Маџуро
Маџуро со население од 25.400 луѓе (од 2004), е главен и најголем град на Република Маршалски Острови. Изграден на атол од 64 острови. Маџуро има пристаниште, трговска област, хотели и меѓународен аеродром. Улига е главна деловна област, но и банкарството и туризмот се многу значајни. Улига е дом на Академијата на Маршалските Острови. Владата се наоѓа во Делап и се наоѓа на источната точка на Маџуро.
![]() Брегот на островот Маџуро, 1973 | |
Географија | |
---|---|
Место | Океанија |
Координати | 7°4′N 171°16′E / 7.067° СГШ; 171.267° ИГД |
Архипелаг | Маршалски Острови |
Највисока кота | Лаура |
Управување | |
Marshall Islands | |
Демографија | |
Население | 25,400 (2004) |