Архива/2008  · Архива/2009/1  · Архива/2009/2  · Архива/2009/3  · Архива/2010/1  · Архива/2010/2  · Архива/2011/1  · Архива/2011/2  · Архива/2012

Незавршени дискусии во Архива уреди

Зашто незавршените дескусии са ставени во Архивата. Правилата на википедиjа не го дозволават ова. Те молам да следуваш правилата на википедиjа и да ги вратиш разговорите за BG Macedonia и блокирането на 80.80.141.235 (за лични навреди на национална основа и слично). --Стан (разговор) 13:09, 21 март 2009 (UTC)

Разговорите не беа ставени во архива поради тоа, а за ова нема никакви правила на Википедија. Јас можам што сакам да си правам со мојата страница за разговор. Страницата за разговор беше предолга, па имаше можност да има проблеми со прелистувачот. Веќе имаше надминато 100KB. Ете затоа. А твоето обвинување воопшто не е на место, бидејќи и јас можам тебе да ти речам дека разговорот не ти е завршен кога разговорот го префрлуваш во архива. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:13, 21 март 2009 (UTC)
P.S. Инаку за корисникот Раптор, блокирање нема да има, бидејќи правилата на Википедија велат дека прво доаѓа опомена, а подоцна блокирање. Ако беше така, досега требаше да бидат блокирани и корисниците Bogorm и Подпоручикъ.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:22, 21 март 2009 (UTC)
Заборави и Рашо МК, кој еднаш ми избриша целата насловна страница, ме пцуеше лично и на етничка принадлежност и прекина не едно правило на истата википедија. Раптор нема да биде баниран затоа, зашто од него не се очекува повеке од тоа да пцуе бугарите. Толкова си може. јас имам сигурно повеке придонеси за МК вики одколко он има. Подпоручикъ (разговор) 14:03, 21 март 2009 (UTC)
Добро, тогаш. Прими извинување од мене.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:10, 21 март 2009 (UTC)

Известување уреди

Видете ја последната секција за марионетство. Ви благодарам.--MacedonianBoy 14:46, 21 март 2009 (UTC)

Kiril-Bot уреди

ОК, готово, сега има бот-статус. Boyan (разговор) 15:02, 21 март 2009 (UTC)

За статиите за папите уреди

Еј, кога веќе ги менуваш сите статии, можам да ти кажам дека се согласивме пред некое време да не се користат повеќе оние кратенки лат., анг. и слично, туку да биде стандард латински: или пак со шаблонот {{lang-en}}, па да ги менуваш и тие ако можеш. И во иднина да не ги користиш, бидејќи би требало барем тоа да е стандардизирано на сите статии. Поздрав! -{админинстратор}- гитардемон 00:48, 22 март 2009 (UTC)

Една статија уреди

Случајно чистејќи ги некатегоризираните статии, ја пронајдов оваа статија. Дали да ја бришеме зошто не е точно именувана. Поздрав--MacedonianBoy 11:00, 23 март 2009 (UTC)

За слики уреди

Здраво, сакав да те прашам ако можеш да ми објасниш убаво како да ставам слика на википедија. Јас веке ставив една, ама таа беше тргната, најверојатно со лиценцата нешто врска. Па сакав да те прашам како да ставам слика симната од нет, а да немам проблеми со лиценцата.Поздрав --MrBones (разговор) 10:02, 29 март 2009 (UTC)

Аааааа, епа фала многу. А што ме советуваш ти, која лиценца да ја ставам? Тоа се слики што се слободни за симнување од интернет, од www.goal.com, www.acmilan.com и такви некои. Поздрав `--MrBones (разговор) 11:33, 29 март 2009 (UTC)

За избраните статии уреди

Да прашам, како ќе се избира редоследот на инзрани статии? Јас имам еден предлог, имено да се ставаат ибразни статии од секоја секција. Така на пример, една недела да има биографија, потоа географија, јазик итн. Поздрав--MacedonianBoy 22:15, 31 март 2009 (UTC)

Размислував за тоа, но сепак мислам дека не треба точно да утврдиме од која област треба да биде избранатан статија. Правило нека биде, во наредниот еден месец (4 до 5 седмици) да не се повторува статија од иста област. Сега релативно слабо стоиме со статии во порталот. Кога ќе ја надминеме бројката од 100 или 150 и кога ќе воведеме дневна статија, многу поголема желба за уредување ќе има, па таа работа полесно ќе оди. Позрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:18, 31 март 2009 (UTC)

Јужна Америка уреди

Па јас веќе почнав, горе долу Боливија ја завршив сега го фатив Перу. Можеш да продолжиш со Средна или Северна Америка па така американските континенти да ни бидат завршени. Поздрав--MacedonianBoy 20:18, 2 април 2009 (UTC)

За новите статии! уреди

Браво, Кирил одлично! Само што забележав! Супер што ти текнало, вакви статии навистина се потребни! Јас планирав да ги отворам но не во блиска идинана! Браво уште еднаш и поздрав! --Макс(разговор) 13:15, 3 април 2009 (UTC)

Ре, статии за години уреди

ОК, нема проблем, кажи кои статии ти ќе ги правиш а кои јас да ги создавам и ќе ги направиме. Само дај да се договориме и ќе оди работата ок. Со броевите кај и да ќе стигнеме до одредена бројка па потоа ќе правиме само цели броеви. Поз.--MacedonianBoy 18:22, 7 април 2009 (UTC)

Епа ОК тогаш, ќе разгледам како си правел и ќе чепкам. Поздрав--MacedonianBoy 18:41, 7 април 2009 (UTC)
Кирил, MacedonianBoy Bot (хахах) направи статии за години во спортот од 1900 до 2009 и за години во уметноста од 1900 до 1945. Е сега ако можеш категориите да ги отвориш ќе ми завршиш огромна работа. Поздрав--MacedonianBoy 21:04, 7 април 2009 (UTC)

ДОБРИ ВЕСТИ уреди

Не сакав да ти пишам одма зошто сакав да те израдувам. Ги поминавме и луксембуршката и босанската. Имаме 26.594 а додека босанката има 26.579 а луксембуршката има 26.520. Моментално сме на 51 место и ако можеш направи некоја нова статија за да имаме 26.600. Јас ќе спијам и се најдобро. Браво за нас. Поздрав--MacedonianBoy 23:10, 7 април 2009 (UTC)

Па да, да ги средиме значајниве години за значајни области, историја мислам дека не е направена а има доста податоци со кои ќе се пополнат статиите. Поз --MacedonianBoy 12:32, 8 април 2009 (UTC)
Всушност да, не размислив сорри. Имаш право, така е година=година во историја. Поз--MacedonianBoy 12:43, 8 април 2009 (UTC)

Избрани статии уреди

Бидејќи се случува некои корисници да не знаат како се предлага со новиот начин, јас мислам најдобро е тие да стават само линк до статијата во соодветната секција што ја додадов на статијата каде се кандидира и ние ќе го средиме остатокот. Што мислиш за ова?--MacedonianBoy 14:59, 9 април 2009 (UTC)

Добро е тоа. Баш планирав деновиве да седнеме да промениме нешто и во шаблоните кои ги има на статиите за кандидирање на статиите.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:02, 9 април 2009 (UTC)
Еве тука има две секции, во првата ќе стојат статии за кои е одобрено да бидат избрани а при тоа превземени од порталот 500 статии а додека во втората ќе стојат предлози кои се направени во меѓу време, како случајот со Астрион. Поз--MacedonianBoy 15:06, 9 април 2009 (UTC)

Предлог уреди

Види го ова, се надевам е ок. Поздрав--MacedonianBoy 16:02, 9 април 2009 (UTC)

Го видов и почекај малце! Не брзај толку. Може дотогаш, а како што оди работата ќе воведеме и избор на статија секој ден. Сега за сега можеме да гарантираме дека до крајот на јуни ќе се избира избрана статија секоја седмица, па нека биде дотогаш. Но, сепак нека стои листата, а избраните статии нека се уредуваат само до крајот на јуни. На викисредбата, одржана на 28 февруари, јас, Brest и Wikimk продолживме вечерта и разговаравме за оваа можност, а Brest спомена и на следната средба дека би можеле нешто вакво да направиме. Ова е премногу амбициозно и јас го признавам тоа. Но, тогаш беше разговарано и дека до овогодинешното лето, Википедија на македонски јазик би можела да има над 45.000 статии. Ако направиме споредба со другите јазични изданија со сличен број на статии, Википедија на македонски јазик е едно од ретките јазични изданија на кое се избира статија секоја седмица. Обично тоа тие го прават секој месец. Но, на јазичните изданија со околу 40.000 и повеќе статии, избрана статија се избира секоја седмица. Веќе кога имаме еден вид на предност со овој број на статии, мислам дека добро би било да размислиме и за воведување на дневна статија, со што сигурно би биле единствени меѓу останатите со толкав број на статии. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:25, 9 април 2009 (UTC)
Јас знам за иницијативата за дневна избрана статија, но во моментов не е можна. Се додека не се направат доволен број на супер статии, овој начин на работа со веќе одредени седмични избрани статии е ок. Јас мислам да направиме вака се додека не почнеме со дневна од следнава причина. Колку што јас сум информиран, требаше порталот да има најмалку 356 статии за да можеме да направиме дневна избрана. Но има еден проблем. Ние веќе ги трошиме овие статии со ставање за седмични и со тоа тешко дека ќе собереме 356. Ова е само предлог, си подредив статиите според различни теми и според дата но сепак како ќе кажете.--MacedonianBoy 16:30, 9 април 2009 (UTC)
Да, статиите се трошат, а во последно време и ослабо се додаваат статии во порталот, што значи дека се уредува со помал квалитет. Меѓутоа проблем е и тоа што се предложуваат само статии од порталот, а тоа се статии што се уредени по 1 февруари. Има и статии, коишто може да бидат избрани, а се уредени порано, па затоа не се во порталот. Сепак според мене доколку воведеме дневна статија, кога веќе планираните дневни статии ќе се изберат, ќе се јави обврска за уредување на квалитетна статија секој ден, па со тоа ќе добиеме поквалитетно уредување. Сепак, ова нека биде усогласено со бројот на статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:41, 9 април 2009 (UTC)
Епа сега незнам јас, предложив за да се изнајде решение но ако не ви се допаѓа тоа е тоа. Поздрав--MacedonianBoy 16:53, 9 април 2009 (UTC)

Избрана слика уреди

Кирил кога ја пренасочи статијата избрана слика сега не покажува слика на Главната. Чита сосем друго нешто. Најдобро е да ја вратиш назад за да може да ги чита сликите и описите, вака ја чита статијата со параметрите. Поз--MacedonianBoy 14:40, 11 април 2009 (UTC)

Ок. Видов дека ја нема. Проблемот е посложен отколку што си мислев. Потребно е ново преуредување на шаблонит, а за тоа најдобро би било да го замолиме Bjankuloski06 да го среди.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:42, 11 април 2009 (UTC)
Е тоа сакав да ти речам. Тој го правеше и тој нека го среди, комплициран е--MacedonianBoy 14:43, 11 април 2009 (UTC)
ПС:Изгубивме сега 200 статии :( Поз--MacedonianBoy 14:44, 11 април 2009 (UTC)
Не се секирај за статиите. Има статии за години. Во уметноста, науката, музиката и книжевноста треба да се средува од 1500 па наваму. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:56, 11 април 2009 (UTC)

Избрани содржини уреди

Јас ги преведувам содржините и правам статии, но не го вметнувам кодот и не знам како тоа се поставува, во што е проблемот, и како да се реши. Но не очајувајте, на тоа активно работат надлежните Brest и Brainmachine. Слободно обратете им се и сигурно ќе ја средат работата. --Б. Јанкулоски (разговор) 20:18, 11 април 2009 (UTC)

Епа да седнеме да средиме, што викаш?--MacedonianBoy 23:00, 11 април 2009 (UTC)

Листава ми дава имперсија дека има доста податоци кои треба да се вметнат, дали тоа ќе го правиме рачно или со бот? Со бот може само да се отворат статиите или само категориите а останатото рачно. Има работа со таа листа. А што велиш прво да завршиме со годиниве по области па потоа со таа листа?--MacedonianBoy 09:04, 12 април 2009 (UTC)
Статиите за книжевност ќе ги пополнувам додека можам, а ако завршам ќе продолжам и понатака. Откако ќе средиме тоа може да продолжиме со шефовите. Поздрав и лесна продуктивна работа. Поз--MacedonianBoy 21:57, 12 април 2009 (UTC)
Па Кирил мене ми е исто дали прво да продолжиме со годиниве па да фатиме за шефовите или обратно. Ако продолжиме со годиниве прво има две опции, или да направиме статии до 1500 година па потоа да ги пополниме поважните или втората опција е да ги пополниме постоечките. Мое мислење е ова: прво да ги направиме статиите до 1500, потоа да ги пополниме со поважни информации и со тоа мислам ќе завршиме. Ако не сакаш да продолжиме со ваква работа, тогаш да ги фатиме шефовите. Поздрав--MacedonianBoy 15:07, 13 април 2009 (UTC)
Значи договорено, правиме статии до 1500, пополнуваме па брест нека става интервики. Откако ова ќе го завршиме се фаќаме со шефови. Deal? :) --MacedonianBoy 16:03, 13 април 2009 (UTC)

Категории уреди

За кои промени зборуваш? --Стан (разговор) 14:31, 13 април 2009 (UTC)

Статии за години уреди

Само да прашам, подзаборавив, до 1500 година ќе правиме само за книжевност и наука?--MacedonianBoy 09:48, 15 април 2009 (UTC)

И уметност.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:49, 15 април 2009 (UTC)
А што е со филозофијата, ќе правиме за неа?--MacedonianBoy 09:51, 15 април 2009 (UTC)
Види ја статијата на англиската. Има од 1600 па наваму, но не се уредени. Би можеле да се водиме по оваа листа и да ги средиме овие 400 статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:07, 15 април 2009 (UTC)
Аха, епа оваа на крај штом нема на англиската статии кај ќе најдеме толку податоци за пополнување. Поздрав--MacedonianBoy 10:09, 15 април 2009 (UTC)
Да, и јас мислам за на крај да остане. Прво, овие најбитните да ги средиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:10, 15 април 2009 (UTC)

Други јазици уреди

Здраво Kiril Simeonovski, како оди работата? Сакам да те прашам: Пример, кога одам на статијата Ерусалим (а и на повеќе градови) на другите јазици, ми излева Template:Infobox Settlement на англиската верзија, Што чудо е ова т.е. зошто така прави. Поздрав--Астрион (разговор) 10:20, 15 април 2009 (UTC)

Вандализам уреди

Здраво Кирил, што е ова со вандализирањево тука? Три пати странци враќаат и трите пати тоа се случува кога не сум он лајн :) Прееска реков ќе го начекам но повторно вандализирал кога сум отсутен. Има секакви луѓе.Поздрав--MacedonianBoy 21:09, 16 април 2009 (UTC)

Има, да видов, и тоа со IP адреси. Блокирај ги и ајде да влеземе во форма со стотина статии за години. Јас ги пополнив сите во шахот, па сега почнав нови статии да уредувам во другите области.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:11, 16 април 2009 (UTC)
Да ти кажам во последниве денови бев малку зафатен па не можев да се посветам на Википедија, но од денес до 4 мај сум слободен, не сум на факс, па ќе се посветам повеќе. Здравје од утре ќе продолжам со правење на нови статии за години а вчера и завчера пополнував статии за книжевноста. Поздрав--MacedonianBoy 21:14, 16 април 2009 (UTC)
Јас, па сум зафатен баш следната недела, па таму од 27 април ќе седнам убаво.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:16, 16 април 2009 (UTC)

Re, 30 000 уреди

Јас сум за, тоа е добар план и добра стратегија. Патем, налетав на коментари дека не треба да ги правиме тие статии и мислам кај некои корисници тоа не е добредојдено, но сепак како и да е јас сум за. Поздрав--MacedonianBoy 08:52, 21 април 2009 (UTC)

Пијалак уреди

Во македонскиот литературен јазик не постои збор `пијалОк`. Јас го лекторирав, ти го измести... еееееееее :) --Виолетова (разговор) 20:28, 23 април 2009 (UTC)

Предлог за преведување на референци уреди

Видете ја дискусијата за предлогот за преведување на референците (не сите, видете за повеќе детали во излагањето на селската чешма) на македонски јазик, поткрепена со примери. Можете да дадете свој предлог и да придонесете кон развивањето на дискусијата. -{админинстратор}- гитардемон 23:34, 23 април 2009 (UTC)

Години по области уреди

До каде сме со овие статии? Кои области треба да се доправат за да стигнат до 1500 година?--MacedonianBoy 14:37, 24 април 2009 (UTC)

Јас денес ги уредив сите од 1500 до 1799 во уметноста. Сега истото треба да се направи и со годините во науката, за години во архитектурата од 1700, воздухопловството и стрипот од 1900. Откако ќе ги завршиме овие ќе почнеме со шефови на држави по години.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:43, 24 април 2009 (UTC)
Науката има до 1600. Значи ни останаа наука, архитектура, воздухопловство и стрип. Ќе биде наскоро. Поздрав--MacedonianBoy 14:46, 24 април 2009 (UTC)
Види ја статијата Листа на шефови на држави во 2009. Мислам дека добро би било вака ако ги уредуваме и останатите статии, почнувајќи некаде од 100 г.п.н.е. Може да направиме и еден шаблон, за да има поголема прегледност во статијата и да биде полесно при уредувањето. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:00, 24 април 2009 (UTC)
Кирил, дали ќе можеш да ги направиш статиите за години во воздухопловството? Уште тие и статиите за стрип останаа. поздрав--MacedonianBoy 16:43, 25 април 2009 (UTC)
Нема проблем.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:32, 25 април 2009 (UTC)
Овие статии за воздухопловство не се воопшто започнати? --MacedonianBoy 18:47, 25 април 2009 (UTC)
Моментно ја довршувам статијата Роберт Хибнер, па откако ќе ја завршам ќе ги средам статиите и за воздухополвство и застрип. Уште оваа вечер ќе бидат завршени и ќе имаме повеќе од 29.000 статии, па уште утре би можеле да одиме на 30.000,а до први мај би можеле дури и да пополниме доста статии и да ги уредиме страниците за разговор и категориите. Јас мислам дека најдобро би било со секое пополнување на статија во било која област, да се уредува страницата за разговор и категоријата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:50, 25 април 2009 (UTC)
Му реков на Брест да замени погрешни категории и го прашав дали ќе може да ги направи статиите за воздухопловство и стрип со бот зошто ми се здосади со рака да ги правиме. Ако се нафати Брест, тогаш ќе имаме со бот направено статии за воздухопловство, стрип и замена на погрешни категории. Останува само категориите да се средат а интервики гледам некој бот става но незнам кој. Е сега а дали треба да се направат статии за години во географија?--MacedonianBoy 18:54, 25 април 2009 (UTC)
Види погоре во оваа страница за разговор. Јас наведов една статија залидери по години. Инаку за географија, би можеле да уредуваме статии, во стилот листа на суверени држави по години. Инаку, издржи барем до 30.000 статии со рачно уредување, бидејќи и со бот не е така едноставно. Јас со мојот бот уредував страници на нови корисници и да знаеш дека потребно е со copy paste секое корисничко име да се префрли, па потоа да се одвои со запирка, а претпоставувам дека истото е потребно да се направи и доколку се сака ботот да уредува статии. Јас сепак, стојам на мислењето, колку побрзо толку подобро.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:54, 25 април 2009 (UTC)

„Интернационален“ мајстор уреди

Ах, воопшто не се досетив дека постои официјална терминологија за шаховските титули. Дури и ако не е официјална, веројатно е вообичаена практика. Во секој случај, бидејќи Википедија е енциклопедија, по правило се држиме до поимите како што нашироко се употребуваат и не е наше да ги менуваме. Впрочем, зборот „интернационален“ и не е баш грешен во нашиот јазик бидејќи, колку што јас знам, се употребува еднакво често како и нашиот збор „меѓународен“. Да, се согласувам, нека стои „интернационален“ како прифатен и стручен израз. Благодарам што ми посочивте и поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 23:20, 24 април 2009 (UTC)

Ре, pop up прозор уреди

(одговорено на мојата страна)

Конечно некој да ме послуша. Јас тоа го велам уште кога бев кандидиран за прв пат за админ но БМ не сакаше да го тргне а другите не коментираа. Јас сум за и да го тргнеме тоа, досадно е тоа прозорче зошто тој што сака да даде опис ќе даде и без тоа а тој што не сака става само по една буква. Поз--MacedonianBoy 22:22, 25 април 2009 (UTC)
Pop up прозорот е отстранет и не се појавува. Поздрав--MacedonianBoy 22:59, 25 април 2009 (UTC)
Да само исчисти го кешот за да има ефект промената, на Мозила е ctr+F5. Poz--MacedonianBoy 23:09, 25 април 2009 (UTC)

Шаховска олимпијада уреди

Не знам што виде грешно во моето уредување, но те уверувам дека земале учество и зеле учество не е иста работа, исто како што и биле преземани и биле преземени. Инаку Јубилејна го отстранив бидејќи е очигледно дека е јубилејна штом е дваесетта, а на почетокот на статијата го ставаме (официјалното) име на статијата или настанот за кој е статијата, а сигурен сум дека не било името Јубилејна 20. олимпијада, исто како што нема да напишеме Најјакиот анимиран филм South Park е... Тоа едноставно не влегува во статиите, провери ги и другите. Инаку тоа 20. го променав бидејќи за оскарите се договоривме дека е подобро да биде со букви отколку со бројки, па по таа логика го променав и ова. -{админинстратор}- гитардемон 16:24, 26 април 2009 (UTC)

Лого уреди

Хелло Кирил, како оди? Да те прашам кај се менуваше ова логото на Википедија што се наоѓа во горниот лев ќош? Ај смени го со тоа за 30 000 нека стои со новото малку. Барав но не ми текнува кај се менуваше. Поздрав--MacedonianBoy 10:20, 27 април 2009 (UTC)

Тоа не е проблем. Треба да ја смениме податотеката на главното лого([[Податотека:Wiki.png]]), за да може ова да се премести и во горниот лев агол да се најде логото за 30.000 статии. Постапката на враќање е идентична, само обратна, но немој да го откажуваш уредувањето за да може да се види кое било логото за 30.000 статии.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:21, 27 април 2009 (UTC)
Почекај прво да дојдеме до 30.000 статии, па после логото ќе стои сè до 31.000.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:52, 27 април 2009 (UTC)
Аха, епа штом така сакате ок, јас мислев да го ставиме додека не направиме 30 000.--MacedonianBoy 20:56, 27 април 2009 (UTC)
И ајде да се фаќаме за работа. Јас и така гледам дека деновиве нема нешто друго корисно да се уредува.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:58, 27 април 2009 (UTC)
Шчо ни е во план?--MacedonianBoy 21:01, 27 април 2009 (UTC)
Јас вчера почнав со уредување на статии за лидери по години (пр.Листа на лидери во 2009). Доцна беше па средив само 50, но сега ќе средам многу повеќе. До 1. мај веќе да има 30.000 ми е во план. Сега без досаднио опис е многу полесно.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:06, 27 април 2009 (UTC)
На кој принцип оди правењето статии? Да видам за да почнам и јас.--MacedonianBoy 21:07, 27 април 2009 (UTC)

Стандардно се работи, по принципот copy paste. Само има некои делови во кои треба да се смени бројката и статијата е готова. За една минута над 5 статии се првата без проблем.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:58, 27 април 2009 (UTC)

Листа на лидери уреди

Насловот на статиите од овој тип треба да се допрецизира дека се работи за политички лидери/водачи на држави, ако се раководиме според en.wiki, бидејќи може да имаме и друг тип на лидери (религиозни, економски, ...)--brest (разговор) 22:17, 27 април 2009 (UTC)

Интерјазичните врски не ви се добро дефинирани, најверојатно се повикуваат од шаблонот.--brest (разговор) 22:20, 27 април 2009 (UTC)
Шаблонот го преведе Bjankuloski06. Јас сакав да го сменам во шефови на државо, но видов дека во статиите се наведени и премиери, односно лица со политичка моќ. Во некои земји политичката моќ ја имаат и религизоните лидери. Можеби навистина не е соодветен поимот, но има добра логика во однос на некој друг.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:44, 27 април 2009 (UTC)
Не знам колку ќе биде добро да бида Листа на државници. Може така да ги пренасочиме.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:45, 27 април 2009 (UTC)
Гледам дека се пренасочени во Листа на лидери на држаи. Добро е вака. Нека останат вака. Значи вака да ги уредуваме?--Kiril Simeonovski (разговор) 22:46, 27 април 2009 (UTC)
Уште нешто. Дали не е подобро да се употребува зборчето водачи наместо лидери?. Ајде да ги разрешиме ове работи, и да креираме едно шаблонче за во страниците за разговор од типот Шаблон:ВикиПроект - Лидери по години, т.е. en:Template:WikiProject Leaders by year, па да пуштиме еден бот кој ќе креира никулци за 2000 години, ќе го направам да ги презема и интервики врските од англиската википедија. --brest (разговор) 22:47, 27 април 2009 (UTC)
Супер. Јас сум за таа работа. Само не знам од кај тоа „лидери“ во македонскиот јазик. Цело време само тоа го слушам, а и по медиумите само лидери. „Водачи“ се употребува единствено во смисла „религиозни водачи“, но сепак сум ова да се смени. Инаку барав шаблон кој автоматски ќе ја вчитува годината од насловот на статијата, но не можев да го најдам. Единствено треба да проверам во Magic words на Мета. Таму би можело да има такво нешто.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:51, 27 април 2009 (UTC)
Водач и лидер е едно исто, само што лидер е денес модерно да се употребува. Има: религиозни водачи, политички, воени, економски, Вардар некогаш беше лидер на спортска табела (Вардар некогаш беше на чело на табелата, водеше пред другите...), ... Иначе не гледам потреба од шаблон кој автоматски би ја вчитувал годината од насловот, со бот тоа ќе се среди. Јас шаблонот го средив, само ако имаш време среди го шаблонот за на страницата за разговор, за да ни се покачи и depth-от, па да го активирам ботот.--brest (разговор) 22:59, 27 април 2009 (UTC)
Може да биде:
    • Листа на лидери на држави во 1999 година
    • Листа на водачи на држави во 1999 година
    • Листа на државни водачи во 1999 година
    • Листа на лидери во држави во 1999 година

Суфиксот година не знам дали е правилно да стои или не? Може да се консултираме со Виолетова и Јанкуловски за ова.--brest (разговор) 23:04, 27 април 2009 (UTC)

Само дел од статиите во науката се со суфиксот „година“. Иако тука суфиксот е на крај, сепак мислам дека не треба да стои. Еве конкретно, статијата Шаховска олимпијада 1972 би требала да биде „Шаховска олимпијада 1972 година“. Мене не ми изгледа логично.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:08, 27 април 2009 (UTC)

Види сега ова:

  • Листа на лидери на држави во 1 година
  • Листа на водачи на држави во 7 година

Споредено со:

  • Листа на лидери на држави во 1
  • Листа на водачи на држави во 7

Попат, треба да креираме една статија, нека биде за 2008 година по кој терк ќе го направам ботот. Статијата да се обидеме да има обавезно соодветен шаблон - никулец и евентуално ако има таквоо нешто врска кон commons соодветна категорија.--brest (разговор) 23:16, 27 април 2009 (UTC)

Листа на лидери, прашање уреди

Ај Кирил кажи ми од која до која година направи статии за лидерите и со кој формат на име ќе ги правиме. Видов дека си направил статии за лидерите но статијата има едно име а шаблонот ги именува со друго име. Ај кажи за да ги направиме веќе. Поз--MacedonianBoy 15:41, 29 април 2009 (UTC)

Хахах ај да се сретнеме ама пред 1 мај. Поздрав--MacedonianBoy 16:21, 29 април 2009 (UTC)
Јас ги правам како Листа на лидери на држави во ХХ. Мислам дека така треба.--MacedonianBoy 16:23, 29 април 2009 (UTC)

Лого уреди

Може знаеш, последното лого што го ставив беше со проѕирни бројки, дали ви се допаѓа тоа?--MacedonianBoy 20:51, 29 април 2009 (UTC)

ПС:Ако не, ќе те замолам едно со боја да направиш, немам инспирација за тоа како да го направам, сакав да го направам интересно ама немам идеја воопшто.
Направив две логоа. Едното вакво, со проѕирно бројки (ми се виде интересно) а другото во боја. Арно ама, тоа наместо во боја испадна сиво и така незнам шо му беше. Не сум баш најдобар со ситниците во Фотошоп. Поз--MacedonianBoy 20:57, 29 април 2009 (UTC)
Подигнав ново лого, ми успеа со Фотошоп види го.--MacedonianBoy 21:10, 29 април 2009 (UTC)

Статии за држави уреди

Секако, откако ќе внесеме по некоја информација, ќе продолжиме со тие, или пак да си правиме статии? Како велиш?--MacedonianBoy 21:10, 29 април 2009 (UTC)

На 48 место сме сега :) --MacedonianBoy 21:14, 29 април 2009 (UTC)
Логото се вика [[Податотека:wiki.png]], ако треба ќе го подигнам со друго име.--MacedonianBoy 21:41, 29 април 2009 (UTC)
Еве сега го подигнав под името Податотека:Wiki MK logo 30 000.png --MacedonianBoy 21:48, 29 април 2009 (UTC)

Соопштение за јавноста уреди

Го дополнив соопштението за јавноста со некои статистики и мислам дека може да се проследи до медиумите. Погледни го уште еднаш а по потреба корегирај и дополни, па испрати го уште вечерва, колку што гледам некои печатени изданија ќе се печатат и во петок или како двоброј и за сабота. Кај електронските медиуми не би требало да има проблем. Испрати го обавезно до новинските агенции (МИА, МАКФАКС), телевизиите и радијата. Види список на целни email адреси овде а ако можеш прошири го овој список. Поздрав.--brest (разговор) 22:54, 29 април 2009 (UTC)

Тенохтитлан уреди

Хеее, јас па гледам од бугарчињата, а заборавив дека имаме различни јазици:)) Фала, поздрав--Астрион (разговор) 18:10, 6 мај 2009 (UTC)

Здраво Кирил. Мислам дека некаде го видов твоето име таму, ама не се сеќавам. Дали ти си задолжен од оваа вики за ОТРС барањата таму. Ако е така да почнеме со подигањата. Дозволи имаме колку сакаш.--Р ашо 19:32, 6 мај 2009 (UTC)

Јас немам поим како оди таа процедура, која во секој случај е сложена малку повеќе. Еве ти пример како прават бугарчињата. Истиов шаблон го користат кога подигаат на Ризницата без никакви пречки. Полесно е, а и поедноставно. Кирил, имаме прекрасни слики од некои автори. Мора да се подигнат. --Р ашо 21:07, 6 мај 2009 (UTC)

Зошто ја отстрани од Портал:500 статии? Што ѝ фали на статијата? --Виолетова (разговор) 21:54, 10 мај 2009 (UTC)

Здраво Кирил,
Те молам да ми кажеш зошто ја тргна статијата за филмот Контакт од листата на 500 статии. Поздрав, --Wikimk (разговор) 21:56, 10 мај 2009 (UTC)

За разлика од некои други статии на кои им е потребно средување, на оваа статија ѝ недостасува содржина. Пред десетина дена од порталот ги отстранив статиите Дејвид Бом и Карл Прибрам поради истите причини. Искрено не сум го гледал филмот, но со оглед на актерите кои глумат, наградите коишто филмот ги има добиено и заработувачката, овој филм е меѓу најдобрите остварувања во 1997.Пребарав на пребарувач и видов дека уште меѓу првите 20 пронајдени страници кои не се од проект на Википедија има неколку со повеќе информации за филмот отколку статиојата на Википедија на македонски јазик. Статија за филм не може само со објаснување на содржината и листа на главмните улоги да биде во конкуренција за избрана. Погледнете ја во споредба статијата Хари Потер и Каменот на мудроста (филм), која исто така се наоѓа во порталот, а филмот исто така е снимен според пишано дело. Точно е дека во порталот има кратки статии, но ако подетално ги анализирате, може лесно да воочите дека на таа тема многу информации нема. Погледнете ја статијата за филмот Контакт и на другите јазични изданија и ќе видите дека и таму се многу пообемни. Такви се на пр. статиите: Гинисови рекорди и Херцшпрунг-Раселов дијаграм. Немојте ова да го сфатите како критика или незадоволство кон вашиот труд, но сепак не може секоја статија да се наоѓа во порталот. Критериумите за избрана статија важат и овде, а сметам дека најголемо значење за една избрана статија има критериумот за доволно голема содржина. Тоа е уште појасно ио се потврдува со фактот дека оној којшто чита и проверува информации од Википедија, пред сè бара содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:14, 10 мај 2009 (UTC)

Да те зпрашам, со какво ова [1] нарошува НГТ на статиjата?--Стан (разговор) 10:06, 12 мај 2009 (UTC)

Стан не спамирај страници и не изигрувај трол, односно потпарол.....--Р ашо 10:11, 12 мај 2009 (UTC)

Нови статии, ре уреди

Многу ми е мило што се прват нови статии и тоа одлични се. Јас им давав на некои награди за вложен труд а не е лоша идејата да направиме една награда за напорна работа и изработка на нови статии. Инаку сите статии кои се направени горе долу имаат по најмалку еден шаблон, или сум ставал Внимание или шаблон Викифицирање за да не ги изгубам после. Така статиите се во соодветните категории, а доста има и во категоријата Економија. Да ги средиме овие (викифицирање и мало средување треба) и статиите се перфектни. Поздрав--MacedonianBoy 12:36, 13 мај 2009 (UTC)

Па да со мал разговор и со наградите мислам ќе решат да останат на МК Вики зошто прават одлични статии а и големи се. --MacedonianBoy 12:41, 13 мај 2009 (UTC)

Откритија уреди

Еееее, како бре... порано не сум видел... Скоро ми беше готова утре ќе ја пуштев. Ок, ќе треба тие денови да ја склопам мојата со веќе постоечката. Фала ти, поздрав--Астрион (разговор) 22:40, 13 мај 2009 (UTC)

Сварно ова е зезната ситуација, правиш статија а таа веќе ја има. Поздрав до обајцата.--MacedonianBoy 22:44, 13 мај 2009 (UTC)
Па шо знам, глеам на англиската, македонска верзија не постои и почнувам. За во иднина ќе знам прво кај нашата да си проверувам. Ајде--Астрион (разговор) 22:46, 13 мај 2009 (UTC)

Нови статии, ре уреди

Нема проблем, иако сега решив да средувам држави (веќе почнав) но тоа може да почека. Кои ќе ги фатиме први?--MacedonianBoy 18:58, 23 мај 2009 (UTC)

ОК, но само едно мое предупредување, односно забелешка. Владетелите од нашиов исток и нашиов југ јас не ги правам. Останатите може--MacedonianBoy 19:11, 23 мај 2009 (UTC)
Тогаш значи кренуваме. Дали има шаблони направени или да правам, зошто вакви статии не сум правел, не знам. Поздрав--MacedonianBoy 19:16, 23 мај 2009 (UTC)
Сега ги гледав шаблоните за владетели на Франција и Византија. Некако ми седи дека тешко ќе оди. Ај јас ќе почнам па ќе видиме како ќе оди, ако зема многу време при правње, што велиш да правиме статии за географија?--MacedonianBoy 19:34, 23 мај 2009 (UTC)

Кандидат(и) уреди

Еј, кога ќе создаваш потстраници за предлози за гласање, внимавај да се [[Википедија:Кандидати за избрана статија/Оскар Нимаер]], а не во еднина (Википедија:Кандидат за избрана статија). --Brainmachinewtf? 20:37, 23 мај 2009 (UTC)

Сега ќе правам статии за монголски области а ти почни статии за географија (општини или слично). По една две реченици доста е. Поз.--MacedonianBoy 11:20, 25 мај 2009 (UTC)

Нешто слабо се ангажираш за достигнување на целта :) Колку за потсетување, другите колеги достигнаа 32.116 а тебе те нема :) Поздрав--MacedonianBoy 17:34, 25 мај 2009 (UTC)
Добро бре, што праите Вие двајца. Та нели нема веќе никулци, или тоа е само проект за поминување на Хинду:))--Астрион (разговор) 17:37, 25 мај 2009 (UTC)
Не, секако се прават добри статии но мора и бројката да се накачи малку :)--MacedonianBoy 17:47, 25 мај 2009 (UTC)
Не знаев дека одма ќе почнеш. Немав пристап цел ден, бидејќи имав некои обврски, но сега ќе средам едно 200 статии, па ќе ги стигнеме. Немај гајле. Сега малце одмарај, јас да поработам.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:08, 25 мај 2009 (UTC)
Еве да привршам со еден шаблон па ќе поучам малку има испит утре :) поздрав--MacedonianBoy 18:11, 25 мај 2009 (UTC)
Јас имам во среда, ама ќе учам утре, Мора да се надокнади.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 18:13, 25 мај 2009 (UTC)
Мора да се шегувате?!
:-)
Во Индија има една милијарда луѓе!
Wikimk (разговор) 18:37, 25 мај 2009 (UTC)
И над 5000 јазици и дијалекти.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 18:40, 25 мај 2009 (UTC)

Одделување на многу статии од главниот именски простор уреди

Видете Википедија:Селска чешма (Идеи) за дискусија многу слична со онаа кога имавме проблем со избраните статии на главната страница кога тие архивираните се броеја како засебни статии. -{админинстратор}- гитардемон 11:01, 26 мај 2009 (UTC)

Жолтата боја некако ми смета... можеби беше поубаво без боја? бела мислам дека беше.. Него, како да ги ставам тие деловите што ги избриша? Ги оставив така за да ги преименувам кога ќе завршам со останатите делови... --Виолетова (разговор) 23:02, 26 мај 2009 (UTC)

Категориите сега си ги намалил, зошто така? А јас изнајдов повеќе категории поврзани со темава...--Виолетова (разговор) 23:37, 26 мај 2009 (UTC)

Објаснив во описот, но подробно ќе објаснам и овде. Категориите не може вештачки да се додаваат, туку со посебната алатка, која е активна сега. Таа овозможува категоријата да биде врска кон други категории и многу поубаво и попрегледно да ги отвора сите категории. Како и да е, мислам дека тоа мора да се направи, а ако сакате да додавате категории, користете ја истата алатка, копирајте ја и сменето го насловот. Така ќе се појави категоријата во оваа форма, а ќе се избрише старата, која всушност беше обична врска, која воопшто не изгледаше убаво, асо еден клик ја отвораше категоријата, а не подкатегории и подкатегории. Проблемот е што категоризацијата ни е многу лоша. Овие работи треба да бидат многу поедноставни, кога би знаеле кои категории ни се потребни. Проблем е тоа што постои подкатегорија Египтологија во категоријата Стар Египет. Сепак ги ставив и двете.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:44, 26 мај 2009 (UTC)

ОК, фала на помошта :) --Виолетова (разговор) 23:57, 26 мај 2009 (UTC)

Нови статии уреди

Кирил, сакам да ти предложам да престанеме да ја спасуваме Википедија од дупка. Имено, одредени заслепени корисници не сакаат да имаме статии направени од т.н. ботови и дека сме ја правеле Википедија без никаков ред, а при тоа заборавајќи дека поради тие статии кои ние ги правевме Википедија се најде на насловните страници на повеќе портали и привлековме нови корисници токму поради ваквите страни. Што туку јас и ти ќе се утепуваме од работа на Википедија а некој друг да тресе зелени и да јаде ....... за нас. Да си седиме мирни па нека седи македонската Википедија во друштво на тахитската или хавајската Википедија. Поздрав --MacedonianBoy (разговор) 15:12, 28 мај 2009 (UTC)

Прашање уреди

Сакам да ја сменам избраната статија од Портал:Окултизам, ама не знам дали треба тоа што сега е таму да го сместам во некаква архива, и ако треба, како да ја креирам архивата? --Виолетова (разговор) 18:22, 4 јуни 2009 (UTC)

Тековни номинации уреди

Здраво Кирил, Те молам ако можеш коригирај ги врските до последните две предложени статии овде: Википедија:Кандидати_за_избрана_статија/Тековни_номинации. Jaс нешто не можам да се снајдам. Благодарам. Поздрав, --Wikimk (разговор) 23:45, 5 јуни 2009 (UTC)

Што се однесува до мене нема проблем, но првата статија е предложена од Виолетова па мислам дека е малку незгодно. Поздрав, --Wikimk (разговор) 23:50, 5 јуни 2009 (UTC)

И јас не можам да се снајдам како да предложам статија, некако ми личи на коплицирано (поедноставно беше претходно). Не мора Оскар Вајлд да оди веднаш, биографија по биографија. Слободно смени им ги местата со Падот на Константинопол. Поздрав --Виолетова (разговор) 11:03, 6 јуни 2009 (UTC)

Ре:Историја на Франција уреди

Здраво Не знам кога ќе можам да ја довршам оваа статија, но ако сакаш погледнувај ја од време на време, може да имам грешки оти ќе преведувам од бугарската а таа е доста обемна. Еве уште на почеток, како се вика Шарл X на пример или Карло X. Според мене би требало да е Карло, но на шаблонот за француските цареви ги пишува како Шарл или Шарло. --Астрион (разговор) 07:16, 7 јуни 2009 (UTC) Исто се однесува и за Хенри односно Анри!

ШАБЛОН ВТОР ДЕЛ : ) уреди

Здраво Кире! Потребна ми е помош со поставувањето на овој шаблон на статијата зa РК Ѓорче Петров. Јас се обидов нешто, ама баш и не ми иде со овие шаблониве! --Liquid sk (разговор) 11:11, 10 јуни 2009 (UTC)

Следна викисредба уреди

Здраво Кирил. Што мислиш да закажеме следна вики средба за наредната седмица? Пример во ресторанот на Матка. Кога е работен ден има помалку гужва ми се чини. Што мислиш.--brest (разговор) 21:36, 10 јуни 2009 (UTC)

Супер е идејата. Мене ми се допаѓа. Само да го закажеме терминот уште сега, за да може соопштението да биде навремено.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:44, 10 јуни 2009 (UTC)
Да направиме добар план, кое време ќе биде, треба да размислиме и за начинот на превоз, бидејќи е малку подалеку. Имам идеја да ги поканиме лично (со порака на нивната страница за разговор) сите уредувачи кои биле активни последниве 10-20 дена, па кој планира да дојде да се пријави на страницата за викисредби.--brest (разговор) 21:49, 10 јуни 2009 (UTC)
Среќен роденден Kiril Simeonovski/2009/2, и се најубаво! од Рашо!

Благодарам.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 08:52, 13 јуни 2009 (UTC)

Среќен роденден Кирил и да ти се остварат сите желби.  :-) Поздрав, --Wikimk (разговор) 09:22, 13 јуни 2009 (UTC)

Благодарам.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 09:23, 13 јуни 2009 (UTC)
Happy Birthday to you....Cheers--Никола Стојаноски 09:39, 13 јуни 2009 (UTC)
Thanks to you.:))--Kiril Simeonovski (разговор) 10:18, 13 јуни 2009 (UTC)

Провери кога ќе можеш... уреди

...францусиките имиња дали се во ред овде. п.с. среќен роденден, со задоцнување :) --Виолетова (разговор) 18:36, 14 јуни 2009 (UTC)

Список уреди

Списокот за мајански градови е избрана статија на германската Википедија.--Никола Стојаноски 09:09, 17 јуни 2009 (UTC)

Не е избрана статија, туку спаѓа во групата на избрани листи и портали. На англиската овие работи се посебни. Има посебно избрани листи и посебно избрани портали. Види го шаблонот на моментно избраната статија и на списокот за стари мајански градови, па ќе ја воочиш разликата.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:57, 17 јуни 2009 (UTC)

Предлог за иницијативата уреди

Мислам дека иницијативата може да биде вака:

Иницијатива за статии за национални фудбалки тимови
         Здраво, Kiril Simeonovski/2009/2!
Википроектот:Спорт штотуку започна со својот нов начин на работа, остатиите да се пишуваат според нивната важност. Според скалата на важност тие се распоредени вака:
1.Пишување на статии за Европски Национални фудбалски тимови
2.Пишување на статии за Национални фудбалски тимови (остаток на светот)
3.Пишување на статии за сите европски примарни лиги.

Оваа листа дополнително ќе се надополни. Доколку сакате и вие да се вклучите во оваа иницијатива само додете го вашето име на страната Википроект:Спорт/Челнови на иницијатива. Статиите подеднакво се делат помеѓу сите вклучени, а со зголемување на вклчечни членови се намалува бројот на статии по член. За некои нејасности обратете се до веќе зачленетите членови. Однапред Ви Благодариме; Очекуваме на Вашата помош.


      Поздрав и успешна работа!

Подстраната Википроект:Спорт/Челнови на иницијатива креирај ја ти и внеси не мене и Mаcedonian Boyи напиши го следново:

1.Stefan40-3e3e Статии за пишување: 18 (од Австрија до Исланд)
2.Mаcedonian Boy Статии за пишување: 18 (од Исланд до Република Ирска)
2.Kiril Simeonovski Статии за пишување: 17 (од Република Ирска до Шпанија)

Кога некој нов ќе се зачлени соодветно ќе ги поделиш подоцна( ако треба консултации прашај), а и кога некој ќе заврши некој од статиите веднаш да го намали бројот за да знааеме дека бројот на потребни статии е намален.

Инаку мислам дека Национални фудбалски тимови треба да си останат, но може и да направиме вики пренасочување: од Репрезентација на Франција или Фудбалска Репрезентација на Франција до Национален фудбалски тим на Франција.

П.С. Те молам доуреди ја иницијативата и поправиви ги грешките во пишувањето.--Stefan40-3e3eWTF? 19:57, 25 juni 2009 (UTC)

Јас мислам дека многу не е корисно со секоја пријава да го намалуваме бојот на статии. Мислам дека најдобро ќе биде на страницата, да направиме една листа, на која секој ќе си го додаде името или ќе си избере статии, кои ќе ги уреди.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:42, 25 јуни 2009 (UTC)
Може да направиме вака: На страницата ситестатии да имаат знак или некое слично знакче, бидејќи не е напишана, за некоја кое е пола-пола или во фаза на пишување мо=е да се напише или некое слично знакче, а доколку е завршена, рецензирана и добро напишана може да се стави знакчето .

Ова мислам дека треба да се прави за да се добие преглед на статиите и нивното напредување. Стори го тоа и тргнуваме напред--Stefan40-3e3eWTF? 20:29, 25 juni 2009 (UTC)

Википедија:Кандидати за избрана статија/Тековни номинации уреди

Здраво Кирил,

Те молам ако имаш време направи ги линковите овде да функционираат. Јас почнав, ама да не направам некоја беља. :-) Фала. Поздрав, Wikimk (разговор) 13:13, 27 јуни 2009 (UTC)

Ок Завршено.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:16, 27 јуни 2009 (UTC)

Функционалност на шаблоните со знамиња уреди

Здраво, Kiril simeonovski! Моментално ја пишувам статијата Национален фудбалски тим на Австрија, но таму има едно од постарите знамиња на Австрија, каде се пишуваат најголеми победи и порази. Јас го средив шаблонот Country data Austria, но неможи да излези знамето. те молам кажи како треба да се напиши за да излезе некоја верзија на знаме. Провери го шаблонот за Австрија, да не има нешто грешно, но мислам дека нема.

П.С. Треба да се создадат многу шаблони со Country data, бидејќи нема доволно, но треба да се пишуваат и верзиите. Те молам одговори ми поскоро. --Stefan40-3e3e (разговор) 16:41, 29 јуни 2009 (UTC)

Мислам дека проблемот е во шаблонот Country show data, па види ако е во тоа проблемот можи ведн аш да го преведиме од Срскохрватската Википедија, или од англиската. Ако не е во тоа , кажи каде е па ќе видам дали можам да го направам --Stefan40-3e3e (разговор) 17:13, 29 јуни 2009 (UTC)

Избрани статии уреди

Здраво Kiril, како си. Би сакал да те прашам околу изборот на нови статии. Тоа како функционира. Според мене, пред некое време правеше листа на идни избрани статии кои се наогаат во Портал:500, и сè беше испланирано во следните неколку месеци. Сега гледам нешто друго се случува? Поздрав--Астрион (разговор) 16:48, 29 јуни 2009 (UTC)

Очигледно не сум во тек со настаните, само статиите ме интересираат:)) стварно мислев дека избраните се веќе “избрани“. Добро, тоа што го пишуваш логично е подобро решение. Сега нешто друго според кое барам мислење: Во наредните недели ќе пишувам за историите на државите во Европа, па сметам она што ќе го напишам како историја на некоја држава да го вметнувам и во нејзината матична статија за истата држава во поднасловот историја. Со Македонското момче веќе разговарав на таа тема, тој ми рече дека не би било ношо така да направам. Ти што вели? Знам дека малку е “детско“, но кога гледам какви ни се статиите стварно ме загрижува. Поздрав и чекам одговор од тебе--Астрион (разговор) 19:44, 29 јуни 2009 (UTC)

Здрасво Кирил! Моментално како што знаеш ги пишува статиите за национални фудбалски тимови, но кога ги вметнувам знамињата, преку шаблонот Flagcountry за да дава и знаме и држава, бара shortname alias за да биде напишано името, ова го нема на многу шаблон со country data. Дали може овај шаблон некако да се смени и наместо да бара shortname alias да бара само alias, кое го иам на сите вакви шаблони.

П.С Инаку она со верзиите некако успева да влезе би требало да се внесе на пример:{{flagicon|France|free}}, но јас видов дека проблемот е во претходните шаблони со country data за некоја држава. Туку треба да се напишат сите вариајнти, одноисно да се преведат од Англиска и само да се сменат алиасите --Stefan40-3e3e (разговор) 11:09, 4 јули 2009 (UTC)

Ацтечки богови уреди

Здраво Кирил. Дали сите богои ги внесе во шаблонот? Ако си ги внел сите, тогаш јас ќе направам една статија за да видиме како би изгледале статиите. Поз--Никола Стојаноски 09:37, 7 јули 2009 (UTC)

Да, сите ги внесов, кои беа во листата. Ги отстранив тие со двојни имиња, па кога ќе ги уредуваме ќе ги пренасочиме. И кога ќе уредуваш статиите, не заборавај да го субституираш шаблонот PAGENAME, за кога ќе се кликне на уреди да се појави името на статијата, а не на шаблонот {{subst:PAGENAME}}. Јас ќе се обидам да направам некаков шаблон за страницата за разговор. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 09:40, 7 јули 2009 (UTC)

Нè нема на en Wiki! уреди

Дали сте приметиле дека, од за мене непознати причини, нас нè снема од интервикијата на главната страница на англиската Википедија!? Дали некој воопшто знае зошто?? Веќе поставив тема на Селската чешма --Б. Јанкулоски (разговор) 21:58, 7 јули 2009 (UTC)

Кирил ваква буква не постои во македонскиот јазик и во македонскиот правпопис. Треба да се тргне.--Никола Стојаноски 11:05, 8 јули 2009 (UTC)

Едно време постоеше таква буква во алатникот, но видов во правописот каде вели дека не се бележи буквата о. Надреден знак се користи за е и и. Поздрав--Никола Стојаноски 11:08, 8 јули 2009 (UTC)
Јас и не знаев за ова, но прочитав во селската чешма. Објаснувањето е дека се употребува во весниците и списанијата, со цел да се овозможи разликување на предлогот од од именката `од. Ова, мислам дека е логично објаснување, а истата двојба ја имам сретнато и во поезијата, но немам забележано дали се користи апострофот.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:14, 8 јули 2009 (UTC)

Теночтитлан уреди

Не е со х зошто за буквата х се користи J а ch е ч. Не е шпански јазик туку наватлски јазик. Види и на руската Вики. Поз--Никола Стојаноски 11:26, 8 јули 2009 (UTC)

Со „х“ го имам најдено во патописи, а моето мислење дека е правилно со „х“, а не со „ч“, го потврди и Виолетова, кога ја уреди истоимената статија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:33, 8 јули 2009 (UTC)
P.S.Сепак, добро. Не е нешто од големо значење. Нека остане со „ч“.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:35, 8 јули 2009 (UTC)
BTW, да ја довршам листата со богови од инките и да го направам шаблонот, ќе ги правиме сите тие статии?--Никола Стојаноски 11:36, 8 јули 2009 (UTC)
Да, се разбира. Баш сакав за тоа да ти пишам. А, ова со Ацтеките и Инките нема статии за древни градови?--Kiril Simeonovski (разговор) 11:38, 8 јули 2009 (UTC)
Мислам дека ќе најдам и ќе составам. Само да ја довршам листава и ќе пронајдам. Поз--Никола Стојаноски 11:41, 8 јули 2009 (UTC)
Шаблонот и статијата за боговите на Инките е готов. Наредно ќе барам локалитети. Поз--Никола Стојаноски 12:50, 8 јули 2009 (UTC)
ПЛУС: Готов е шаблонот за градови во Империјата на Инките. Само пази има таму градови кои и денес постојат (на пр. Кито). Тие треба да се направат од денешен аспект, не од археолошки. Поз--Никола Стојаноски 13:13, 8 јули 2009 (UTC)
ПЛУС: еве го и шаблонот за ацтечки наоѓалишта. --Никола Стојаноски 13:39, 8 јули 2009 (UTC)

Ре:Пополнување уреди

Ова брат ти се вика на прост јазик “ѓаволска работа“. Работиш, а колку ефект има, кој знае, времето ќе покаже. Но, со ова темпо, шо знам... Ајде, да сме живи и здрави--Астрион (разговор) 20:41, 9 јули 2009 (UTC)

Значи ли тоа дека во самата статија треба да користам пример 1999 година или 1999 година.
Назад на корисничката страница на „Kiril Simeonovski/2009/2“.