Добредојде!

Здраво, 1111tomica, и добредојде на Википедија! Се надеваме дека Ви се допадна местото и одлучивте да останете. Еве некои страници кои можат да Ви бидат од помош:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето и во тоа што сте википедијанец! Ве молам потпишувајте ги вашите пораки на страниците за разговор користејќи четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако ви треба помош, видете Портал/Помош, или поставете го прашањето на оваа страница и ставете {{помош}} пред прашањето. Повторно, добредојде!

Welcome!

Hello, and welcome to Wikipedia! We hope that you like this encyclopaedia and that you have decided to be part of it. Here are few articles that may help you if you want to edit here:

We hope that you will enjoy editing here and that you will become a Wikipedian! Please, sign your name when you write your messages on the talk pages by using four tildes (~~~~); this automatically will add your name and the date when the message has been written. If you need any further help, see the Portal/Help, or ask question on this talk page and put the template {{помош}} before the question. Again, welcome! --MacedonianBoy 22:30, 15 март 2009 (UTC)

За „Тин Ангели’

уреди

Здраво, Томица. Имам неколку забелешки за статијата Тин Ангели. Вака најпрвин статијата се работи за музичка група, а ние на оваа википедија групите ги оставаме во оригинал. Јас лично не ја гледам серијата, ама видов дека нашите ја преведуваат групата како Ангелчиња или Тинјеџерските ангели или пак како што ти си пишал Тин Ангели. Тешко е можеби да поверуваш ама нашиве телевизии прават милион грешки така што оваа е една од нив. Значи музичките групи се во оригинал. Статијата преименувај ја во Teen Angels, ако е така правилно, разгледав така и мислам дека така е правилно, ти си знаеш за тоа. Потоа не сум сигурен не знам но те молам да провериш дали е вистина дека песните ги изведуваат ликовите, а не личностите кои ги толкуваат ликовите. Бидејќи кај секоја песна си ставил името на ликот кој ја пее а во заграда името на глумецот. Ако станува збор за обична група која доаѓа од серија како во случајов, групата ја гледаме како посебно нешто, што значи не може ликовите да се пејачи ако веќе албумите се издадени во јавноста под името на актерите а не под тие на ликовите. Затоа провери убаво за ова. Потоа кај песните - тие се секогаш во оригинал, како што си и направил, но веднаш до нив направи вака ({{lang-mk|тука впиши го името на песната само на македонски}}). Тоа во главно се сите мои забелешки и исто така внимавај на правописни грешки и пишувај литературни зборови. Значи наместо скоро стави речиси, наместо дечки стави момчиња, наместо спремен стави подготвен, исто така поздравот пријатно ние го користиме како таков само пријатно велиме, но тоа е погрешно зборот пријатно мора да биде придружен со друг збор ако сакаме да го искористиме како поздрав. На местото каде што си пишал нема повеќе пријатно пиши нема повеќе збогум или нема повеќе догледање. Тоа е се, јас лично можам веднаш се ова сам да поправам, но оставам на тебе како дел од твоето „википедиско обучување“, за да понатаму не се повторат сите грешки, а и да не ти се мешам во нешто што навистина не знам што е. Поздрав и се надевам дека сфаќаш дека ова е добронамерна забелешка. --Макс(разговор) 09:26, 20 јули 2009 (UTC)

Викимедија Македонија

уреди

Здраво. Ве известуваме дека во последните неколку месеци се трудиме да основаме здружение Викимедија Македонија, коешто ќе има за цел да ја промовира Википедија на македонски ајзик и останатите Викимедија проекти. Доколку сте заинтересирани, додаете го Вашето корисничко име овде. Доколку немате отворено корисничка сметка на Мета, сторете го тоа и притоа внимавајте да биде идентична како на Википедија.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:42, 3 август 2009 (UTC)

