Кампора Сан Џовани
39°4′5″N 16°5′38″E / 39.06806° СГШ; 16.09389° ИГД
Кампора Сан Џовани | |
---|---|
општина | |
Campora San Giovanni | |
Земја | Италија |
Регион | Калабрија |
Покраина | Козенца |
Површина | |
• Вкупна | 6,2 км2 (24 ми2) |
Надм. вис. | 55 м |
Население (31 декември, 2007) | |
• Вкупно | 7,200 |
• Густина | 120/км2 (300/ми2) |
Демоним | Camporesi (англиски) Camporese |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 87032 |
Повик. бр. | 0982 |
Светец-заштитник | Франсис од Паола |
Слава | 1 до 3 септември |
Кампроа Сан Џовани (италијански:Campora San Giovanni) — административна единица во општината Амантеја во покраината Козенца во Калабрија, Италија.
Географија
уредиКампора се наоѓа на брегот на Тиренското Море и е развиено на мало плато. Регионот е ридски и во него се произведува вино и маслинки. На лево од ова место се гледа заливот Ламезија Терме додека на десно се гледа вулканот Стромболи.
Историја
уредиКампора Сан Џовани е релативно ново населено место. Во периодот од 1897-1899 година, тука се населуваат доселеници од блиските села Клето, Аило Калабро, Сан Пјетро Амантеја, Сан Манго д'Акуино, Белмонте Калабро, Лаго и др. Поради слабата економска развиеност и двете светски војни се доаѓа во состајба на големи иселенички бранови на населенирто кон Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Ова доведува до значително намалување на населението.
Непосредно со завршувањето на Студената војна, во Кампора Сан Џовани се населуваат многу имигранти од Источна Европа и Африка.
Управа
уредиТериторијата на Кампора Сан Џовани се состои од :
|
|
|
|
|
|
Стопанство
уредиЕкономијата се заснова на земјоделството и туризмот. Од 1950 година популарна земјоделска култура е црвениот кромид, кој е доста ценет.
Знаменитости
уредиВо Кампора има стара голема кула која датира од 14 век и е единствена значајна зграда во местото.
Настани
уредиФрансис од Паола е локален светец-заштитник и фестивалот во негова чест се слави од 1 септември до 3 септември. За време на настанот, статуата на светецот се носи низ улиците на населеното место.
Кујна
уредиЛокалната кујна е типична за Калабрија која е составена од земјоделски и морски производи. Таа изобилува со месо, десерти и морски плодови.
Торти
уредиБрој на странците (2007)[1] | |
Украина | 20 |
Мароко | 12 |
Романија | 500 |
Кина | 20 |
Полска | 10 |
Албанија | 10 |
Турција | 10 |
Русија | 70 |
Белгија | 25 |
Франција | 50 |
САД | 4 |
Бугарија | 350 |
Канада | 15 |
Венецуела | 12 |
Молдавија | 25 |
Мексико | 3 |
Перу | 2 |
Германија | 10 |
Унгарија | 3 |
Швајцарија | 2 |
Србија | 9 |
Танзанија | 2 |
Сенегал | 5 |
- Кузупа: типична торта за Велигден.
- Бичиноти о Бучиноти: типична калабриска торта.
- Пани и кастања: традиционална торта.
- Тирдили: божиќна торта.
Значајни личности
уреди- Анџело Вадакчино — партизам и политички активист (1890-1976).
- Фабрицио Филипо — канадско-американски глумец.
- Фабијан Мацеи — аргентинско-шпански глумец и текстописец.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Кампора Сан Џовани“ на Ризницата ? |
- Здружение на населени места на Кампора Сан Џовани Архивирано на 12 ноември 2008 г.