Океанија

континент
(Пренасочено од Okeanija)

Океанијаконтинент кој се состои воглавно од острови во Тихиот Океан заедно со континентот Австралија. Поимот „Океанија“ првпат е употребен во 1831 г, а денес овој поим се користи за да се означи регионот во океанскиот дел со островите, но и Австралија.[1][2][3]

Океанија во геополитичка смисла.

Границите на Океанија се означени на неколку начини. Поголем број од дефинициите за границите ги вклучуваат Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја и делови од Малајскиот Архипелаг[4][5][6] Етнолошки, островите во Океанија се поделени на Меланезија, Микронезија и Полинезија.[7]

Океанија е заедничко име за неколку групи острови во Тихиот Океан. Тие се:

Меланезија

уреди

Меланезија ги опфаќа островите што се наоѓаат североисточно од Австралија. Во оваа група најголеми се островите Нова Гвинеја (претежно планински, достигнува близу 5 000 м. Поделен на Индонезија и Папуа Нова Гвинеја, Нова Британија, Нова Каледонија, Саломоновите Острови, Вануату и други.

Микронезија

уреди

Микронезија зафаќа група мали острови што се наоѓаат североисточно од Меланезија. Во овој дел покарактеристични се Маријанските, Маршалските, Каролинските и Кирибати (Гилбертовите Острови). Голем број од нив се корални острови.

Полинезија

уреди

Полинезија опфаќа голем број острови и островски групи во Тихиот Океан. Во Полинезија најпознати се Хавајските Острови, Божиќниот Остров, Куковите Острови и островите Туамоту и други.

Новозеландски острови

уреди

Нов Зеланд е посебна група острови. Најголеми се Северниот и Јужниот Остров, кои претежно се планински. На Јужниот Остров највисокиот врв на Куковата Планина достигнува 3764 м. Островите имаат вулканска активност, гејзери и врели минерални води. Оваа група припаѓа на државата Нов Зеланд.

Бидејќи повеќето од сотровите се наоѓаат во екваторскиот и на тропскиот појас, климата е претежно тропска. Температурите се релативно високи и има голема влажност. Реките се куси и полноводни. Има развиена бујна тропска вегетација. Островите се одликуваат со многу песочни плажи. Нов Зеланд се одликува со суптропска клима на Северниот и со умерена клима на Јужниот Гребен. Најнаселени се островите Нова Гвинеја и Нов Зеланд. Стопански најразвиен е Нов Зеланд. Тој се смета за високоразвиена индустриско-аграрна земја, со развиени тешката и лесна индустрија и високомеханизирано земјоделско произвосдство.

Опсег

уреди

Традиционално, Океанија е поделена на три големи географски региони: Микронезија, Меланезија и Полинезија. Сепак, постојат и понови предлози за поделба на регионот како на пример Блиска Океанија и Далечна Океанија.[8]

Голем дел од Океанија се состои од острови и атоли со мала населеност за разлика од останатите делови од светот. Австралија е единствената континентална држава. Ако се смета Австралија и Нов Зеланд, тогаш најголем врв е Пунчак Џаја во Папуа со 4884 метри, додека најниска точка е езерото Ејре со 16 метри под нивото на морето.

Држави и региони

уреди

Описот за државите и регионите на Океанија варираат од извор до извор. Следната табела вклучува држави и региони според описот на ООН.[6]

Региони

уреди


Држави и територии

уреди
 
Карта на регионите во Океанија.
 
Политичка карта на Океанија.
 
Членки на Форумот на тихоокеанските острови.
 
Карта на колониите во Океанија во 1939 година.
Име на регион, следено со држави
и нивните знамиња
Површина
(км2)
Население
(2002)
Густина
(на км2)
Главен град
Австралија
  Австралија 7,686,850 21,050,000 2.5 Канбера
  Божиќен Остров (Австралија) 135 1,493 3.5 Флаинг Фиш Коув
  Кокосови Острови (Австралија) 14 632 45.1 Вест Ајленд
  Нов Зеланд 268,680 4,108,037 14.5 Велингтон
  Остров Норфолк (Австралија) 35 1,866 53.3 Кингстон
Меланезија
  Фиџи 18,270 856,346 46.9 Сува
  Индонезија (Океанскиот дел) 499,852 4,211,532 8.4 Џакарта
  Нова Каледонија (Франција) 19,060 207,858 10.9 Нумеја
  Папуа Нова Гвинеја 462,840 5,172,033 11.2 Порт Морзби
  Соломони 28,450 494,786 17.4 Хонијара
  Вануату 12,200 196,178 16.1 Порт Вила
Микронезија
  СД Микронезија 702 135,869 193.5 Паликир
  Гуам (САД) 549 160,796 292.9 Хагатња
  Кирибати 811 96,335 118.8 Јужна Тарава
  Маршалски Острови 181 73,630 406.8 Маџуро
  Науру 21 12,329 587.1 Јарен (де факто)
  Северни Маријански Острови (САД) 477 77,311 162.1 Сајпан
  Палау 458 19,409 42.4 Мелекеок
Полинезија
  Американска Самоа (САД) 199 68,688 345.2 Паго Паго
  Кукови Острови (Нов Зеланд) 240 20,811 86.7 Аваруа
  Француска Полинезија (Франција) 4,167 257,847 61.9 Папете
  Ниуе (Н.З.) 260 2,134 8.2 Алофи
  Питкерн (Обединетото Кралство) 5 47 10 Адамстаун
  Самоа 2,944 178,631 60.7 Апија
  Токелау (Н.З.) 10 1,431 143.1
  Тонга 748 106,137 141.9 Нукуалофа
  Тувалу 26 11,146 428.7 Фунафути
  Валис и Футуна (Франција) 274 15.585 56.9 Мата-Уту
Вкупно 9.008.458 35.834.670 4.0
Вкупно без континент Австралија 1.321.608 14.784.670 11.2

Наводи

уреди
  1. Atlas of Canada Web Master (2004-08-17). „The Atlas of Canada - The World - Continents“. Atlas.nrcan.gc.ca. Архивирано од изворникот на 2012-11-04. Посетено на 2009-04-17.
  2. List of IOC members (122) by continent Архивирано на 23 февруари 2002 г.. International Olympic Committee: 112th session, Moscow 2001
  3. „Encarta Mexico "Oceanía". Mx.encarta.msn.com. Архивирано од изворникот на 2009-11-01. Посетено на 2009-04-17.
  4. Merriam Webster's Online Dictionary (based on Collegiate vol., 11th ed.) 2006. Springfield, MA: Merriam-Webster, Inc.
  5. See, e.g., The Atlas of Canada - The World - Continents Архивирано на 4 ноември 2012 г.
  6. 6,0 6,1 „United Nations Statistics Division - Countries of Oceania“. Millenniumindicators.un.org. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2009-04-17.
  7. "Oceania". 2005. The Columbia Encyclopedia, 6th ed. Columbia University Press.
  8. Ben Finney, The Other One-Third of the Globe, Journal of World History, Vol. 5, No. 2, Fall, 1994.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди