Удмуртски јазик (удмурт кыл, udmurt kyl) — уралски јазик, дел од подгрупата на пермски јазици. Удмуртскиот е мајчин јазик на Удмуртите, се зборува во руската република Удмуртија каде е и службен јазик покрај рускиот. Удмуртскиот се пишува на кирилица (удмуртска азбука). Поретко јазикот се нарекува и вотјачки, особено од другите народи во Русија. Според Ethnologue јазикот го зборуваат околу 550,000 жители од вкупно 750,000 Удмурти според податоците од 1989.[1]

Удмуртски јазик
удмурт кыл udmurt kyl
Застапен воРусија
ПодрачјеУдмуртија
НародУдмурти
Говорници340,000  (2010)
Јазично семејство
уралско
Статус
Службен воУдмуртија (Русија)
Јазични кодови
ISO 639-2udm
ISO 639-3udm

Дијалекти

уреди

Удмуртските дијалекти се групираат на три поголеми дијалектни групи:

  • северни удмуртски дијалекти, кои се зборуваат покрај реката Чапца
  • јужни удмуртски дијалекти
  • бесермјански дијалекти, кои се зборуваат од Бесермјаните

Разликите помеѓу дијалектите не се големи и воглавно се засноваат на зборовите, особено силното влијание на татарскиот во јужните удмуртски предели.

Азбука

уреди
А а Б б В в Г г Д д Е е Ё ё Ж ж Ӝ ӝ З з
а бэ вэ гэ дэ е ё жэ ӝэ зэ
/a/ /b/ /v/ /g/ /d, d̡/ /e, ʲe, je/ /ʲo, jo/ /ʒ/ /dʒ/ /z/
Ӟ ӟ И и Ӥ ӥ Й й К к Л л М м Н н О о Ӧ ӧ
ӟэ и и с точками и краткое ка эль эм эн о ӧ
/ʥ/ /ʲi, i/ /i/ /j, -ĭ/ /k/ /l, ʎ/ /m/ /n, ɲ/ /o/ /ʌ/
П п Р р С с Т т У у Ф ф Х х Ц ц Ч ч
пэ эр эс тэ у эф ха цэ че
/p/ /r/ /s, s̡/ /t, t̡/ /u/ /f/ /x/ /ts/ /ʨ/
Ӵ ӵ Ш ш Щ щ Ъ ъ Ы ы Ь ь Э э Ю ю Я я
ӵэ ша ща твёрдый знак ы мягкий знак э ю я
/ʧ/ /ʃ/ /ʆƫʆ/ /(j)/ /ɨ, ə~ɯ/ /ʲ/ /e/ /ʲu, ju/ /ʲa, ja/

Наводи

уреди
  1. Ethnologue code=UDM Архивирано на 9 октомври 2008 г.

Надворешни врски

уреди