Телевизија во Македонија

Телевизијата во Македонија — за прв пат претставена во педесетите години на 20 век, а во 1964 година започнало емитувањето на сигналот на Телевизија Скопје. Денес во Македонија има број на слободни и заклучени телевизиски содржини кои се достапни преку различни сервиси, на кои има повеќе од 200 домашни, регионални и странски телевизиски станици.

МРТ е најголема и најстара медиумска куќа во Македонија

Од 1 јуни 2013 година телевизиската содржина во Македонија се создава во дигитален формат, по гасењето на аналогниот земски сигнал низ целата држава. Дигиталната содржина е достапна преку земска мрежа, сателит, кабелска мрежа и интернет телевизија. Сепак, дел од кабелските оператори преку својата мрежа сè уште емитуваат аналоген сигнал.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е задолжена за контрола на содржината која ја емитуваат домашните телевизиски станици и програмите што се реемитувани од телекомуникациските оператори.

Земска телевизија

уреди

Историја

уреди

По поставуањето на првиот VHF предавател на радиодифузниот објект на Црн Врв, во јуни 1964 година започнал да се емитува првиот телевизиски сигнал, а веќе до крајот на годината започнала со редовна работа Телевизија Скопје. До крајот на шеесетите години целата територија на Македонија била покриена со телевизиски сигнал. Во февруари 1971 година се започнува со работа првиот предавател во боја, а до крајот на 1974 година е целосно развиена мрежата на предаватели и репетитори на сигнал во боја. Светското првенство во кајак на диви води во август 1975 бил прв настан кој РТВ Скопје го пренесува меѓународно во боја. Во 1978 година започнала со работа втората програма на Телевизија Скопје.

Кон крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години со либерализацијата на медиумскиот пазар, се отвораат голем број на национални, регионални и локални телевизиски станици.

Дигитален пренос

уреди

Поради техничките ограничувања на аналогната телевизиска техника, преку истата на еден канал може да се пренесува само еден телевизиски сигнал, во стандардна резолуција (4:3 576i). За разлика, со дигитално кодирање на сигнал на еден канал можат да се пренесуваат повеќе телевизиски станици во висока резолуцја. Од тие причини, дел од европските држави преминот кон дигитална телевизија го започнале во деведесетите години. Поради сето ова, но и поради долгорочните планови да се ослободи дел од VHF и UHF подрачјето кое се користи за пренос на аналогна телевизија, во 2008 година започнала постапката за воведување на дигитално земско емитување.

Дигиталната телевизија во Македонија беше започната во ноември 2009. Платформата е лансирана од страна на операторот ONE под името "BoomTV", која потоа беше преземена од Vip при спојувањето на двата мобилни оператори и истата се нудеше под името Vip TV Lite, а потоа се преименува во A1 TV Lite, од кога A1 ја купи Vip. Каналите во стандардна дефиниција се емитуваат преку MPEG-2 методот за компресија, а каналите во висока дефиниција се емитуваат преку MPEG-4 методот за компресија. Околу шеесет канали се достапни за гледање, меѓу кои спаѓаат и сите национални телевизиски мрежи, вклучувајќи ја Македонската Телевизија. Дигиталната телевизија во Македонија моментално е достапна за 95% од населението во Македонија.

Интернет телевизија (IPTV)

уреди

На 17 ноември 2008 година, Македонски Телеком ја вовел првата IPTV (интернет телевизија) платформа во Македонија, наречена „MaxTV“ која ги пренесува содржините преку интернет протокол. На 17 февруари 2016 година Неотел, под брендот „NeoTV“ ја вовел својата платформа за интернет телевизија. Поради далеку поголемиот проток на податоци возможен преку интернет протокол, овие оператори се во можност да понудат далеку поголема количина на содржини во висока резолуција споредно со класичните начини за пренос. Интернет протоколот исто така овозможува пристап до т.н. содржини по желба (англиски: on demand), како видеотека на телевизиска содржина емитувана во одреден претходен период и ризница на филмски и останати содржини, услуги кои се дел од понудата на двата оператори. Ова ја прави интернет телевизијата далеку поинтерактивна и богата со други содржини кои не се возможни кај други видови на пренос, пред сè поради практичните технички ограничувања.

Кабелска телевизија

уреди

Кабелската телевизија е високо развиена во Македонија, со пенетрација до 67% во македонските домаќинства. Вкупно има 49 услужници на кабелска телевизија во Македонија, од кои најистакнати се кабелските оператори A1 (поранешен Vip) и Телекабел, кои држат окопу 80% од пазарот. Истите овие два кабелски оператора нудеа телевизиски пакети преку аналоген сигнал сè додека пред почетокот на 2021 година операторот А1 го изгаси аналогниот сигнал, сега само Телекабел нуди аналоген сигнал. Дигитален сигнал нудат и двата оператори, а од почетокот на 2007 година нудат и Трипл плеј (TriplePlay) пакети.

Број на телевизиски претплатници по години

уреди
Година Вкупно претплатници Процент на домаќинстваа Кабелска телевизија Учество Интернет телевизија (IPTV) Учество   DVB-T мултиплекс Учество Сателитска телевизија Учество
2010[1] 238.695 41,24% 165.028 69,14% 30.123 12,62% 42.890 17,97% 654 0,27%
2011[1] 251.584 43,33% 159.539 63,41% 40.129 15,95% 50.435 20,05% 1.481 0,59%
2012[2] 278.140 47,76% 172.835 62,14% 66.541 23,92% 37.452 13,47% 1.312 0,47%
2013[3] 339.923 58,19% 178.955 52,65% 88.125 25,92% 58.277 17,14% 14.566 4,29%
2014[4] 358.833 61,24% 185.608 51,73% 98.798 27,53% 58.506 16,30% 15.921 4,44%
2015[5] 381.110 64,84% 209.600 55,00% 103.028 27,03% 50.929 13,36% 17.553 4,61%
2016[6] 392.747 66,61% 219.075 55,78% 108.820 27,71% 45.380 11,55% 19.472 4,96%
2017[7] 394.376 66,68% 214.086 54,28% 118.432 30,03% 41.506 10,52% 20.352 5,16%
2018[8] 405.167 68,30% 210.191 51,88% 128.855 31,80% 44.347 10,95% 21.774 5,37%
2019[9] 418.323 70,30% 212.754 50,86% 137.745 32,93% 45.330 10,84% 22.494 5,38%
2020[10] 420.182 70,40% 208.803 49,69% 144.576 34,41% 43.009 10,24% 23.794 5,66%
2021[11] 426.865 71,31% 209.064 48,98% 150.224 35,19% 42.097 9,86% 25.480 5,96%

Забелешка
1.^ Процентот на домаќинства кои се претплатени на одреден сервис не е податок кој е претставен во годишните извештаи на АЕК. Процентот прикажан е пресметан под претпоставка дека растот на бројот на домаќинства помеѓу пописите од 2002 и 2021 е линеарен, и дека нема повеќе од еден претплатник по домаќинство.

Телевизиски станици во Македонија

уреди

Заклучно со јуни 2023 година во Македонија постојат 52 активни телевизиски канали, од кои осум се програмски сервиси на државната МРТ, а останатите 44 се приватни комерцијални телевизиски станици. Од нив, 11 се со национална, 18 со регионална, а пак 15 со локална покриеност.[12][13]

Јавен програмски сервис

уреди

Македонската радио-телевизија како јавен сервис во Македонија има осум програмски сервиси, од кои шест се емитуваат на државно ниво, а два се емитуваат преку сателит и се наменети за македонската дијаспора.

Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку земски мултиплекс

Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште
МРТ 1     MUX 4/5 национално колажен македонски Скопје
МРТ 2     MUX 4/5 национално колажен албански Скопје
МРТ 3     MUX 4 национално спортски македонски Скопје
МРТ 4     MUX 4 национално колажен турски, српски, влашки, босански и ромски Скопје
МРТ 5     MUX 4 национално детски македонски Скопје
МРТ собраниски канал     MUX 4/5 национално собраниски сервис двоен тон
(мак. и алб.)
Скопје

Сервиси на МРТ кои се емитуваат преку сателит

Програма Сателит Достапност Вид Јазик Седиште
МРТ Сат   BulgariaSat-1
(1.9° E) 12169 V
Европа колажен македонски Скопје
МРТ 2 Сат   Европа колажен албански Скопје

Телевизиски станици со национална покриеност

уреди

Во Македонија има 11 приватни телевизиски станици кои имаат дозвола за емитување на национално ниво од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Од нив, пет станици, членки на Македонската медиумска асоцијација, се достапни преку земската дигитална мрежа на мултиплекс под концесија на А1 Македонија, а еден е достапен преку сателит. Останатите пет телевизии се достапни само преку кабелските мрежи.

Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс

Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место
Алсат М     MUX 6 национално колажен македонски и албански Скопје alsat.mk
Алфа ТВ     MUX 6 национално колажен македонски Скопје alfa.mk
Канал 5     MUX 6 национално колажен македонски Скопје kanal5.mk
Сител     MUX 6 национално колажен македонски Скопје sitel.com.mk
Телма     MUX 6 национално колажен македонски Скопје telma.com.mk

Телевизиски станици кои се емитуваат преку сателит

Програма Сателит Достапност Вид Јазик Седиште Мрежно место
ТВ 21б 2   Eutelsat 16A
(16° E) 12537 V
Европа колажен македонски и албански Скопје tv21.mk

Забелешка
^б 2 ТВ21 има дозвола за емитување само преку кабелски мрежи во Македонија. Меѓутоа, сигналот на телевизијата е достапен преку сателит, бидејќи албанскиот телекомункациски провајдер ДигитАлб го реемитува истиот без енкрипција.[13][14]

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место
ТВ 24б 3   национално колажен македонски Скопје 24.mk
Наша ТВб 3   национално колажен македонски Скопје nasatv.com.mk
Клан ТВ   национално колажен албански Скопје klanmk.mk
ТВ Шења   национално колажен албански Скопје shenja.tv
ТВ Сонце   национално колажен македонски Скопје tv-sonce.com

Забелешка
^б 3 Телевизиите ТВ24 и Наша ТВ не го емитуваат својот сигнал преку сателит иако за тоа имаат активна дозвола од АВМУ.[13][15][16]

Tелевизиски станици со регионална покриеност

уреди

Телевизиски станици кои се емитуваат преку земски мултиплекс

Програма Мултиплекс Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место
ТВ Едо     MUX 6 Д1 Црн Врв (СК) колажен македонски Скопје edo.com.mk
ТВ ЕРА     MUX 6 Д1 Црн Врв (СК) колажен албански Скопје era.com.mk
МТМ 1 Скопска     MUX 6 Д1 Црн Врв (СК) колажен македонски Скопје mtm.mk
Б1 ТВ     MUX 6 Д1 Црн Врв (СК) колажен македонски
и ромски
Скопје /
КТВ Телевизија     MUX 7 Д1 Црн Врв (ВЕ) колажен македонски Кавадарци ktv.mk
ТВ Коха     MUX 7 Д8 Попова шапка колажен албански Тетово tvkoha.tv

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште Мрежно место
Тера ТВ   Д5 Пелистер колажен македонски Битола tera.mk
ТВМ ТВ   Д6 Мали Влај колажен македонски Охрид tvm.mk
ТВ Стар   Д3 Туртел колажен македонски Штип tvstar.com
ТВ Вис   Д4 Боскија колажен македонски Струмица kanalvis.com
ТВ Ирис   Д3 Туртел колажен македонски Штип /
ТВ Кобра   Д4 Боскија колажен македонски Радовиш /
ТВ Полог   Д8 Попова Шапка колажен албански и македонски Тетово pollogu.mk
ТВ ТопЕстарда   Д8 Попова Шапка забавен албански Тетово topestrada.tv
ТВ 3   Д7 Стогово колажен македонски, албански и турски Дебар /
Kiss&Менада ТВ   Д8 Попова Шапка колажен македонски Тетово k&m.mk
ТВ м»нет   Д3 Туртел колажен македонски Штип /
Вистел   Д1 Црн Врв (Ск) колажен македонски Скопје vtv.mk

Tелевизиски станици со локална покриеност

уреди

Телевизиски станици кои се емитуваат само преку кабелски оператори

Програма Ниво на емитување Вид Јазик Седиште
Канал Феста   Куманово, Липково и Старо Нагоричане колажен албански Куманово
ТВ Плус   Куманово, Липково и Старо Нагоричане колажен македонски и српски Куманово
ТВ Њуз   Куманово, Липково и Старо Нагоричане колажен албански Куманово
ТВ Кочани   Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци колажен македонски Кочани
ТВ Канал 8   Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци колажен македонски Кочани
Протел   Пробиштип и Кратово колажен македонски Пробиштип
ТВ Зравкин   Велес, Чашка и Градско колажен македонски Велес
ТВ Свет   Свети Николе и Лозово колажен македонски Свети Николе
Калтрина ТВ   Струга и Вевчани колажен албански и македонски Струга
Спектра ТВ   Струга и Вевчани колажен македонски Лабуништа
Дибра ТВ   Дебар, Центар Жупа, Маврово и Ростуша колажен албански и македонски Дебар
ТВ Гурра   Кичево, Пласница и Македонски Брод колажен албански и македонски Кичево
ТВ Ускана   Кичево, Пласница и Македонски Брод колажен албански и македонски Кичево
ТВ Дуе   Гостивар, Врапчиште и Боговиње колажен албански Гостивар
Глоби ТВ   Гостивар, Врапчиште и Боговиње колажен албански, македонски и турски Гостивар

Локализирани верзии на транснационални телевизиски станици

уреди

Документарни канали со превод на македонски јазик:

  • National Geographic Channel, со македонски DVB превод
  • Discovery Channel, со македонски DVB превод
  • Discovery HD Showcase, со македонски DVB превод
  • Animal Planet, со македонски DVB превод
  • TLC Balkans, со македонски DVB превод
  • History channel, со македонски DVB превод
  • H2, со македонски DVB превод
  • Da Vinci Learning, со македонски DVB превод
  • Viasat Explore, со македонски DVB превод
  • Viasat History, со македонски DVB превод
  • Viasat Nature, со македонски DVB превод
  • DocuBox HD, со македонски DVB превод
  • Travel channel, со македонски DVB превод
  • BBC Earth, со македонски DVB превод
  • Travel XP, со македонски DVB превод

Детски канали со превод на македонски јазик:

  • OK Orlando Kids, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот е повлечен од македонскиот пазар во текот на месец Март 2018)
  • Pikaboo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод
  • KidsCo, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик (каналот престана со работење на 01.01.2014)

Тинејџерски и семејни канали со превод на македонски јазик:

  • Vavoom, со синхронизирана интерпретација на македонски јазик и македонски DVB превод

Филмски канали со превод на македонски јазик:

  • Star, со македонски DVB превод
  • Star Life, со македонски DVB превод
  • Star Crime, со македонски DVB превод
  • Star Movies, со македонски DVB превод
  • AXN Adria, со македонски DVB превод
  • AXN SPiN, со македонски DVB превод
  • HBO Adria, со македонски DVB превод
  • HBO 2, со македонски DVB превод
  • HBO 3, со македонски DVB превод
  • Cinemax, со македонски DVB превод
  • Cinemax 2, со македонски DVB превод
  • Cinestar TV, со македонски DVB превод
  • Cinestar Action, со македонски DVB превод
  • Cinestar Premiere 1, со македонски DVB превод
  • Cinestar Premiere 2, со македонски DVB превод
  • TV 1000, со македонски DVB превод
  • Viasat Epic Drama, со македонски DVB превод
  • FilmBox Extra HD, со македонски DVB превод
  • FilmBox Plus, со македонски DVB превод
  • Tring Action, со македонски DVB превод (поранешен Tring Max)
  • Tring Fantasy, со македонски DVB превод
  • Tring Super, со македонски DVB превод
  • M1 Film, со македонски DVB превод
  • M1 Gold, со македонски DVB превод
  • M1 Family, со македонски DVB превод
  • BBC First, со македонски DVB превод
  • Pickbox TV, со македонски DVB превод
  • Dizi, со македонски DVB превод

Забавни канали со превод на македонски јазик:

  • MTV Adria, со македонски DVB превод (каналот опцијата за превод на македонски јазик ја има отстрането во текот на месец Март 2015 година, а на пазарот на поранешна Југославија престанува да работи на 31.12.2017)
  • E! Entertainment, со македонски DVB превод
  • 24 Kitchen, со македонски DVB превод
  • Fine Living (FLN), со македонски DVB превод (каналот престана со работење на 01.01.2021)
  • Zdrava TV, со македонски DVB превод
  • Nova S, со македонски DVB превод (поранешен Top канал)

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2011 година“ (PDF). АЕК. 12 јуни 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  2. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2012 година“ (PDF). АЕК. 5 јуни 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  3. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2013 година“. АЕК. 29 август 2014. Архивирано од изворникот на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  4. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2014 г“ (PDF). АЕК. 17 септември 2015. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  5. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2015 година“ (PDF). АЕК. 15 септември 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  6. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2016 година“ (PDF). АЕК. 25 јули 2017. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  7. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2017 година“ (PDF). АЕК. 31 јули 2018. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  8. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2018 година“ (PDF). АЕК. 2 октомври 2019. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  9. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации во РМ за 2019 година“ (PDF). АЕК. октомври 2020. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  10. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2020 година“ (PDF). АЕК. јули 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  11. „Годишен извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2021 година“ (PDF). АЕК. септември 2022. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 јуни 2023. Посетено на 24 јуни 2023.
  12. „Радиодифузери“. АВМУ. Посетено на 28 јуни 2023.
  13. 13,0 13,1 13,2 „Регистар на телевизии“. АВМУ. 24 март 2023. Архивирано од изворникот на 28 јуни 2023. Посетено на 28 јуни 2023.
  14. „TV 21 Macedonia“. LyngSat. 27 јуни 2023. Посетено на 28 јуни 2023.
  15. „TV 24“. LyngSat. 27 јуни 2023. Посетено на 29 јуни 2023.
  16. „Naša TV“. LyngSat. 27 јуни 2023. Посетено на 29 јуни 2023.

Надворешни врски

уреди