Агенција за електронски комуникации

Агенција за електронски комуникации (АЕК) е државна агенција на Република Македонија формирана на 1 јули 2005. АЕК е независен регулатор на пазарите за електронски комуникации во Република Македонија. Седиштето на Агенцијата за електронски комуникации е на Кеј Димитар Влахов бр. 21, Скопје, со центри за контрола и мерење сместени во Скопје, Битола и Штип. Агенцијата е формирана со претходна трансформација на Управата за телекомуникации [2]. Во моментот (2020) директор е Јетон Акику.

Агенција за електронски комуникации
Логото на агенцијата
Податоци за органот
Основан 1 јули 2005¹
Надлежност државна агенција
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Вработени 135[1] (2015)
Раководител Јетон Акику
(директор)
Мрежно место
aek.mk
Белешки
¹ трансформирана од „Управа за телекомуникации“
Седиштето на АЕК
План за намена на радиофреквенциските опсези на РМ

Работа на агенцијата

уреди

Агенцијата ги извршува работите од својот делокруг во согласност со Законот за електронски комуникации[3] и прописите донесени врз основа на него, како и врз основа на Националната стратегија за развој на електронските комуникации и меѓународните договори што ги склучила или на кои им пристапила Република Македонија.

Агенцијата при одлучувањето за работите од својот делокруг треба да биде неутрална во однос на применетите технологии, а донесените одлуки да бидат пропорционални на целите што треба да се постигнат со нив.

Агенцијата во рамките на својот делокруг на работа, промовира ефикасна конкуренција во областа на електронските комуникациски мрежи и услуги, придружни капацитети и други услуги со:

а) овозможување на корисниците, вклучувајќи ги и крајните корисници со посебни потреби, да ги користат поволностите во смисла на избор, цени и квалитет на пристапот до електронските комуникациски услуги;
б) заштита од нарушување или ограничување на конкуренцијата во областа на електронските комуникации;
в) стимулирање на ефикасно инвестирање во изградба на инфраструктура и поддршка на иновации;
г) промовирање на ефикасно користење на радиофреквенциите и бројченот простор како ограничен природен ресурс и
д) овозможување во слични околности да нема дискриминација во третманот на операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги.

Надлежности

уреди

Агенцијата е надлежна:

  1. да врши надзор, контрола и да го следи работењето на операторите на електронските комуникациски мрежи и давателите на услуги во согласност со овој закон, прописите донесени врз основа на него и постојните договори за концесија;
  2. да поттикне воспоставување на интерконекција меѓу електронските комуникациски мрежи и да обезбеди интерконекција според недискриминаторски услови, врз основа на одобрените референтни понуди;
  3. да преземе иницијатива за обезбедување на интерконекција:

- ја одобрува референтната понуда за интерконекција и/или пристап и референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка на операторите со значителна пазарна моќ и - определува оператори со значителна пазарна моќ во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата;