Потсетување дека некој внимава

уреди
  Награда за извонреден уредувач
Награда за острото набљудување, прецизноста, и неуморното придонесување во заедицата. За послушаните совети, упорноста, трудот, заинтересираноста, и општо за извонредноста во работата.--Макс(разговор) 19:19, 4 август 2009 (UTC)

Кандидати за избрана статија

уреди

Здраво. Сакам да Ве известам дека имаме нов кандидат за избрана статија. Може да го дадете своето мислење во врска со статијата, нешто да предложите и да гласате. Мислам дека е добро кога значењето на избраните статии ќе се зголеми и на нашата Википедија, а поголемиот број на мислења од различни корисници придонесува за подобар квалитет на статиите. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:16, 8 септември 2009 (UTC)

Неколку работи

уреди

Здраво. Ја погледнав статијата Шакира и мислам дека е навистина одлична, но сакам да Ви напоменам неколку работи. Правилно е месеците и деновите да се пишуваат со мали букви (на пр. март, а не Март или понеделник, а не Понеделник). Исто така, придавките, без оглед дали се изведени од општи или сопствени именки се пипшуваат со мала буква (на пр. македонско, но не Македнско), а сопствените именки, секогаш се пишуваат со голема буква (на пр. Македонец, а не македонец). Датумот не се препорачува да се одвојува со запирка (добро е да биде 13 септември 2009). Поздрав и пријатно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 23:45, 12 септември 2009 (UTC)

Primite pozdrav i od mene i pomognitemi na greshkite zash mnogu raboqe od Wiki ne mise jasni pa zate nimam i greshki Ve pozdravuvam.--Rizvan (разговор) 19:31, 31 октомври 2009 (UTC)

Неколку мали совети

уреди

Здраво. Ги погледнав Вашите статии во врска Ријана, морам да признаам дека се одлични, но сакам да Ви напоменам дека за разлика од англискиот јазик, каде месеците се пишуваат со голема буква, во македнскиот јазик тоа е граматички грешно. Истотака, добро е кога создавате врска кон датумот, а не само месецот, при што бројот е надвор од врската (не 15 март, туку 15 март). Исто така, по секоја новоуредена статија, ќе Ве замолам да го додавате шаблонот Страница за разговор (Видете подолу во алатките, каде е обележан со кратенката „Сзр“). СО тоа поставувате стандарди кои треба да се почитуваат при додавањето на коментари на страницатза за разговор со секоја статија. Поздрав и успешно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 10:32, 22 ноември 2009 (UTC)

Навистина благодарам за вашите совети. Мн е добро кога некој дава совети бидејќи значи дека некој го видел мојот труд. Инаку за статијата Ријана, би сакал да ја проверите и да ми кажете каде се грешките, бидејќи сакам да ја поправам и да може да дојде во изборот за избрана статија на македонската википедија. Благодарам однапред 1111tomica (разговор) 10:20, 23 ноември 2009 (UTC)1111tomica1111tomica (разговор) 10:20, 23 ноември 2009 (UTC)

Здраво. Статијата мислам дека е одлична и со една рецензија може да го добие потребниот квалитет за да биде избрана. Сепак, мислам дека може да има забелешки поради тоа што статијата целосно е посветена на музичката кариера на пејачката, а не на нејзиниот личен живот, како и активностите во другите области. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 14:52, 28 ноември 2009 (UTC)

Здраво. Ја погледнав статијата и мислам дека може истата да биде изгласана и да биде избрана, со што во наредниот период би била објавена на главната страница. Одлично е тоа што има бројни референци. Правописните грешки не се проблем и се надевам дека и останатите нема да ги земаат за недостаток, како што беше и досега. Содржината е доволно опфатна, па мислам дека статијата може да ја предложите како кандидат за избрана статија.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:37, 7 декември 2009 (UTC)

P.S. Проблем може да претставуваат и странските изрази, кои подобро е да бидат заменети со соодветни македнски. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:04, 7 декември 2009 (UTC)

