Атол
Атол (од малајалски: അതൊലു, атолу = гребен) — корален остров кој содржи отворена или затворена лагуна.
Распространетост
уредиПовеќето од светските атоли се наоѓаат во Тихиот Океан и Индискиот Океан. Пример за атоли во Тихиот Океан се Туамоту, Каролинските Острови, Маршалските Острови, Коралноморските Острови, Кирибати, Тувалу и Токелау. Познати атоли во Индискиот Океан се Лакадивските Острови, Чагос и Сејшелите. Во Атлантскиот Океан нема голем број атоли, освен една група од осум атоли во близина на Никарагва, кои се под колумбиска управа.
Создавање
уредиДарвин во 1842 година дал објаснување за создавањето на атолите во јужниот Тихи Океан. Објаснувањето се заснова на набљудување кое се одвивале за време на петгодишното патување со бродот „Бигл“.
-
Теоријата на Дарвин започува со вулкански остров кој почнува да се проширува.
-
Додека островот пропаѓа, коралите создаваат корален гребен, кои често вклучуваат и плитка лагуна.
-
Како што копното пропаѓа, коралниот гребен станува сè поцврст и лагуната станува подлабока.
-
На крај, островот сосема потонува и се создава атолот.
Поврзано
уреди„Атол“ на Ризницата ? |
Надворешни врски
уреди- Создавање на бермудскиот гребен
- „Вулканот на Дарвин“ - краток видео запис.
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |