Микронезија
регион во Океанија
(Пренасочено од Микронезија (регион))
- Ова е статија за регионот во Океанија. За државата со исто име видете СД Микронезија.
Микронезија е регион во Океанија. Регионот е составен од илјадници мали острови во западниот дел од Тихиот Океан. Јужно од Микронезија се наоѓа Меланезија, додека источно е Полинезија. Името Микронезија е со старогрчко потекло што значи „мали острови“. Овој термин бил воведен во 1831 година од Жил Димон Дирвил.
Географија
уредиМикронезија е регион кој вклучува околу 2100 острови со вкупна површина од 2,700 km2 (1,000 ми). Најголем остров е Гуам со 582 km2 (225 ми). Вкупната морска површина е 7,400,000 km2 (2,900,000 ми).[1]
Микронезија опфаќа четири островски групи:
- Каролински Острови (СД Микронезија и Палау)
- Гилбертови Острови (Кирибати)
- Маријански Острови (Северни Маријански Острови и Гуам, САД)
- Маршалски Острови
и островот:
- Науру, кој не е дел од погоре напоменатите островски групи.
Административна поделба
уредиОстровите се во состав на следните политичко-административни ентитети:
држава | население (јули 2016)[2] | површина (км2) | густина на населениеy (/км2) | урбано население | животен век | писменост | службен јазик/-ци | религија | народи |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
СД Микронезија | 104.937 | 702 | 158 | 22% | 71.2 | 89% | англиски | Христијани | Чукци 48.8%, Понпејци 24.2%, Кошрајци 6.2%, Јапци 5.2%,останати островски народи 4.5%, Азијци 1.8%, Полинезијци 1.5%, други 7.8% |
Гуам (САД) | 162.896 | 540 | 299 | 93% | 78.2 | 99% | англиски 38.3%, чаморски 22.2%[3] | Христијани 85%, Будисти 3.6, друго 11.4% | Чаморци 37.1%, Филипинци 26.3%, други народи од Тихиот Океан 11.3%, белци 6.9%, други 8.6%, мешани 9.8% |
Кирибати | 114.395 | 811 | 152 | 44% | 64.0 | 92% | англиски, кирибатски | Христијани | Микронезијци 98.8% |
Маршалски Острови | 53.066 | 181 | 293 | 71% | 71.5 | 93.7% | маршалски 98.2%, англиски | Христијани | Маршалци 92.1%, мешани 5.9%, други 2% |
Науру | 11.347 | 21 | 480 | 100% | 65.0 | 99%[4] | наурскиf[›], англиски | Христијани[5] | Наурци 58%, други народи од Тихиот Океан 26%, Кинези 8%, Европејци 8% |
Северни Маријански Острови (САД) | 55.023 | 464 | 113 | 91% | 76.9 | 97% | англиски, чамороански и каролински[6] | Христијани | Азијци 56.3%, народи од Тихиот Океан 36.3%, Белци 1.8%, други 0.8%, мешани 4.8% |
Палау | 21,503 | 459 | 47 | 81% | 71.5 | 92% | палауански 64.7%d[›], англиски | Христијани | Палауанци 69.9%, Филипинци 15.3%, Кинези 4.9%, други Азијци 2.4%, белци 1.9%, Каролинци 1.4%, други Микронезијци 1.1%, други 3.2% |
Вкупно | 523.167 | 3,178 |
Поврзано
уредиКористена литература
уреди- Kirch, Patrick Vinton (2000). On the Road of the Winds. An Archaeological History of the Pacific Islands before European Contact. University of California Press. стр. 166–167. ISBN 0-520-22347-0.
Наводи
уреди- ↑ Kirch 2001, стр. 165.
- ↑ „Изгледи за светското население: Преработка за 2017 г.“. ESA.UN.org. Оддел за економски и социјални работи на ООН, Отсек за население. Посетено на 10 September 2017. (англиски)
- ↑ „Languages of Guahan“, The Guam Website - Afa Adai, n.d., Архивирано од изворникот 23 December 2013, Посетено на 12 November 2010
- ↑ „Nauru“. TalkTalk. Tiscali UK Limited. 2010. Архивирано од изворникот на 20 June 2010. Посетено на 12 November 2010.
- ↑ „Nauru“. TravelBlog. TravelBlog.org. 24 August 2006. Посетено на 12 November 2010.
- ↑ „Commonwealth of the Northern Mariana Islands: Overview“. Office of Insular Affairs. U.S. Department of the Interior, Office of Insular Affairs. Архивирано од изворникот на 9 June 2007. Посетено на 12 November 2010.
Надворешни врски
уреди- Историја на Микронезија Архивирано на 13 јануари 2010 г.
- Микронезиски игри