На пример „реализирано“ би било подобро да биде „снимено“ или „пуштено во употреба“, зависно од тоа на што се мисли. Потоа исто така, „албумот продаде“ би можело да биде „албумот се продаде“. Станува збор за ситници, но добро е да бидат поправени. Инаку за „синглови“ не ми текнува некој посоодветен збор од песни. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:56, 8 декември 2009 (UTC)

Здраво. Извршив целосна рецензија на статијата и мислам дека ќе Ви се допадне истата, иако неколку странски зборови заменив со соодветни македнски. Исто така, би Ви препорачал доколку мислите дека е добро да се додаде и секција за критичното мислење за албумот. Мислам дека тоа би било од големо значење и би имало позитивно влијание при гласањето за статијата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:21, 10 декември 2009 (UTC)

Предновогодишна Вики средба

уреди

Здраво. Сакам да Ве известам дека во вторник, 29 декември 2009 во Скопје ќе се одржи Вики средба на која ќе бидат разгледани случувањата во 2009 и ќе се изнесат сите коментари, предлози и очекувања во новата 2010. Доколку сте заинтересирани да присуствувате, Вашето присуство може да го потврдите на соодветната страницата. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 21:30, 25 декември 2009 (UTC)

Нови статии, ре

уреди

Јас еве ќе продолжам со селата од Албанија, а имаме започнато проект за правење на статии за окрузи на Казахстан. Прави ги тие статии, со тоа што имаш и англиски верзии, преведи од англиската и пастирај на нашата. Лесно е, брзо иде зош не се големи статиите а и во списоците и на македонски и на англиски по исти редослед се подредени окрузите според покраини. Поз--Никола Стоіаноски 13:11, 13 јануари 2010 (UTC)

+6 е БВ. Ве поправив во неколку статии. Поздрав и успешно уредување.--Kiril Simeonovski (разговор) 18:43, 13 јануари 2010 (UTC)

ШВикипедија

уреди

Пак ли почнаа? Ај да видам шо има. Поз--Никола Стоіаноски 13:21, 6 јули 2010 (CEST)Одговори

Јас пишав на тамошен администратор и мислам ќе среди. Македонија на никого не му смета, само на овој корисник. Јас додека сум таму, ти пријави го на стјуард зошто се договоривме таму како да се именуваат статиите, но сите отклучени тој ги вандализира и шири национализам и иредентизам. Сам ги крши правилта на Википедија и шири ПОВ. Слободно пројави го и објасни им ја ситуацијата. Поз--Никола Стоіаноски 13:56, 6 јули 2010 (CEST)Одговори
Но што е тоа http://el.wikipedia.org/wiki/%CE%A0%CF%81%CF%8E%CE%B7%CE%BD_%CE%93%CE%B9%CE%BF%CF%85%CE%B3%CE%BA%CE%BF%CF%83%CE%BB%CE%B1%CE%B2%CE%B9%CE%BA%CE%AE_%CE%94%CE%B7%CE%BC%CE%BF%CE%BA%CF%81%CE%B1%CF%84%CE%AF%CE%B1_%CF%84%CE%B7%CF%82_%CE%9C%CE%B1%CE%BA%CE%B5%CE%B4%CE%BF%CE%BD%CE%AF%CE%B1%CF%82

Таму мора да се одржи две позиции Irvi Hyka

Искрено не разбирам што сакаш да ми кажеш со ова, ама на грчката википедија не може ништо да се направи со ова, а освен тоа тие се всушност оние кои го оспоруваат нашето име, не очекувам статијата да биде според уставното име. Но, друг е случајот на албанската википедија. Revert your edits or you will be blocked! Tомица1111 (разговор) 15:57, 6 јули 2010 (CEST)1111tomicaОдговори
Оди гласај на албанската Википедија, се решава спорот а бидејќи и ти пишуваше, оди дади го твојот глас.--Никола Стоіаноски 12:09, 8 јули 2010 (CEST)Одговори

Вики средба

уреди

Здраво. Ве известуваме дека на 4 август, со почеток во 19:00 во Пјаца Либерта, Скопје ќе се одржи Вики средба. Доколку сте во можност и сте заинтересирани да присуствувате Вашето присуство или евентуално отсуство може да го најавите овде. Доколку не сте присуствувале на некоја Вики средба и сакате да добиете повеќе информации, може да испратите порака на vikipedija@lists.softver.org.mk, по што навремено ќе добиете одговор со потребните информации. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:50, 28 јули 2010 (CEST)Одговори

каде да гласам... кажи нешто повеќе не сум во тек --Еден Македонец ? (разговор) 12:01, 30 август 2010 (CEST)Одговори

На страницата за разговор на статијата en:Macedonians (ethnic group). Најдолу има расправа. Поздрав Tомица1111 (разговор) 13:28, 30 август 2010 (CEST)1111tomicaОдговори

Шаблон:Град во Австрија

уреди
ОК, ќе видам што можам. Сепак мислам ќе го средиме. Поз.--Никола Стоіаноски 12:54, 10 септември 2010 (CEST)Одговори
 Ок Готово. Сега е средено, во документацијата на шаблонот имаш напишано кои кодови да го користиш за да ти излезе сè како што треба. Ново е тоа само за кодови (карта), а исто така мораш да ги пополниш и кодовите (исм, исс...). За разлика од англискиот шаблон, кај македонскиов мораш сите параметри да ги пополниш, ако не пополниш едно ќе ти излезат заградите со параметрите во нов (пример ќе ти излезе {{автомобилска ознака}} ако не ставиш регистрација). Така си го направил, а ако сакаме да се направи како англискиот ќе треба целиот да го менувам, а вака е добар. Поздрав и види Шлинс.--Никола Стоіаноски 13:15, 10 септември 2010 (CEST)Одговори
Супер, баш сакав да ти речам може таа избрана да биде. Ќе видам што можам за името. Поз--Никола Стоіаноски 13:44, 10 септември 2010 (CEST)Одговори
Види сега, мислам е ок. Инаку требаше да ти кажам уште прееска, дека се договоривме да користиме еден шаблон за сите географски поими, Шаблон: Geobox. Со тој шаблон сè е средено, ама сега и овој го средивме па терај со новиот. Поз--Никола Стоіаноски 13:56, 10 септември 2010 (CEST)Одговори

Кандидирање за администратор

уреди

WOW дури сега видов дека си се кандидирал но изгледа не си ја кандидирал како што треба и беше празна. Јас ја избришав страницата. Ако сакаш да се кандидираш повторно направи нова страница и пополни ја целосно. Поз--Никола Стоіаноски 14:09, 10 септември 2010 (CEST)Одговори

Хехе да се кандидирав одамна уште кога и не знаев како што со Википедијава. Па ок ќе пробам да се кандидирам пак од кога ќе ја завршам Виена =) ! Поздрав! Tомица1111 (разговор) 1111tomica

Средноевропска награда

уреди
 
Унгарија, Австрија,... Извонредно!!! Продолжи само така.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Одлични статии, одлична содржина, одлична работа. --Kiril Simeonovski (разговор) 21:49, 10 септември 2010 (CEST)Одговори

Фала Кирил. Ова е голем стимул за мене, ќе продолжам понатаму =). Поздрав Tомица1111 (разговор) 1111tomica

Кандидатура

уреди

Ти ја поправив сега, само треба да одговориш на прашањата. Поз--Никола Стоіаноски 14:45, 11 септември 2010 (CEST)Одговори

Објава

уреди

Готово, наведов дека се кандидирани три статии за гласање за избрана статија. Вики МедијаВики:Sitenotice. --Никола Стоіаноски 16:13, 15 септември 2010 (CEST)Одговори

