Страбон (грчки: Στράβων) — старогрчки историчар, географ и филозоф. Ги напишал делата „Географија“ (Γεογραφικά), којашто е поделена на 17 книги, и „Историски записи“.

Страбон
Издание на „Географија“ од 1620 година

Роден е околу 64. год.п.н.е во Амазија во Понт, Турција. Дошол во Рим во 29 година, п.н.е, но брзо го напуштил и како придружник на Елија Гала- кого во 24 година п.н.е. Август го испратил со својата војска против Арапите, тој отишол во Египет, и така пропатувал од Александрија до Фила. Се вратил во Рим околу 20 година. Починал околу 24 година. п.н.е.

Од неговите историски дела Историски белешки во четириесет и три книги се зачувани само фрагменти. Негова сочувана книга е и Географија -во седумнаесет книги. Како резултат на долгорочни проучувања ги објавува првите две книги на физичко-математичка географија. Во 3та до 10та книга е опфатена географија на Европа, од 11та до 16та. географија на Азија, а 17 во книгата географија на Африка.

Карта на Европа според Страбон

Надворешни врски

уреди
  • [1] Биографија на англиски јазик.
  • [2] Книги 1-7 и 15-17, на англиски.
  • [3] Книги 6-14, на англиски.