Отвори го главното мени


Северен Остров (англиски: North Island, маорски: Te Ika-a-Māui) — еден од двата главни острова на Нов Зеланд, од кои другиот е Јужниот Остров.[1] Островот зафаќа површина од 113.729 км² [2], и како таков е 14-тиот остров по големина во светот.

Северен Остров
North Island
Te Ika-a-Māui
NewZealand.A2002296.2220.250m North Island crop.jpg
Сателитска снимка на Северниот Остров
Географија
МестоНов Зеланд
Координати38°24′S 175°43′E / 38.400° ЈГШ; 175.717° ИГД / -38.400; 175.717
Површина113.729 км2
Подреденост по површина14.
Највисоко издигнување2.797 m
Највисока котаРуапеху
Управување
Нов Зеланд
Најголема населбаОкленд (pop. 1,628,900)
Демографија
Население3,749,200 (June 2018)
Густина на население0,0 /km2 (0 /sq mi)

На Северниот Остров се наоѓаат неколку важни градови како најголемиот во државата, Окленд, и главниот град Велингтон кој се наоѓа на јужниот крај од островот. Околу 76% од населението на Нов Зеланд живее на Северниот Остров.

Според преданијата на маорската митологија, Северниот и Јужниот Остров потекнуваат од времето на Мауи, кој бил полубог. Тој рибарел заедно со браќата од нивниот чун (Јужниот Остров) и фатил голема риба која ја извлекол од морето. Додека вниманието му било свртено на нешто друго, браќата на Мауи се истепале за рибата и така ја распарчиле. Оваа голема риба станала Северниот Остров и затоа на маорски тој е наречен Te Ika-a-Māui („Рибата на Мауи“). Се сметало дека планините и долините се резултат на парчосувањето на рибата при борбата помеѓу браќата.[3]

Содржина

Региони на Северниот ОстровУреди

Северниот Остров, и околните острови и територијални води ги покриваат девет региони.

Градови на Северниот ОстровУреди

Географски поимиУреди

НаводиУреди

  1. На некои карти од XIX век, Северниот Остров е наречен New Munster (Нов Манстер).
  2. Статистика Нов Зеланд Geography - physical features
  3. Сè до раниот XX век, друго маорско име за Северниот Остров било Аотеароа. Денес името Аотеароа се однесува на целиот Нов Зеланд.

Координати: 38°24′Ј, 175°43′И