Флаинг Фиш Коув

Флаинг Фиш Коув (англ. Flying Fish Cove) е главното населено место на Божиќниот Остров (територија на Австралија). На многу карти местото е едноставно означено со Населба (The Settlement). Ова е првата британска населба на островот, основана во 1888 г.

Топографска карта на Божиќниот Остров. Флаинг Фиш Коув е на североисточниот крак на островот.

Во Флаинг Фиш Коув живее околу една третина од вкупното население на островот (1.600 жители). Местото се наоѓа на североисточниот дел од островот; има мало пристаниште со едреници и јахти за туристите, авионско слетувалиште неколку километри на југоисток. Плажата е погодна за нуркање.

Координати: 10°25′18″S 105°40′41″E / 10.42167° S; 105.67806° E / -10.42167; 105.67806