  1. да врши регистрација на нотификација на оператори на електронски комуникациски мрежи и даватели на електронски комуникациски услуги;
  2. да обезбедува корисниците да имаат пристап до јавните електронски комуникациски мрежи и јавните електронски комуникациски услуги на недискриминаторска основа;
  3. да презема мерки и пропишува заштита за да ги спречи операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги од ангажирање во антиконкурентни активности;
  4. да ги донесува и да ги спроведува Планот за намена на радиофреквенциски опсези и Планот за распределба на радиофреквенции;
  5. да го следи користењето на спектарот на радиофреквенции согласно со плановите од точката е) на овој став;
  6. да издава одобренија за користење на радиофреквенции;
  7. да врши координација на радиофреквенциите со регулаторните тела на соседните и другите држави;
  8. да донесува и да спроведува План за нумерација за електронски комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија;
  9. да доделува броеви и серии на броеви на оператори на јавни комуникациски мрежи и даватели на јавни комуникациски услуги;
  10. да управува и да го следи рационалното користење на броевите, согласно со Планот од точката 7.) на овој став и во случаи на утврдени неправилности да ги одзема броевите и сериите на броеви;
  11. да подготвува и да спроведува јавни тендери за доделување и користење на радиофреквенции;
  12. да ја утврдува содржината на стандарден договор меѓу оператори на електронски комуникациски мрежи, даватели и корисници на електронски комуникациски услуги;
  13. да презема мерки во согласност со овој закон во случаи кога е извршена повреда на одредбите на овој закон или одредбите и условите содржани во постојните договори за концесија;
  14. да ги контролира цените на комуникациските услуги и да презема мерки во случаи кога оператор на електронска комуникациска мрежа или давател на електронска комуникациска услуга, сам или заедно со друг има значителна пазарна моќ на релевантниот пазар на комуникациски услуги;
  15. да ги контролира цените на електронските комуникациски услуги утврдени во референтните понуди на оператори на електронски комуникациски мрежи и услуги со значителна пазарна моќ на релевантен пазар;
  16. да врши контрола на тарифните режими утврдени во постојните договори за концесија;
  17. да раководи и да управува со средствата на фондот за универзална услуга и да врши наплата на надоместоци од операторите кои не се даватели на универзална услуга на посебна сметка на име на фондот, како и да врши исплата на средства од фондот кон давателот на универзална услуга;
  18. да решава спорови меѓу:

- операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на услуги во врска со интерконекција и/или пристап, на предлог на една од страните на спорот, согласно со овој закон; - оператори на електронски комуникациски мрежи и даватели на услуги согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон и - корисници и оператори на електронски комуникациски мрежи и даватели на услуги согласно со одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на овој закон;

  1. да воспостави, да одржува и да ажурира електронска база на податоци што содржи информации од областа на електронските комуникации и да обезбеди информациите да бидат јавно достапни во согласност со правилата за доверливост и прописите за пристап до информациите;
  2. да соработува со надлежните тела и институции од областа на радиодифузијата и заштитата на конкуренцијата;
  3. да го следи развојот на електронските комуникации;
  4. да бара податоци и информации од операторите на електронските комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги;
  5. да обезбедува информации за корисниците, операторите и давателите на услуги и меѓународните организации и тела;
  6. да донесува и спроведува подзаконски акти донесени врз основа на овој закон;
  7. да донесува технички прописи врз основа на овој закон;
  8. да одобрува употреба на радио и телекомуникациска терминална опрема;
  9. да обезбедува операторите на електронски комуникациски мрежи и давателите на електронски комуникациски услуги да се придржуваат кон обврските кои им се дадени во интерес на одбраната, безбедноста и одржувањето на јавниот ред, како и за време на воена и вонредна состојба;
  10. да ја спроведува примената на националните и меѓународните стандарди и технички прописи во областа на електронските комуникации;
  11. да учествува во работата на меѓународни организации и здруженија на национални регулаторни тела во областа на електронските комуникации;
  12. да ја врши својата работа транспарентно и на недискриминаторски начин, овозможувајќи им на заинтересираните страни да дадат забелешки и коментари во врска со иницијативите, мерките и одлуките на Агенцијата и
  13. да спроведува постапка за определување на давател на универзална услуга и склучува договор со истиот, по претходно добиена согласност од министерот надлежен за електронските комуникации.

Агенцијата за својата работа одговора пред Собранието на Република Македонија. Агенцијата за својата работа е должна до 31 март во тековната година да достави годишен извештај за претходната година до Собранието на Република Македонија. Годишниот извештај особено содржи:

а) извештај за извршени активности на Агенцијата во изминатиот период;
б) годишна програма за работа за претстојниот период;
в) извештај за состојбата на средствата во Фондот за универзална услуга и
г) извештај за извршување на финансискиот план на Агенцијата.

Годишниот извештај на Агенцијата е достапен јавно.

Наводи

уреди
  1. „Извештај за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2015 година“ (PDF). Народен правобранител на Република Македонија. јуни 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-28. Посетено на 2017-03-19.
  2. „Службен весник на Република Македонија” бр.13/2005
  3. „Закон за електронски комуникации“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-01. Посетено на 2008-11-10.

Надворешни врски

уреди