Аваруа
21°12′S 159°46′W / 21.200° ЈГШ; 159.767° ЗГД
Аваруа (Avarua) — градче и округ во северниот дел на островот Раротонга, воедно и главен град на Куковите Острови. Населението брои 5.445 жители.[1] Централното градско подрачје лежи на 21°12′ ЈГШ и 159°46′ ЗГД на морско ниво, на подножјето на острите планински врвови на Раротонга (надм. вис. 208 м). Гратчето има неколку супермаркети, две банки, неколку ресторани и барови, како и други наменски продавници каде се нудат црни бисери и разни ракотворби. Отворениот пазар работи во недела, каде што може да се најдат најразлични артикли, од шарени фустани на замотување (пареу), до цветни венци, свежа риба и тропско овошје.
Градот го опслужува Меѓународниот аеродром Раротонга (IATA-код: RAR). Аваруа има 5.445 жители [1], кои главно живеат од туризам, трговија, рибарство и земјоделство. Главната улица во Аваруа е наречена „Ара Маире Нуи“, обично на англиски наречена „Марин Драјв“ или „Мејн Стрит“, која потоа на обата краја на градот станува обиколница наречена „Ара Тапу“, што го кружи околу целиот остров Раротонга.
Аваруа е поделена на 18 месности наречени „тапере“ (од вкупно 54 во Раротонга). Од запад кон исток, тие се следниве:
- Покоину
- Никао (седиште на Парламентот)
- Пуапуауту
- Ареану
- Каикавека
- Атупа
- Аватиу (трговско пристаниште)
- Руатонга
- Тутакимоа
- Тауае (единственото „тапере“ што не излегува на море)
- Такуваине (градскиот центар, седиште на Владата, со рибарското пристаниште)
- Нгатипа
- Ваикаи
- Тапае-И-Ута
- Пуе
- Пунамаиа
- Киикии
- Тупапа
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Население на Аваруа - попис 2006 (англиски)
Надворешни врски
уреди- За Аваруа и посетителски активности Архивирано на 5 март 2010 г. (англиски)