Фунафути
Фунафути (тувалски: Funafuti) — атол во Тувалу кој служи како главен град на државата. Фунафути е исто така еден од деветте окрузи во Тувалу. Фунафути, според пописот од 2002 година, имал население од 4,492 жители, што е најнаселен атол во земјата. Атолот е широк од 20 до 400 метри и во средината се наоѓа лагуна која има 188 километри должина, 14 километри широчина и има површина од 275 км2, што ја прави најголема лагуна во Тувалу. Вкупната површина на копното на Фунафути изнесува 2.4 км2, што е помалку од еден процент од вкупната површина на земјата. На Фунафути има писта, хотел и административни згради, како и станбени објекти изградени на традицинален начин од палма или од цимент. Најистакнат објект на островот е Црквата во Тувалу.
Фунафути Funafuti | |
---|---|
атол | |
Училиште во Фунафути | |
Поглед кон атолот Фунафути | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Тувалу" does not existМестоположба во Тувалу. | |
Координати: 08°31′S 179°13′E / 8.517° ЈГШ; 179.217° ИГД | |
Држава | Тувалу |
Површина | |
• Вкупна | 2,4 км2 (9 ми2) |
Население (2002) | |
• Вкупно | 4.492 |
• Густина | 190/км2 (480/ми2) |
Атолот е составен од неколку помали островчиња. Најголемо островче е Фонгафале, каде се наоѓаат четири села вклучувајќи го и Ваијаку кој е седиште на владата. На Фунафути има две основни училишта и едно средно училиште. Бидејќи Тувалу нема градови, целиот атол официјално се смета за главен град, но некогаш како главен град се смета Фонгафале или Ваијаку.
Села
уреди- Централно Фонгафале
- Факајфоу - 1007 жители
- Сенала - 589 жители
- Алапи - 1024 жители
- Вајаку - 516 жители
- Остатокот од Фонгафале
Остатокот од Фонгафале со полуостровот Тенгако на север имаат:
- Лофеагај - 399 жители
- Теоне - 540 жители
- Текаватоетое- 343 жители
- Фунафала
- Фунафала - 22 жители
- Аматуку
- Аматуку - 52 жители
Лагуна
уредиЛагуната или на тувалски позната како TeNamo е најголемата лагуна во Тувалу. Таа има 24.5 километгри должина, 17 километри ширина и површина од 275 км2. Најдлабоката измерена точка е 52 метри, но има карпи кои можат да се достигнат на 6 метри длабочина.[1]
Островчиња
уредиФунафути е составен од најмалку 33 островчиња. Најголем од сите е Фонгафале, кој е проследен од Фунафала. Најмалку три острови се населени, односно Фонгафале, Фунафала и Аматуку.
- Аматуку
- Авалау
- Фалаојго
- Фале Фату
- Фатато
- Фингафале
- Фуафату
- Фуагеја
- Фуалефеке
- Фуалопа
- Фунафала
- Фунаману
- Луамоту
- Матејка
- Мотугие
- Мотулоа
- Мулитефала
- Нукусавалевале
- Папа Елисе
- Пукасавиливили
- Те Афуафоу
- Те Афуалику
- Тефала
- Телеле
- Тенгако (полуостров на островот Фонгафале)
- Тенгасу
- Тепука
- Тепука Вили Вили
- Тутанга
- Васафуа
- и уште најмалку пет други
Поврзано
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди- Морска конзервативна област Фунафути Архивирано на 9 декември 2007 г.