Виена

уреди

Здравей, не съм много добре с македонския, така че сори, ще ми не наложи да пиша на български. Видях, че си предложил статията Виена за избрана и реших да опитам да ти помогна. Създадох със скромните си познания по македонски статията Окрузи во Виена и статиите за първите четири окръга, по моделите на български, но омотах конците. Ако искаш, можеш да поемеш нататък. Много поздрави! --Antonjj (разговор) 16:21, 17 септември 2010 (CEST)Одговори

Здраво Антониј. Во ред мислам дека ќе можам да ги довршам окрузите на Виена, па дури и да ги проширам. Поздрав Tомица1111 (разговор) 1111tomica

Барање за админ

уреди

Поради слаб број на гласови, гласањето беше неуспешно. Сепак понатака можеш повторно да пробаш да се кандидираш. Поздрав и сè најдобро.--Никола Стоіаноски 12:49, 20 септември 2010 (CEST)Одговори

Номинирање за оценувач

уреди

Здраво. Ве ноинирав за оценувач поради Вашата долга активност на Википедија и брзото совладување на основните правла и начинот на кој функционира истата. Убеден сум дека сте запознаени со правата на оценувачите и се надевам дека ќе ја прифатите кандидатурата. Ви пожелувам многу успех. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:09, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори

Благодарам за номинацијата. Ја прифатив. Поздрав Tомица1111 (разговор) 1111tomica

Извини, но настанаа некои проблеми со шаблонот. Сега прашањата во кандидатурата се достапни и може да почнеш со нивно пополнување. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 19:53, 11 октомври 2010 (CEST)Одговори

Лидери по година

уреди

Здраво. Со создавањето на ВикиПроектот Години, започна иницијативата за пополнување на статиите за години на Википедија на македнски јазик. Првата активност е пополнување на списоците за лидери на држави по години. Доколку сте заинтересирани да помогнете во извршувањето на оваа задача, може да се пријавите на страницата наменета за оваа активност, на која и може да дадете свој коментар. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 01:13, 12 октомври 2010 (CEST)Одговори

Честитки

уреди

Честитки за добиените оценувачки права!!!--Kiril Simeonovski (разговор) 00:37, 19 октомври 2010 (CEST)Одговори

Промени во исчекување

уреди

Забележав дека на нашата статија т.е. Lego_Mindstorms никој не и обрнува внимание, па би ве замолил да ги видите промените и да ги потврдите доколку се во ред. Благодарам за соработката. Поздрав од Mikrosam Akademija 1 (разговор) 00:52, 17 ноември 2010 (CET)Одговори

Предложение

уреди

Наскоро направих избрана една статия в българското Уики - Боудиъм (замък). Бих искал да стигне този статус и в мк. Имаш ли време да попреведеш? Много поздрави! --Antonjj (разговор) 20:16, 22 ноември 2010 (CET)Одговори

Албум

уреди

Здраво Томица, како е? Случајно отидов на страницава Earth (албум) и мислам дека инфокутијата функционира одлично. Што поточно не функционира за да видам? Поз--Никола Стоіаноски 00:04, 29 декември 2010 (CET)Одговори

Нема проблем, туку сега наместо македонски параметри се користат англиски. Види ги тука параметрите на англиски, и види Rated R како изгледа сега и дали е ок. Поз--Никола Стоіаноски 14:21, 29 декември 2010 (CET)Одговори
Да, и јас тоа го приметив, ама да ти кажам право прво да видам каде се наоѓа тоа па ако го најдам ќе го поправам. Некаде низ шаблоните се наоѓа тој параметар. --Никола Стоіаноски 14:52, 29 декември 2010 (CET)Одговори
ОК, сега ќе средам и ако можам ќе го направам шаблонот. Поз--Никола Стоіаноски 15:10, 29 декември 2010 (CET)Одговори
Готово го средив тоа Песни во Издадени песни и го направив Шаблон:Track listing. Провери дали сè е во ред. --Никола Стоіаноски 15:24, 29 декември 2010 (CET)Одговори

10 години Википедија

уреди
        Здраво, 1111tomica!
Голема благодарност за Вашите придонеси на Википедија, која веќе 10 години е со нас и нуди слободен пристап кон слободното знаење. По тој повод, насекаде во светот ќе бидат организирани настани за прослава на овој јубилеј, а прослава ќе се одржи и во Скопје на 15 јануари 2010 година во кафе-барот Ла кања во Старата скопска чаршија. Повеќе информации за настанот може да добиете на страницата посветена на истиот. Во рамките на настанот ќе биде организирана и Вики средба, на која како и обично Вашето присуство може да го најавите на соодветната страница. Се надевам дека ќе присуствувате на оваа прослава и ќе се запознаете со многу останати корисници, кои придонесуваат за споделување на знаењето како и Вие.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 00:07, 13 јануари 2011 (CET)Одговори

Повторна активност

уреди

Здраво. Забележав дека повторно си активен овде и многу ми е мило за тоа. И јас во изминатиот период бев поактивен на Википедија на англиски, но решив да се вратам дома, бидејќи гледам дека има многу работа која треба да се сработи овде.

 
Награда за повторната активност на Википедија на македонски јазик.
од Kiril Simeonovski (разговор)

Сите сме насмеани кога придоенсуваме во поголем број! Ова е само знак на почит за новите уредувања. Се надевам дека ќе продолжиш со голема активност и во иднина.--Kiril Simeonovski (разговор) 13:57, 27 февруари 2011 (CET)Одговори

Long time no see...

уреди

Еј не сум бил подолго активен најверојатно летово ќе се вратам со полна пареа...

Како и да е, случајно налетав на статијата на Macedonian Idol (season 1) на англиската википедија. И се прашав кој ли може да ја напишал? И кога гледам ти! :) Одлично, браво, така треба... Како и да е, тргнав да ја преведувам за кај нас ама знам кога некој ќе фати да преведува „моја“ статија се нервирам... Па затоа те прашувам... Се ближи финалето убаво е народов да има некаква евиденција... Пиши ми кога можеш... Позз... ;) --Макс(разговор) 18:58, 27 мај 2011 (CEST)Одговори

Покана за Вики средба

уреди
      Здраво, 1111tomica!
Сакам да Ве известам дека на 7 јуни 2011, во Скопје ќе се одржи Вики средба, па по тој повод Ве поканувам доколку сте во можност да присуствувате. Целта како и на секоја Вики средба е дружење и запознавање на корисниците кои постојано соработуваат уредувајќи на Википедија, како и дискутирање на теми поврзани и неповрзани со Википедија. Повеќе информации за средбата може да добиете на соодветната страница.

      Поздрав и успешна работа!

--Kiril Simeonovski (разговор) 03:29, 4 јуни 2011 (CEST)Одговори

Роџер Федерер

уреди
  Статијата Роџер Федерер, која Вие ја проширивте и предложивте, го доби статусот „избрана статија“. Ве повикувам да напишете некоја друга статија, а доколку веќе знаете некоја постоечка која ги задоволува критериумите, слободно предложете ја.

Одлична работа. Се надевам дека ќе продолжиш со одличното уредување и понатаму. Позз.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:07, 16 јуни 2011 (CEST)Одговори

Дискографија на Ријана

уреди

Здраво Томица. Се надевам дека не се лутиш, но мислам дека настана недоразбирање околу оваа статија, која всушност на англиски е избран список, иако е обележана со истата ѕврездичка како за избрана статија. Како што побара, веќе ја означив како добра статија и ја повлеков кандидатурата за избрана, бидејќи би било најсоодветно истата да биде избран список. Кога ќе го воведеме ова, ова ќе биде меѓу првите кандидатури. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 03:53, 8 јули 2011 (CEST)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Откако веќе го ндминавме бројот од 50.000 статии, мислам дека би било добро да воведеме јубилејна статија, која ќе го означи трудот вложен кон надминување на одреден број на статии. Вашето учество е добредојдено во дискусијата на страницата за идеи, каде што е изнесен предлогот. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:34, 2 октомври 2011 (CEST)Одговори

Солидарност со пријателите од Италија

уреди

Здраво Томица. Иако сме мали, мислам дека и нашата поддршка ќе им значи многу. Затоа доколку си поддржувач на штрајкот на корисниците на Википедија на италијански, во тек е собирање на потписи од корисниците на нашата Вики-заедница. Повеќе може да прочиташ овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 22:06, 5 октомври 2011 (CEST)Одговори

Благодарам!--Kiril Simeonovski (разговор) 22:15, 5 октомври 2011 (CEST)Одговори

Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година

уреди

Изготвен е предлог „Програмски план на Викимедија Македонија за 2012 година“. Оваа година би сакале да ги вклучиме и членовите на вики заедницата и јавноста во процедурата на усвојување на програмскиот план, со јавно изложување на работната верзија на овие планови неколку месеци пред годишното собрание на Викимедија Македонија, кое ќе се одржи во втората половина на месец декември 2011 година. Сите заинтересирани имаат можност да дебатираат околу предлог целите. Како еден од активните корисници на Википедија ве повикувам да дадете свој придонес. Поздрав. --brest (разговор) 14:42, 19 октомври 2011 (CEST)Одговори

Технички подобрувања на Википедија на македонски јазик

уреди

Здраво. На селската чешма предложив неколку технички подобрувања, кои мислам дека ќе го подобрат квалитетот на Википедија на македонски јазик. Мислам дека е многу важно, па затоа Ве повикувам на дискусија. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 12:33, 10 декември 2011 (CET)Одговори

Гласање за јубилејна статија

уреди

Здраво. Мало потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 15:31, 11 декември 2011 (CET)Одговори

Седмична работа

уреди

Здраво Томица. Забележувам дека си многу активен корисник на Википедија на англиски јазик, што ме радува, но сепак како корисник кој до неодамна беше многу активен и на Википедија на македонски јазик, би сакал да те известам околу воведувањето на работа на седмицата. Проектот би требало да започне на почетокот од 2012 година и има за цел да го здружи трудот на повеќе корисници, кои се очекува да работат на зададена тема и да ги остварат зацртаните цели. Гледам дека главниот интерес ти е музиката, па тоа е совршена идеја за тема. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 20:13, 20 декември 2011 (CET)Одговори

Јубилејна статија

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и овој пат ќе избереме статија со занимлива содржина. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 11:06, 31 јануари 2012 (CET)Одговори

Јубилејна статија (55.000)

уреди

Здраво. Потсетување дека е во тек гласањето за јубилејна статија. Се надевам дека и за овој јубилеен број ќе избереме статија со занимлива содржина.--Kiril Simeonovski (разговор) 16:24, 20 март 2012 (CET)Одговори

Солидарност кон Википедија на руски јазик

уреди

Здраво. Википедија на руски јазик денес нее достапна, како знак на штрајк од страна на нејзините корисници кон сослушувањето во врска со предлог-измените во „Законот за информации на Русија“. По тој повод се собираат потписи во знак на подршка и солидарност со ставот на колегите од Википедија на руски јазик. Вашата солидарност може да ја искажете овде. Поздрав.--Kiril Simeonovski (разговор) 17:12, 10 јули 2012 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

уреди

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

уреди

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)Одговори

Уредувачки натпревар за вулкани

уреди

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:10, 4 декември 2017 (CET)Одговори

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

уреди

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)Одговори

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

уреди

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:13, 19 март 2018 (CET)Одговори

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

уреди

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)Одговори

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

уреди

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)Одговори

Нов уредувачки натпревар

уреди

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)Одговори

Ракомет

уреди

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)Одговори

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

уреди

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)Одговори