Архива/2008  · Архива/2009/1  · Архива/2009/2  · Архива/2009/3  · Архива/2010/1  · Архива/2010/2  · Архива/2011/1  · Архива/2011/2  · Архива/2012

Шаблон:Drugbox

уреди

Здраво Кирил,
Можеби забележа дека го правам шаблонот Шаблон:Drugbox. Идејата ми дојде на ум оти ми текна дека овој шаблон за често користените лекови (пример: en:Category:Non-steroidal_anti-inflammatory_drugs) може да се користи за да се направат повеќе статии со бот. На сличен начин имам пополнувано бази на податоци. Те молам, ако имаш време, погледни дали го правам како што треба за да не дојдам во ситуација да го започнам повторно од нула. Фала.
Поздрав, Wikimk (разговор) 21:48, 12 јули 2009 (UTC)

:-) Кирил, не е сѐ во ред. Има еден проблем, ама прво да го дефинирам па ке побарам помош. Поздрав, Wikimk (разговор) 22:57, 12 јули 2009 (UTC)

Здраво. Кирил, еве го и прашањето. Погледни овде: Морфин. Види како изгледа формулата! Претпоставувам дека е некој space или нешто слично во Шаблон:OrganicBox atom или во Шаблон:OrganicBox. Јас не можам да се снајдам. Фала за помошта. Поздрав, Wikimk (разговор) 23:19, 12 јули 2009 (UTC)

Fala. Pozdrav, --Wikimk (разговор) 00:09, 13 јули 2009 (UTC)

Бла, бла, анализа

уреди

Ако 50 пати кликнеш на Специјални:Случајна, ќе добиеш отприлика претстава за содржината на викито. Јас кликнав 50 пати овде (може и со кратенка: alt+x) и ги забележав резултатите долу:

  • Случајни статии (50):
  1. Вистински статии (кои не се никулци) (5)Баргала, Адријана Лима, Астрономија, Список на британски монарси, Филателија;
  2. Никулци (20)Филип V (Франција), Наце Димов, Покриен мост (Ловеч), Страбон, Скок во далечина, Удмуртски јазик, Џамија Бајазид II, Група Бапчорки, Анадолски Хисар, Палајски јазик, Абрахам Линколн, Мелатонин, Крсте Златарев, Ум Туба, Империја без море (филм), Таупо, Нихилизам, Муарем Кочиу, Рио Негро (провинција), Мата Хари;
  3. Страници за појаснување (1)Галија (појаснување);
  4. Празни статии/држачи на наслов (nameholders) (24)
    1. За македонски села (3): К'шање, Подареш, Мали Влај,
    2. За македонски училишта (1): ОУ "Св. Климент Охридски" - Драслајца;
    3. За години (12): 1022 п.н.е., 1568, 437 п.н.е., 1440, 571 п.н.е., 968 п.н.е., 260-ти п.н.е., 247 п.н.е., 1166 п.н.е., 1200 п.н.е., 1424 п.н.е., 95;
    4. За датуми (1): 14 март (родени);
      1. За години по тематика (5): 1702 во архитектурата, Листа на лидери на држави во 81 година, 1564 во уметноста, Листа на лидери на држави во 107, 1935 во стрипот;
    5. Поврзани со географија (области, општини, градови и слично) (2): Бајангол, Оворхангај, Спероне.

Секако, со секоја различна сесија на кликање alt+x, ќе добиете различни резултати. Не е тешко да се забележи дека скоро половина од случајните страници се празни статии/држачи на текст. Во најдобар случај тие се составени од: '''X''' претставува У во Z. {{Z-Y-никулец}} [[Категорија:Y-oни во Z]]. Јас не велам да ги бришеме овие страници (страници, а не статии); нека стојат така како што се. Да се надеваме дека некогаш тие ќе се потполнат и дека ќе го оправдаат своето постоење. Сепак, од ова се заклучува, а се надевам се согласувате со мене, дека:

  • Моментално овие страници не му служат на читателот со тоа што му нудат енциклопедиски информации, од што следува дека:
  • Статистиката за бројот на статии не значи ништо за читателот. Таа го има истото значење како и вкупниот број на страници (заедно со пренасочувања и појаснувања, вкупно 572.226).

Оваа енциклопедија ја пишуваме за читателите... (недовршено) Brainmachinewtf? 01:44, 14 јули 2009 (UTC)

Историја на Унгарија

уреди

Дури сега ме засрами...:)) Ми треба некое второ трето одделение да се вратам за граматика. Поздрав--Астрион (разговор) 20:02, 14 јули 2009 (UTC)

Дискусијата за кирилица и латиница

уреди

Ве молам да ја пренесете дискусијата овде: Разговор:Курт Кобејн Поздрав, Црноризец (разговор) 01:42, 15 јули 2009 (UTC)


Кирил, постои ли некој шаблон од историја во порталот, оти не можам да најдам ништо...--Астрион (разговор) 16:12, 16 јули 2009 (UTC)

Претпоставете добри намери

уреди

Еј, во врска со оваа промена, грешка си кога велиш имајте добри намери. Правилно е претпоставете добри намери (assume good faith). Ако го создаваме тоа напатствие, неговиот концепт е да претпоставуваме дека уредувањата на корисниците се направени кон добра цел и дека погрешно да мислиме дека некој корисник мисли лошо, судејќи само според уредувањата. Затоа поправи го насловот и во шаблонот кој ќе става на страниците за разговор. Brainmachinewtf? 00:45, 18 јули 2009 (UTC)

Одредување на минимален број на гласови „За“

уреди

Може да се договориме точките кои имаат доволен број на гласови да станат дел од критериумите, а за останатите да дискутираме и натаму. Со оглед на тоа што предлогот е твој, би требало иницијативата во таа насока ти да ја покренеш.
Доколку една статија има еднаков број на „за“ и „против“ гласови таа не треба да биде избрана.
Поздрав, --Wikimk (разговор) 20:39, 18 јули 2009 (UTC)

Шаблони за страна на разговор

уреди

Здраво Кирил, знам дека си на одмор (убаво да поминеш) но да прашам сега за да не заборавам па кога ќе видиш пиши. Имено, видов дека има шаблони: Избрана разговор, Страница за разговор и јас направив два исти такви за порталот (се уште не направен) литература и за портал Македонија и имам направено за јазик. Е сега овие шаблони (освен за јазик) сите ќе ги додаваме рачно или? Како се имаме договорено? На пример полесно е рачно да се ставаат шаблоните за литература, Македонија и јазици (овој за јазици на многу статии сум го ставил, не е проблем) отколку оние за избрана и страна за разговор. Тие би можеле со бот или? Поздрав и се најдобро--Никола Стојаноски 19:29, 22 јули 2009 (UTC)

Поздрав

уреди

Поздрав Кириле. Данас сам мало читао по вашој Википедији па рекох да се јавим. Онај програм је доступан за скидање са архиве доступне на дну ове странице: МирославЋикаКосмосБот. Поздрав, Мирослав Ћика. 130.113.121.107 (разговор) 18:38, 24 јули 2009 (UTC)

Welcome back...

уреди

... и се надевам убаво си помина. Инаку, Брест го додаде тој основниот шаблон, ние треба да ги ставаме тематските, но има време, се ќе биде. Поз--Никола Стоіаноски 21:38, 29 јули 2009 (UTC)

Hi! Need your help...

уреди

Hi! I'm from Polish Wiktionary. We are translating names of our main templates into various languages (our top 50) in order to help users who don’t speak Polish understand our articles. I wonder if you would be helpful and translate for us just a few linguistic terms into Macedonian. How about that?

  • [1] pronunciation -
  • [2] definitions (plural) -
  • [3] inflection -
  • examples (plural) -
  • [4] syntax -
  • [5] collocations (plural) -
  • [6] synonyms (plural) -
  • [7] antonyms (plural) -
  • related terms (plural) -
  • [8] idioms (plural) -
  • [9] etymology -
  • notes (plural) -
  • [10] translations (plural) -
  • derived terms (plural) -
  • [11] transliteration -
  • [12] transcription -
  • sources (plural) –

PS. Please note that some of them must be in plural. We’d be very grateful Best regards! --PiotrekSzwecja (разговор) 16:54, 1 август 2009 (UTC)

Hi, dear friend. I'm always here to help everybody. Theese are translations in to Macedonian:
  • pronunciation - изговор
  • definitions (plural) - дефиниции
  • inflection - промена на букви (for this word it's also used its transcription into Macedonian: „инфлекција“)
  • examples (plural) - примери
  • syntax - синтакса
  • collocations (plural) - колокации
  • synonyms (plural) - синоними
  • antonyms (plural) - антоними
  • related terms (plural) - поврзани поими
  • idioms (plural) - фразеологизми („идиоми“ is also common; do not be confused for the term „фразеологизам“ wih the term 'phrasal verb', but this word in English would be 'phrasal verb'; it's not same)
  • etymology - етимологија
  • notes (plural) - белешки
  • translations (plural) - преводи
  • derived terms (plural) - изведени поими
  • transliteration - транслитерација
  • transcription - транскрипција
  • sources (plural) – извори (without confusion; in Macedonian, the word „извор“ in singular (pl. „извори“) may refer the meaning of spring (natural source of water(pl.Źródło); it is a homonzm, as many other words are)

Salute.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:28, 1 август 2009 (UTC)

Thank you! Here you can see them all. Cheers! --PiotrekSzwecja (разговор) 17:35, 1 август 2009 (UTC)

Анархизам

уреди

Здраво, како си, како оди работата. Во врска со работата сметам дека корисникот Bgljb не треба да го става шаблонот за анархисти за пооделни личности. Што мислис ти--Астрион (разговор) 20:59, 3 август 2009 (UTC)

Добро, како... така... Поздрав--Астрион (разговор) 12:08, 4 август 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво, во врска со Викимедија Македонија. На линкот кој го добив, пишува дека има некаков статут. Не се снајдов да го најдам и да го прочитам пред да се активирам во врска со здружението. Па те замолувам доколку го има некаде онлајн, прати ми линк. Доколку сум го пропуштил, се извинувам однапред.

P.S. Да, во врска со предлогот: да не се сместува Шаблонот за анархизам за статиите на личности кои се помалку поврзани со анархизмот, се согласувам. Поздрав. --Bgljb (разговор) 22:43, 3 август 2009 (UTC)

Шаблон:ВикиПроект - Хемија

уреди

Здраво Кирил, те молам погледни го ова: Разговор:Анилин. Таму недостига шаблонот кој ги избриша пред малку. Таа страница е направена од брест-бот. Мене пократката ознака за овој шаблон повеќе ми се допаѓа, ама поради ова мислам згодно е да стојат двете. Ако имаш поарна идеја од тоа што јас го направив слободно реши го како што мислиш. Фала. Поздрав, --Wikimk (разговор) 17:15, 4 август 2009 (UTC)

Имам поарна идеја, а тоа е новиот шаблон да пренасочува во постоечкиот. Има два исти шаблони, а тоа не е во ред. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:16, 4 август 2009 (UTC)

Во ред

уреди

Фала за известувањето, ќе го имам тоа предвид. Поздрав, Бојан имаш за кажување? 15:10, 6 август 2009 (UTC)

Ре:Тврдини

уреди

Здраво и од мене. За тврдините, шо знам дали да продолжам. Ефектот кој е? Празни статии, само бројките се поголеми. Ама јаде велам да се потрудиме, да стигнаме до 40000, белки овие англичаните ќе не стават на главната страница. --Астрион (разговор) 15:19, 6 август 2009 (UTC)

Дај те молам среди го шаблонот [Главни градови во Европа]. Проблемот е како да ги нема во [оваа категорија]. Еднаш, Македонското момче ме учеше, ама не можам да разберам шо врска има ?--Астрион (разговор) 16:44, 6 август 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво, Kiril! Имам едно прашање за тебе. Зошто служи Викимедија Македонија, не можам да разберам во што е работата. Ова е најверојатно една од причините што не сум зачленет! Те молам објасни ми. --Stefan40-3e3e (разговор) 06:11, 7 август 2009 (UTC)

Poshtovanje na site na onie koj se borele za nashata idnina,pa deneska sme doçekale da mozheme da kontaktirame preku internet,posebnno gi pozdravuvam site moderatori na Wiki.--Rizvan (разговор) 14:46, 10 август 2009 (UTC)--Rizvan (разговор) 14:53, 10 август 2009 (UTC) Prmite pozdrav Ve pozdravuvam i baram oprostenje za ova za ova podateka za moeto sello Verbjani Rostusko ne mozhev lesno da ja dostavam podatekata ali uspeaf pa za toa ve molam da ne mise lutite mozhda vi otforif rabota i vami zash ne mise mnogu jasni raboqevo od wikipediata.--Rizvan (разговор) 22:31, 29 август 2009 (UTC)

Категоризација

уреди

Здраво, како си, како оди работава. Имам прашање до тебе... Деновиве освен со тврдини сакам малку да ги категоризирам статиите, но гледам дека се е само голем хаос. Според мене, со малку повеќе труд, ќе се среди. Е сега, во врска со Македонија и Република Македонија, според мене катеогријата за Македонија треба да се однесува само на географскиот реон, а Р.М. за се друго. Шо велиш малку да поработам на тоа:--Астрион (разговор) 17:11, 10 август 2009 (UTC) Ок, но што се однесува до годините, а и категоризација на годините, не знам, би требало првин старите да се избришат (нели имаше пр. 2009 година, или 2009. година)

Ок, можам да ти помогнам но започнав со Категорија за РМ и Мак. Шо ти значи тоа етод? :) Може кога ќе завршам со категоријата, да ти помогнам. Сепак, не сакам да ги запоставам и тврдините?--Астрион (разговор) 18:07, 10 август 2009 (UTC)

Гргргргрг, не ми текна, пак мислев некои ваши шифри. Хе, ајдепријатна работа и ќе ти пишам кога ќе средам за МК

Избрани статии

уреди

Нешто како да забележав но не сум сигурен. Дали автоматски се ставаат статиите на главната или не? И дали има измени при начинот на избор на нова статија бидејќи колку што знам гласавме едно време за тоа. Колку што можам да видам има некои избрани статии со само два гласа. Поз--Никола Стоіаноски 09:49, 11 август 2009 (UTC)

Портал:Спорт

уреди

Здраво Кирил!! Гледам дека на порталот спорт имаш наместено НБА да биде избрана статија за месец септември. Мислам дека подобро би бил ода се стави некоја друга на пример Премиер Лига, таман тогаш таа е актуелна, за Октомври некој друга, а за Ноември НБА, бидејќи колку штои знам НБА почнува во првата недела во Ноември, но оваа година мислам на 29 октомври, ама поактуелна ќе биди во Ноември. Ако не сакаш промени нема проблем. Ајде здраво --Stefan40-3e3e (разговор) 12:32, 12 август 2009 (UTC)

Ти како сакаш прави, но мислам дека е подобро избраните статии да бидат актуелни во тој месец, јас би ти ја предложил следнава листа:
  • Септември:Премиер Лига
  • Октомври: Некоја по твој избор
  • Ноември:НБА
  • Декември: Најверојатно да биде ски скокови бидејќи мислам да ја пишувам

Ова би ти билоплан оваа година


Земји на ОИ

уреди

Шо знам бре, тие тврдините никако да ги завршам во Србија и Хрватска. Ајде, давај шаблон, тврдините нека почекат. Може да направиш ако сакаш и инфо

Ок, тогаш кажувајте кој што ќе работи, и да започнеме. Ајде и една кампања за 40.000 до Нова Година. Убеден сум оти ако сме овде ќе стигнеме до таа бројка --Астрион (разговор) 15:19, 14 август 2009 (UTC)
Добро, започнувам со Албанија на Олимписките игри

Ха, не сум знаел стварно, добро ќе се поправаме. Малку побавно ќе оди за разлика од никулците, ама ако, по крајта покрајта ќе стасиме:) А сакам да те прашам зошто за Кипар не излева инфо-кутијата. --Астрион (разговор) 12:57, 15 август 2009 (UTC)

Креирање на портал

уреди

Здраво Кирил. Побарав помош околу креирање на портал, на бирото за помош, па ме упатија кај тебе, http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%92%D0%B8%D0%BA%D0%B8%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0:%D0%9F%D0%BE%D1%80%D1%82%D0%B0%D0%BB/%D0%9F%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%88#.D0.9F.D0.BE.D1.80.D1.82.D0.B0.D0.BB Сакам да креирам Портал:Анархизам, но не сум сигурен како. Доволно би било некој линк за да се снајдам и сл. Секој совет е добредојден. Поздрав. - Bgljb (разговор) 12:58, 16 август 2009 (UTC)

Наградичка

уреди
Награда за добар помошник на новите корисници
Јас, MacedonianBoy, Ви доделувам вам, Kiril Simeonovski, награда за вашите заложби за помош на новите корисници и за добро завршените работи како советодавач на новодојдените. Пздрав!

Благодарам, Никола:)) Навистина ме изненади со наградата.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:39, 17 август 2009 (UTC)

Не сум дал награда од поодамна па сега ќе дадам на највредните корисници во последно време. Поздрав--Никола Стоіаноски 09:44, 17 август 2009 (UTC)

Статии за олимпијада

уреди

Здраво Кирил. Нешто сте ми бавни со Тиверополник во правењето на статии за Олимпијада. Јас имам баеѓи статии за писатели но и шаблони за Олимпијада, но чекаат да се направат статиите. За да оди работата побрзо, Тиверополник нека ги прави статиите кои се општо за Олимпијада (пример: Македонија на Олимпијада) а ти прави ги поединечните статии од типот Македонија на летните олимписки игри - 1996. Поздрав--Никола Стоіаноски 11:35, 18 август 2009 (UTC)

Јас деновиве нема да можам да бидам многу активен, барем не до крајот на неделата. Инаку, мислам дека подобро е Тиверополник да уредува нови статии, бидејќи многу од досега уредените статии не се добри, со многу грешки, без соодветни преводи и без надворешни врски. И поради тоа, се губи време за поправки. Морам да ги надгледувам најновите статии, општо за земјите на Олимписките игри, за да има време кога да се поправат. Инаку за секоја пооделно по Олимписки игри, мислам дека нема да има вакви проблеми, бидејќи воведот е со една реченица. Сепак, не ми е само до уредување на статии без квалитет и со греки, бидејќи после некој мора да ги поправи. Сепак, ќе се обидам да започнам и со тоа, ако за кратко ги подобрам постоечките. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:50, 18 август 2009 (UTC)

Да не претеруваме

уреди

Овие статии, освен една, според твоите тврдења до сега треба да се избришат. Но јас безобразно нема да ставам шаблони за бришење и ќе те замолам да не ставаш и ти ако немаш против. Моментално има една статија за бришење тотално непотребна и ти таму не коментираш туку си започнал војна против наши корисници. Тоа Кирил не не води никаде, барем да им кажеме на Мета нека го затворат проектов и готово. Нема кој да уредува веќе со караници. Ќе те замолам за поконструктивен пристап кон разботите за да не се расправаме. Сварно не сакам кавги и ќе те замолам за поконструктивен однос. Поздрав и се најдобро--Никола Стоіаноски 12:41, 19 август 2009 (UTC)

Јас само си го давам моето мислење. Ако ислиш дека не е во ред нешто со овие статии избриши ги. Немам ништо против, иако мислам дека самиот факт што на 10 јазици има статии и што тоа се луѓе-историја на шахот зборува сè. Мислам дека и јас и ти добро знаеме како се најдоа веќе избришаните статии на Википедија. Јас мислам најдобро за ова јазично издание на википедија. Да сакав да ја полнам со глупости, немаше воопшто да уредувам. Сакам да учествувам во создавањето на информации кои ги нема на македонски. Сепак, протолкувај го ова како сакаш.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:54, 19 август 2009 (UTC)

ВикиПроект:Литература

уреди

Имаме капацитет да направиме еден добар портал за литература и еден ВикиПроект? Како што ми изгледа мене, можеме и имаме доста добри статии поврзани со литературата. Поз--Никола Стоіаноски 13:51, 19 август 2009 (UTC)

Јас баш сега мислев на тоа. Веднаш почнувам.
Инаку започнав со уредување на статиите за земјите-учеснички на олимписките игри по Олимписки игри оделно. Мислам дека ќе треба доста време за работа, но ако ние тројца продолжиме и евентуално ако вклучиме некој четврти може брзо да ги завршиме сите статии. Отприлика ги има над 3000.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:55, 19 август 2009 (UTC)
Тиверополник не ќе може да уредува овие денови (му се зезнал компјутерот) па сега сме двајца. Прави ги тие одделните статии а јас шаблоните па барем ќе завршиме некој дел од работата.--Никола Стоіаноски 13:58, 19 август 2009 (UTC)
Видов дека Тиверополник завршил речиси со сите европски земји, но работата е што многу често во неговите уредувања има граматички грешки, па најдобро ќе биде да се направи ревизија на текстот, па после да се уредува. инаку добро ќе биде до крајот на месецот ако завршиме со статиите за сите европски држави на сите Олимписки игри оделно.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:00, 19 август 2009 (UTC)

Награда

уреди

Благодарам за признанието! Со гордост го истакнав на коеисничката страница, и се надевам дека ќе служи како инспирација за подобрување на содржините и функционалноста на сите нешта на македонски јазик.

Патем, штета е што немаме никакви македонски преведувачки или уредувачки тимови на ниеден проект. На пример, на Мета може да се создаде тим со водач и да се работи на преводи и слично, но гледам дека сепак главно тука сте зафатени на домашен терен. И со право. Впрочем, размислувајќи за нашата Википедија не знам што да кажам. Од една страна имаме проблеми и назадуваме во доста работи и други проекти, но од друга страна, со оглед на тоа дека активното уредништво ни е минијатурно, постигаме колосални успеси, можеби сразмерно повеќе од било која друга Википедија. Интересно е, колку и да размислувам едноставно не можам да сфатам зошто на мк вики имаме толку малку заинтересирано уредништво на јазик кој сепак го зборуваат голем број на луѓе, од кои исто така голем број имаат пристап до нас. Просто се чудам и не можам да си објаснам... Поздрав и уште еднаш благодарам! --Б. Јанкулоски (разговор) 22:57, 19 август 2009 (UTC)

Картата на Bogrom

уреди

Иако страницата е заклучена, сепак ме интересира до кога корисникот Bogorm ќе ја истакнува таа карта на страницата? И не знам зошто досега ништо не е преземено истата да се отстрани од секаква примена на нашава Википедија (освен можеби во некое заглавје од типот „Бугарското гледиште“). --Б. Јанкулоски (разговор) 00:01, 22 август 2009 (UTC)

Нерегистриран корисник

уреди

Здраво. Забележав дека еден нерегистриран корисник започнал да уредува со вандализми и без добри намери, прекршувајќи го правилото за однесување. Што вообичаено се презема во ваков случај? Благодарам. Relativefrequency (разговор) 13:19, 23 август 2009 (UTC)

Овој нерегистриран корисник ќе биде блокиран, поради употребата на несоодветни зборови.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:41, 23 август 2009 (UTC)
ОкГотово! IP адресата на овој нерегистриран корисник е блокирана во времетраење од 3 дена, по основ на ширење на омраза спрема некои корисници, односно поради провокативната и несоодветна содржина на неговите уредувања.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:47, 23 август 2009 (UTC)

Благодарам и се надевам во иднина да имаме што повеќе уредувачи со добри намери. Поздрав. Relativefrequency (разговор) 13:53, 23 август 2009 (UTC)

Ako gi imaat tvoite nameri, togaš mu ja pluknavme rabotata :D--Р ашо 13:57, 23 август 2009 (UTC)

Олимпијада

уреди

Оооо, така ли се договоривме:)) Па кога ќе дојдам на ред да си ги завршам тврдините во Србија и Хрватска, на сред пат сум:)) Шо велиш? А во врска во Подпоручикъ, ништо страшно, само дискутираме за сликата на Сандански дали е фалш или не.--Астрион (разговор) 20:27, 24 август 2009 (UTC)

Одговор

уреди

нема никаков проблем, само сакав да дадам одговор на малку поинаков начин. Би сакал да дојдам, ама не сум во можност, ама ако можам да помогнам на некој друг начин слободно контактирајте ме. Поздрав, LazialeStojakovo (разговор) 21:28, 24 август 2009 (UTC)

Кире, ок фала на поправката. Сега јас сум скоро готов, па ќе си додвршам за тврдините, а потоа одам Историја на Шпанија. Оки ли е?--Астрион (разговор) 14:12, 25 август 2009 (UTC)

Не сега за сега имам околу 10-тина за Шпанија, а за тврдините се околу 100тина, кои би требало бргу да одат, шо значи дека ако се ангажираме ќе надминеме 35.000--Астрион (разговор) 14:16, 25 август 2009 (UTC)

Статиjа за Борис Глаушев

уреди

Драг Кириле, дали имам право да напишам одделна статиjа за Борис Глаушев? Глаушев е главниот хероj на романот "Илинден" од Димитар Талев. Мислам дека ако се верва на твоjата теориjа дека "Ова дело е доказ дека говорот се случил." и Борис Глаушев мора да бил вистински историски хероj. А?

Поздрави, Бобан Крумески 16:57, 25 август 2009 (UTC)

Напиши, ако сакаш. Само немој да ми кажеш дека и Гоце Делчев е измислен лик.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:59, 25 август 2009 (UTC)

Гоце Делчев не е измислен лик, но литературниот лик на Делчев во романот "Илинден" од Димитар Талев е измислен. Тоа е разликата. Бобан Крумески 17:04, 25 август 2009 (UTC)

Сега, што? Борис Глаушев да не е ликот на Гоце Делчев?--Kiril Simeonovski (разговор) 17:12, 25 август 2009 (UTC)

Литературните ликови Глаушев и Делчев во романот "Илинден" се во ист степен литературни ликови. Нема податоци за тоа дека нивните белетристички зборови се директни цитати од историски документи. А што се однесува до градот Преспа... Од првиот роман од тетралогиjата, "Железниот светилник", "Съчинения", том 3, София, 1972, стр. 17:
Преспа беше град със стара слава и със своите десет, а може би и петнадесет хиляди жители беше един от големите градове в Македония. Улиците му бяха тесни и криви, на няколко места се отваряха малки площади и само житният и конският пазар бяха доста широки празни места на двата края на чаршията...
Годината била 1833, ова се тврди на стр. 7. Преспа во творештвото на Талев е град од 19 и почетокот на 20 век, а не историско-географска област, и претставува обопштен симболичен лик на големиот македонски град од таа епоха. Нема било каква конкретна врска со Ресен, коj и во краjот на 19 век немал ни 5.000 жители, а дури денес брои само 8.748 луѓе. Теориите за Преспа како не-град во творештвото на Талев се ирелевантни. Накраj, навистина не разбирам зошто уредуваш прашања, за кои не си прочитал ни еден ред... А литературата сепак не е еднаква со историската наука. Биди поздравен, Бобан Крумески 23:14, 25 август 2009 (UTC)

Број на статии

уреди

Па по некоја логика нема да е лошо да пробаме дали можеме денеска 100 статии. Шо шаблони или теми имаме на располагање или сам да си најдам?--Астрион (разговор) 15:19, 26 август 2009 (UTC)

Ај ќе видам, имам уште околу 40-тина тврдини па после ќе гледам. Нешто не ме влече кон телефоните:) ама ако не најдам друг тогаш тој ќе биде--Астрион (разговор) 15:42, 26 август 2009 (UTC)
Кирил, добро бре, не се замарај. Ќе најдам нешто. Јас обично сум по историјата, географијата или градбите. Ќе најдам некој кралеви во Шпанија или незнам...--Астрион (разговор) 15:48, 26 август 2009 (UTC)

Фази логика

уреди

Би сакал мислење на Разговор:Фази логика. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 08:38, 31 август 2009 (UTC)


Ре:Нови статии

уреди

Здраво и од мене. Во моментот се занимавам со категоризација. Тврддини колку што ги знам ги има околу 60-тина статии (ми останаа уште дел од СЛО, ХРВ и ЦГ). Потоа има околу 15-тина статии од Шпанија, па ајде да почнеме. Јас може да прекинам малку со категориите кои се катастрофа за жал. Поздрав--Астрион (разговор) 14:19, 31 август 2009 (UTC) А во исто време не знам дали виде, нешто инфокутиите не се во ред!

Translation of a short story

уреди

Hi my friend!

I'm a Hungarian Wiki-editor, my name is Norbert. I would like to request something from you. Yes, translation. I hope, it's not a bad thing for you. Some years ago I wrote a (really) short story about a lonely man (actually symbolized the Saami nation). I translated into some languages and I thought, it would be great to have it more, like also in Macedonian :) I made this page, the Serbian (or English) translation is somewhere there. You can put the Macedonian translation there. Thank you again! Sorry for my disturb... :( - hu:User:Eino81

Hi, Кирил. I need your help. Can you check my contibs, 'cause I don't speak Makedonian very well? Best regards, --94.250.61.151 (разговор) 16:42, 5 септември 2009 (UTC)

Кирил, ај те молам превод на ова: Late Roman-era tribes in the Balkans. Не знам не ми текнува како да го поврзам:)--Астрион (разговор) 21:59, 7 септември 2009 (UTC)

Сакаш да кажеш категоријата да се вика: Варварските племиња на Балканот во доцната римска ера или... --Астрион (разговор) 22:06, 7 септември 2009 (UTC)
Incredible... TU--Астрион (разговор) 22:14, 7 септември 2009 (UTC)

Кирил ајде повторно превод... Rashidun Caliphate како да го преведам? Како на босанската верзија Праведен калифат или...--Астрион (разговор) 13:35, 8 септември 2009 (UTC)

Зашто ми зимаш редот за шаблонот. Напред Македонија--Астрион (разговор) 16:28, 8 септември 2009 (UTC)

Ок, среди ја главната тогаш. Поздрав--Астрион (разговор) 16:32, 8 септември 2009 (UTC)

Средување на шаблон

уреди

Ајде ако сакаш среди го малку шаблонот, види само како излева. знаеш дека не ме бидува за вакви работи. Поздрав--Астрион (разговор) 19:15, 8 септември 2009 (UTC)

Dear friend. kindly I ask you if you can adjourn the articles in Macedonian and Russian on Кампора Сан Џовани. I thank you in advance.

уреди

Dear Friend, I write you if kindly you would adjourn the articles that I have signalled you, naturally I reciprocate the courtesy that you will do me.... translating what you have of need in Italian, Spanish, French and Portuguese. I am biographer and geographer.... also photographer. I can also translate you in the Italian dialects on the wikipedia. I am sure that we will put in accord there.... for now thanks of heart♥♥--Lodewijk Vadacchino (разговор) 09:18, 9 септември 2009 (UTC)

I see that the article in Macedonian needs additional informations about the history of the place, and also about the tradition and culture. Nowadays, I'm busy with other things on and out of WIkipedia, and when I' ll have much more time, I'll expand this article. Best regards.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:24, 9 септември 2009 (UTC)

Шаблон повторно

уреди

Здраво Кирил, како оди... Би те замолил неколку работи:

  • Овој шаблон да се среди. Не само што не излеваат знамињата како овде на пример, туку во категоријата се појавува: Статии за поранешни земји кои бараат одржување, Поранешни европски монархии (за која постои веќе категорија)... Знам дека е малку глупо да се замараш, но јас го гледав некако не можам да се снајдам.
  • Шаблон за Шпанија, каде повторно некаде грешам по се изгледа со , не знам. На секоја статија каде што ќе го ставам шаблонот, сите се појавуваат во категорија
  • Ако последната статаија за Визиготско Кралство малку ја средам, дали би можела да се најде во поранешниот Портал:500

Ајде кога ќе имаш време среди ги ако можеш. Поздрав --Астрион (разговор) 21:26, 14 септември 2009 (UTC) ok, pozdrav

Вратено уредување

уреди

Здраво Кирил, и jас мислам дека нема потреба от толку цитирани извори (15) во статиjата. Од изворите за Комитопули, само овоj на Владимир Ћоровић е од интернет издание на книга (оригиналот е хартиен) - се наога во "Проект Растко" ([13]). Другите се од скенирани хартиени книги и за секоj извор можам да дам скени, ако е потребно. Еве например целата 30 страница од John W. Birkenmeier: [14] --Стан (разговор) 20:53, 20 септември 2009 (UTC)

Додатоци

уреди

Пренесов од англиска википедија некои додатоци, доколку си заинтересиран оди во мои нагодувања -> додатоци и избери си додаток кој сакаш да го користиш. Некои од додатоците се навистина корисни.--brest (разговор) 11:07, 21 септември 2009 (UTC)

Re: Лех Валенса

уреди

Hello! Thank you so much for your help :) Best wishes, Patrol110 (разговор) 07:46, 22 септември 2009 (UTC)

Кралчиња

уреди

Здраво и од мене. Планирам да ги уредам, но најпрвин сакам да ги довршам основните статии од историјата на Шпанија, па потоа започнувам повторно со никулчињата. Шо да се праи, тоа е. Ќе ѕирнам кај француските кралеви. Поздрав--Астрион (разговор) 18:54, 22 септември 2009 (UTC) Само ако сакаш погледни ги имињата дали се во ред

Додатоци

уреди

Здраво, како е? Сакав да те питам тебе околу додатоците (Брест нешто не одговара), како функционираат, шо полза од ниов или пак каде да читнам. Поздрав--Астрион (разговор) 16:37, 23 септември 2009 (UTC)

Ok, fala--Астрион (разговор) 19:51, 23 септември 2009 (UTC)

Здраво!

уреди

Здраво Кирил, извини што вака касно реагирам на твојата порака за проектот:Математика, но имав некои обврски кои периодов ги завршувам, а со кои бев преокупиран изминативе месец дена. Ја погледнав листата на статии и мислам дека е извонредно детална. Ќе додадам уште некој наслов ако ми падне на ум. Сега останува „само“ уште да се пишуваат статиите :). Поздрав! Фичо (разговор) 08:46, 25 септември 2009 (UTC)

Статијата е обемна и со сигурност би била една од најквалитетните. Ако сакаш помош, пиши ми што поточно да работам--Астрион (разговор) 16:35, 26 септември 2009 (UTC)

Човечки папиломавирус

уреди

Ако сакаш да биде папилома вирус, тогаш треба да стои цртичка меѓу двата збора бидејќи папилом (англ. papilloma) е именка која служи како придавка. Што се однесува до нашиот правопис и словообразуване, прифатливи се следниве форми: папиломавирус, папилома-вирус и папиломен вирус (што е најдобриот варијант), но никогаш папилома вирус. Треба да се забележи дека именката е папилом (без а на крај). --Феликс (разговор) 10:54, 29 септември 2009 (UTC)

„Без извори“

уреди

Да Кирил, ама има еден куп страници каде нема потреба од извори (како наведувања кај годините, датумите, настаните и сл.). Таму не се наведуваат извори (види ги истите страници на англиската). Значи ботот однапред требало некако да се наштелува да нема таков буквалистички приод, т.е. да не ги обележува сите можни страници каде нема извори, кај треба и кај не треба. Тоа треба да важи само за статии per se. Не знам како тоа би се решило. Знам дека ботот може лесно да се намести да избегнува страници со префикси (од типот „Шаблон:“, „Категорија:“, „Специјална страница:“, „Википедија:“ и тн.), но не знам како да направиме да избегнува други страници. Еве, да речеме, ако може да се направи да не става шаблони на страници чии наслови содржат датуми и зборови како „листа“ и сл. --Б. Јанкулоски (разговор) 01:51, 11 октомври 2009 (UTC)

Слика на денот и поимник

уреди

Ја заменив „Појадок на трева“ со оваа слика откако увидов дека е заменета на самата Ризница како слика за тој ден.

Друга работа која ја зборував со Рашо е Поимникот на информатички поими кој е веќе излезен, и се прашував дали да ги внесеме овие поими тука како стандардни (со извесни измени) и да бараме да се следат. Мислев да се напише посебна страница за помош за нив кадешто би ги имало во азбучник, а врската до таа страница да стои и на главната кај напатствијата, но и во сите шаблони за `добредојде`. Не велам дека сите до еден треба да се следат, но сепак ако ова е веќе нешто официјално, мислам дека имаме повеќе авторитативно право да бараме да се користат на Википедија. Погледај го и кажи ми што мислиш, и по можност, би било убаво ако се отвори тема на чешмата и сл. по ова прашање. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 19:37, 20 октомври 2009 (UTC)

Со Brest имаме лично разговарано за вој поимник и заклучивме дека голем дел од овие поими, сепак се несоодветни. Можеби е добро да се отвори тема околу ова, но сепак ќе видиме дали овој поимник ќе биде прифатен и додаден во речникот. Тоа е конечната одлука, која мора да ја почитуваме.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:15, 20 октомври 2009 (UTC)

za grbot

уреди

zdravo, ako mozete kratko samo da mi odgovorete na specijalnata strana za administratori sto ke prezememe vo vrska so slucajov. Golem pozdrav93.219.216.77 (разговор) 23:58, 21 октомври 2009 (UTC)

zdr kiril. izvini sto ne mozev da odgovoram nekolku dena na temata za grbot, no sega ja prodolzivme diskusijata i dadov mislenje i nekoi linkovi. ako mozes pisi. pozdrav, stiven Mkber (разговор) 00:34, 3 ноември 2009 (UTC)

Економист vs. стопанственик

уреди

Велија е економост поради тоа што учел економија е веројатно е експерт во тоа, а стопанственик е поради тоа што е газда, односто стопан, т.е. стопанисува со определини добра. Мислам дека не е исто. --Р ашо 19:33, 3 ноември 2009 (UTC)

Поимите „економија“ и „стопанство“ се исти во македнската литература. А ако се мисли во овој контекст, тогаш треба да биде стопан, бидејќи стопанственик е човек кој се занимава со стопанство, но ова е премногу архаично. Сепак, мислам дека ако е газда на нешто, премногу е грубо да се додава во статијата.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:36, 3 ноември 2009 (UTC)
Незнам зошто би ти било архаично, тоа е нашиот јазик. Коренот на зборот е изведен од тоа. Пр. "ЈП за стопанисување со стамбен и деловен имот", А тој што учи стопанство сепак е економист. Тоа е моето мислење. Позз--Р ашо 19:44, 3 ноември 2009 (UTC)
Ок. Ми беше чудно. Сепак, секако е подобро од странското „бизнисмен“.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:45, 3 ноември 2009 (UTC)
Не заборавај да додадеш и медиумски магнат...  :) --Р ашо 19:46, 3 ноември 2009 (UTC)

Почитаеми г-не Симеоновски,

уреди

Вие определено сте най-начетения и толерантен администратор на Македонската Википедия. Не Ви ли се струва, че цензурата тук има размери непознати никъде другаде в Европа, освен може би в Беларус. Подобни действия на администратор, цензуриращи критика, базирана на източници от Оксфорд, Кембридж и македонски издания, като я обявява за българска гледна точка, говорят за безпомощност. Бършенето на критичната гледна точка, каквато имат и доста македонски интелектуалци в момента относно т.нар. антиквизация е средновековен акт на ограничение на свободната човешка мисъл. Още повече тези текстове са в унисон с английския вариант на енциклопедията. Такова поведение е в разрез с европейските практики и не кореспондира с другите Wikipedia-проекти. Мисля си, дека бихте могли да обсъдите това на администраторски съвет и да промените политиката си.

С поздрав! Jingiby (разговор) 12:13, 6 ноември 2009 (UTC)

Почитуван г-дин Jingiby, обидете се да напишете некоја статија на Википедијава на македонски јазик која нема врска со историја или статија во прилог на посебноста на македонската посебност и на македонската нација. Со тоа ќе докажете дека јас сум лош, а вие сте добар. Тоа што деновиве го правите се нарекува тролување. Во знак на добра волја ве советувам да ги прочитате моите последни пораки на вашата страница за разговор и се надевам дека ќе најдете ми одговорите, ќе најдете време да напишете некој збор за Стефка Костадинова, и за некои други великани на бугарскиот спорт. Таквите статии ќе ни помогнат во меѓусебното зближување. Одбивањето на давање на било каков коментар (овде) на ваквите мои предлози не можам да го сфатам за добронамерност. Отсуството на добронамерност и на одбивањето диртектно да ми одговорите на прашањата и предлозите нема врска ниту со демокатија, ниту со Европа, ниту со XXI век, туку има врска само со отсуство на добра волја. Поздрав, --Wikimk (разговор) 13:34, 6 ноември 2009 (UTC)

Околу соработката со ИМ

уреди

Здраво Кирил, јас бев на факултет и разговарав со шефот на Институтот за математика и можам со задоволство да кажам дека професорот е заинтересиран за соработка. Се договоривме најпрво да одржиме едно воведно предавање за студентите по математика во кое ќе ги изложиме основните факти за Википедија и останатите проекти на фондацијата Викимедија. Опциони термини за предавањето се: сабота во 12 ч., понеделник во 14 ч. или вторник во 14 ч. За сега би требало само да ги заинтересираме студентите, зашто не прецизирав со професорот околу формално вклучување на овие (евентуални) уредувања во наставната програма. Од негова страна беше особено истакната загриженоста околу точноста и исправноста на уредувањата, за коешто јас преземав лична одговорност во врска со „проверката“ на уредувањата. Ме информираше и дека им стигнал допис од министерството за информатичко општество во кое (колку што јас разбрав) било побарано професор од ИМ да биде вклучен во некаков тим кој ќе се формира/се формирал во рамките на министерството, а кој ќе работи на проширувањето и афирмацијата на Википедија. Најверојатно професорот со кој разговарав ќе членува во овој тим.

Сега останува да се договориме околу:

  1. терминот за презентација (итно, по можност уште денес зашто добив задача најдоцна задутре да објавам соопштенија на огласните табли на Институтот во врска со одржувањето на презентацијата);
  2. концепт на презентацијата, односно на што поконкретно ќе се осврнеме во неа;
  3. да формираме тим на уредувачи кои се заинтересирани да учествуваат во презентирањето;
  4. да разгледаме други начини/опции на кои можеме да побараме помош од Институтот.

Штом ќе го прочиташ ова те молам одговори во најкус можен рок за да ги уточниме овие работи. Поздрав! --Фичо (разговор) 15:53, 9 ноември 2009 (UTC)

Ок. Ова е одлично. Мене најмногу ми одговара тоа да биде сабота, бидејќи во работна недела навистина имам големи обврски. Инаку за ова ќе им соопштам и на другите, па би требало да се договориме. Јас побарав снимањето на видео записите да се одложи, па ова предавање всушност би можело да биде нешто како Вики-работилница. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:53, 9 ноември 2009 (UTC)

Села во АЛ

уреди

Види го ова. Ова е категоријата на албанската Вики за сите села во Албанија. Шаблоните им се пополнети со основни информации. Можеме да ги направиме, ќе го преведам шаблонот на МК, информациите ги имаме и информации ќе додадавем спред тоа. Што мислиш за ова? Јас за Егејска ги направив тие што беа на листата. Поз--Никола Стоіаноски 12:20, 20 ноември 2009 (UTC)

Супер. Јас сум да се направат овие статии што е можно побрзо, со цел побрзо да го надминеме бројот од 40.000 статии. Јас вчера започнав со уредување на страниците за разговор, но го замолив Brest да ги доврши со ботот. Инаку деновиве немам време, бидејќи ми следува колоквиумска, а во понеделник полагам многу тежок испит, па ќе видам како ќе стојам со време. Сепак ветувам дека ќе учествувам во уердувањето на овие статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:23, 20 ноември 2009 (UTC)
Јас ставам интервики и на ал вики. Видов дека ти не ставаш, дали ќе става бот или? Јас сега легнувам па ќе продолжам утре. Инаку селото е Макеларе ако го сретнеш пак (на ал е Maqellara). Поз--Никола Стоіаноски 00:37, 22 ноември 2009 (UTC)
Би требало бот да ги додаде на статиите на албански. Тоа веќе е нивна работа. Не ги ставај повеќе.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:39, 22 ноември 2009 (UTC)
P.S.И употребувај „список“, а не „листа“.--Kiril Simeonovski (разговор) 00:40, 22 ноември 2009 (UTC)

novi sliki vo statija

уреди

pozdrav kiril te molam kazi mi kako da vmetnam novi sliki vo nekoja moja nova statija Zezli

Формат на слика

уреди

Здраво Кирил, како си? Може да ми кажеш зошто не работи сликата на оваа статија, за разлика на англиската. Значи се работи за шаблон или...--Астрион (разговор) 21:35, 26 ноември 2009 (UTC) Ок, поздрав--Астрион (разговор) 22:35, 26 ноември 2009 (UTC)

За Ријана

уреди

Здраво Кирил! Како си? Би сакал да те замолам да ја погледнеш статијата „Rated R“ или четвртиот студиски албум на Ријана и да ми кажеш што уште би требал да направам за да ги исполни стандардите за избрана статија на Македонската википедија. Исто така би сакал да те замолам ако можеш да направиш нешто за шаблонот за синглови, затоа што не функционира, не знам од кои причини, а навистина е потребен за албумите. Очекувам одговор! Поззз 1111tomica (разговор) 19:28, 7 декември 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 19:28, 7 декември 2009 (UTC)

Ќе можеш да ми дадеш пример кои зборови би требал да ги заменам и дали ќе можеш да превземеш нешто за шаблонот синглови!? Позззз 1111tomica (разговор) 23:50, 7 декември 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 23:50, 7 декември 2009 (UTC)

Список

уреди

Ок, нема проблем ќе се поправам. дали да ја избришам и категоријата или... А за статијата на Исус, шо знам сакам оваа недела да ги досредам статиите за Истанбул бидејќи главната има многу црвени празни наименувања... --Астрион (разговор) 22:21, 24 декември 2009 (UTC)

Предлог

уреди

Тејк а лук ет дис :) --Никола Стоіаноски 19:08, 28 декември 2009 (UTC)

Одлично. Треба само да се седне да се уредува. Јас во меѓувреме се вратив на земјите-учеснички на Олимписките игри, а и тоа би требало да биде актуелно во наредниот период.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:10, 28 декември 2009 (UTC)
Готови се казашките окрузи. Спремни се за уредување.--Никола Стоіаноски 20:40, 28 декември 2009 (UTC)
Плус, првиот округ го направив па ако си заинтересиран можеш по тој принцип да правиш, всушност така и на англиската се.--Никола Стоіаноски 21:05, 28 декември 2009 (UTC)
Назад на корисничката страница на „Kiril Simeonovski/2009/3“.