Азија-Пацифик — дел од светот во подрачјето на западниот Тихи Океан и околу него. Опфатот на овој географски поим зависи од контекстот, но начелно подразбира голем дел од Источна, Јужна и Југоисточна Азија, како и Океанија.
Поимот понекогаш ги опфаќа и најисточните приморски делови на Русија (Северна Тихоокеанија) и земјите во Америка кои излегуваат на источниот Тихи Океан; на пример, во организацдијата за Азиско-тихоокеанска економска соработка членуваат Канада, Чиле, Русија, Мексико, Перу и САД. Во друга смисла, под поимот се подразбира речиси цела Азија и Австралазија како и тихоокеанските островски држави (Азија-Тихоокеанија и австралискиот континент), особено во стопанско-трговски контекст.[1] Исклучок од ова е Западна Азија, која никогаш не се вбројува во ова подрачје.
Иако не е сосема уточнет, поимот добил на значење во трговијата, финансиите и политиката почнуваќи од крајот на 1980-тите. И покрај разнообразноста на стопанствата во подрачјето, највеќето поединечни земји во Азија-Тихоокеанија важат за брзорастечки пазари.[2]
Составни подрачја
уредиВо склоп на Азија-Тихоокеанија влегуваат следниве земји и територии:
- Бахреин
- Иран
- Ирак
- Израел
- Јордан
- Курдистан
- Кувајт
- Либан
- Оман
- Палестински територии
- Катар
- Саудиска Арабија
- Сирија
- ОАР
- Јемен
- Австралија
- Ашмор и Картие
- Божиќен Остров
- Кокосови Острови
- Коралноморски Острови
- Остров Норфолк
- [[File:|23x15px|border |alt=|link=]] Острови на Торесовиот Проток
- Нов Зеланд
Податоци за земјите и териториите
уредиЗемја / Територија | Површина (км²) |
Население | Густина (жит/км²) |
БДП мил. долари (2017) |
БДП по жител долари (2017)[3] |
Главен град |
---|---|---|---|---|---|---|
Австралија | 7.692.024 | 23.731.000 | 2,8 | 1.482.539 | 49.928 | Канбера |
Бангладеш | 147.570 | 156.594.962 | 1.033,5 | 205.715 | 1.359 | Дака |
БИОТ | 54.400 | 3.000 | 58,3 | — | — | Диего Гарсија |
Брунеј | 5.765 | 415.717 | 67,3 | 17.426 | 26.939 | Бандар Сери Бегаван |
Бутан | 38.394 | 742.737 | 18,0 | 6.384 | 2.804 | Тимбу |
Виетнам | 331.210 | 88.069.000 | 265 | 187.848 | 2.186 | Ханој |
Индија | 3.287.263 | 1.324.171.354 | 398,8 | 2.690.000 | 1.939 | Њу Делхи |
Индонезија | 1.904.569 | 252.164.800 | 124,66 | 856.066 | 3.570 | Џакарта |
Источен Тимор | 14.874 | 1.171.000 | 76 | 4.510 | 1.162 | Дили |
Камбоџа | 181.035 | 15.205.539 | 81,8 | 16.899 | 1.270 | Пном Пен |
НР Кина | 9.596.961 | 1.357.380.000 | 145 | 10.355.350 | 8.123 | Пекинг |
Јапонија | 377.944 | 126.434.964 | 337 | 4.769.804 | 38.894 | Токио |
ДНР Кореја | 120.540 | 24.895.000 | 198 | 27.820 | 583 | Пјонгјанг |
Јужна Кореја | 100.210 | 51.302.044 | 500 | 1.449.494 | 27.539 | Сеул |
Лаос | 236.800 | 6.320.000 | 27 | 11.707 | 2.353 | Виентијан |
Макао | 29 | 541.200 | 18.662 | 36.428 | 73.187 | Макао |
Малдиви | 298 | 341.356 | 1.102,5 | 4.920 | 8.602 | Мале |
Малезија | 329.847 | 30.185.787 | 90 | 336.913 | 9.503 | Куала Лумпур |
Мјанмар | 676.578 | 50.496.000 | 74 | 65.291 | 1.275 | Непјидо |
Монголија | 1.564.116 | 2.736.800 | 2 | 11.725 | 3.686 | Улан Батор |
Непал | 147.181 | 26.494.504 | 180 | 62.384 | 730 | Катманду |
Нов Зеланд | 268.021 | 4.357.437 | 16 | 201.028 | 39.427 | Велингтон |
Пакистан | 803.940 | 226.174.380 | 234,4 | 269.971 | 1.468 | Исламабад |
Папуа Нова Гвинеја | 462.840 | 6.732.000 | 15 | 16.096 | 2.183 | Порт Морсби |
Сингапур | 710 | 5.183.700 | 7.023 | 307.085 | 52.961 | Сингапур |
Тајван | 36.191 | 23.119.772 | 639 | 505.452 | 31.900 | Тајпеј |
Тајланд | 513.120 | 67.764.000 | 132 | 380.491 | 5.908 | Бангкок |
Хонгконг | 1.104 | 7.234.800 | 6.544 | 292.677 | 43.681 | Хонгконг |
Филипини | 343.448 | 117.580.000 | 307 | 289.686 | 2.951 | Манила |
Фиџи | 18.274 | 909.389 | 46,4 | 8.330 | 5.153 | Сува |
Шри Ланка | 65.610 | 20.277.597 | 323 | 233.637 | 3.835 | Коломбо |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Member Economies - Asia-Pacific Economic Cooperation. Apec.org. посет. 12 април 2014 г.
- ↑ Pan, Hui, уред. (October 2004). „Vonage and Cisco to sell phone equipment“. VoIP Monthly Newsletter. Information Gatekeepers Inc. 2 (10): 3. Посетено на 2011-12-15.
- ↑ „GDP per capita (current US$) | Data“. data.worldbank.org. Посетено на 2018-07-19.
Надворешни врски
уреди- Азиско-тихоокеанска економска соработка APEC (англиски)
- Азиско-тихоокеанска задолжбина на Канада (англиски)
- Мрежа на азиско-тихоокеанската домородна младина (APIYN) (англиски)