Вест Ајленд
Вест Ајленд (англ. West Island = „Западен Остров“) е главен град на Кокосовите Острови. Населението брои околу 120 жители. Ова е помалку населениот од двата населени острови во земјата (другиот е Хоум Ајленд).
Вест Ајленд бил дел од плантажата Клунис-Рос, со авионско слетувалиште кое се користело во Втората светска војна. Освен управни објекти, местото има колонијал за мешана стока, аеродром и сместување за туристи.
12°11′13″S 96°49′42″E / 12.18694° ЈГШ; 96.82833° ИГД
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |